Си положив, и кола нејќам со очи да видам. Кај е проблемот? Замислував да живеам негде кајшто има функционален јавен превоз, и еве, ми се оствари. Оти да голтам кнедли и да не биде така ко што сум замислила?
Добро, што мора ? Да паднам на гз на сечии идеи и преференци за животот од рандом Петре, због заради зошто уствари?
Ама таа се жали а ништо не презема. Ете имало некој да ја вози нејќе, тогаш нудам идеи решенија да земи да си положи и купи кола или пак нека плаќа такси. Мислам дека сум фер и не претерувам за самопрогласени принцези.
Абе чоек, никаков проблем не постои за да нудиш решение. Чупето има генерален став дека нејќе да живее во село без јавен превоз. Рандом Петко ја убедува дека појма нема што сака. Нејќам да живеам не во село, ниту во град без јавен превоз, нејќам да живеам на северно ледено море, нејќам да живеам во Грција- шо има да ни кажуваш што треба да сакаме и да нејќеме? Ние малоумни сме?
Друже, единствениот што се тригернува си ти. Јас претпоставувам дека ја читаш дискусијата од почеток и дека знаеме за што збориме. Значи, на женски форум, на жени, им кажуваш дека немаат појма што сакаат или дека се размазени принцези ако знаат што сакаат (или мислат дека знаат што сакаат, јер кај може женско да знае) или дека треба да голтаат кнедли за... рандом Петко. Мислам, си ја згрешил платформата за коментирање.
Не бе сестро само за последниот цитат прашав зошто на крај краева не можи да си земи во свои раце имотот засука раце положи и купи кола, рајат би си била.. и не коментирам повеќе оти од лајно подолу ќе ме прајте затоа што прв и пишав на почетокот ако е проблем живеалиштето колку порано заврши врска толку поарно оти џабе губење време е.
Девојки едно прашање. Зошто останувате со лица што ве омаложуваат, деградираат, малтретираат па и ви го уништуваат расположението намерно? Не можам да ве разберам, па би сакала некој да ми објасни оти ова е епидемија меѓу женскиве денес. Сто пати ти покажува дека те мрзи и ти не и не, ко залепена со супер лепак
Страв им е дека ќе останат сами. Неразумност, не сфаќаат дека подобро е да се биде сам отколку со некој таков. А всушност секогаш има шанса и можност да најдат некој што ќе им одговара ама ете страв им е да не случајно не најдат. Така мислам. Многу девојки и си признале дека е така.
И, како се вклопува ова во темата? Освен дека ќе ти скапе колата ако никој не ја вози, друга поента нема муабетов
Ах значи, јас принцеза сум ондаК. А будала, се чувствував неспособно досега имајќи ги тие две работи на располагање, ама возење јок.
да ете можда сакам да сум пасенџер принцез сарказам е инаку во врска на муабетот на старк за самопрогласена принцеза
Ниска самодоверба и страв од болка од разделбата. Страв од непознатото и тоа да си сам. Мислам дека тоа се најчести причини. Претажно е за гледање, ама додека сами не одлучат за промена џабе се сите муабети и совети.
Навика. Се фаќаме за нешто добро што ни направиле и се држиме за надежта дека личноста ќе стане тоа што ние го имаме во главите како идеал. Синдром на јас можам да го сменам и ќе сме смени за мене. Сјебан семеен живот и невнимание од друго место