Од многу причини: Ниска самодоверба и самопочит, притисоци од домашните и пријателите ама тој сигурно не го мисли тоа така Страв од тоа што ќе кажат другите ако се разведам Зависност од партнерот Страв дека никогаш после него нема да можат да најдат партнер и ќе останат сами
Со овие критериуми 80-90% од машките не ги бива. Тоа значи 80-90% од жените ќе бидат или сами или со "идиот".
I mene ova me interesira ako nekoj se razbira u psihologija, zasto poveketo zenski sakaat loshi tipovi dali e vid na trauma response / mazohizam ..??
Моето мислење е дека кај секоја жена (или маж - и тие имаат вакви проблеми) останувањето со таков партнер/ка е произлезено од многу фактори меѓу кои и средински и психички (личност, одбранбени механизми, мислење, длабоки уверувања, забрани со кои пораснала или живее особата, себеценење, самодоверба, емоции и нивна регулација и многу други). Одговорот е многу комплексен, и најчесто треба долго да се бара. Како и да е цела оваа проблематика се решава многу поуспешно ако особата го увиди проблемот додека е во врска, излезе од таква врска и почне да менува нејзини лични аспекти. Ама менување од (и излагање од) синдром на жртва кај некои многу тешко оди, оти бидувањето во таква позиција кај нив било единствено средство да ги види некој (од потесното семејство и др)., служело како средство за преживување. Не можеш лесно да им го земеш.
На другарките хемороидите им ги имам праќано и муабет за серки си праиме редовно, кој како, дали сме си редовни, АХАХАХАХХА зашо трипаш?
По дифолт се очекува мрчење и незадоволство. Во принцип е дали вреди останатото за мрчењето и досадувањето. Ако си со подебели живци ќе останеш и ќе ги правиш работите што ги сака ако не ќе си останеш сам со онлајн или офлајн забава и другари.
Многу причини има. 1. I can fix him синдром, наивно заљубување во нечиј потенцијал со надеж дека само ако му ги смениш тие х особини се ќе биде океј, и верување во лажна надеж дека ти си таа посебната што му треба за да се смени. 2. Ниска самодоверба, немање живот надвор од врската и страв од осаменост. Целото општество на жената и кажува дека е вредна колку нејзината способност да фати/ задржи партнер, дека животна цел треба да и е маж / деца, и по тој наратив, изминатите години и те како се притисок, па проработува стравот дека ако раскине ќе биде сама долго време, а годините си течат. Да не збориме за разведување што се гледа како табу, па макар била и тепана. 3. Sunking cost fallacy - никој нејќе да се откаже од нешто во кое се инвестирал временски, емоционално. 4. Лош домашен пример, не разликува токсично од здраво, бидејки е навикната од мала на токсичното, бара и наоѓа оправдувања за однесувањето.
Што е тука висок критериум? А да за вас е тешко да сакате искрено, да бидете верни, да почитувате... Заборавив. Подобро сама, отколку со некој што нема да бидам среќна. Наместо да се жалите, сменете се малку... Да многу живци ти требаат за да најдете средина, кај може да биде по наше па вие сте "мажи" мора ваш збор да се слуша.
Не судам. Ама реков ќе бидат 80-90% со "идиоти" или сами. Тоа е. Секој сам си ја прави несреќата. Од друга страна 80-90% ќе бидат сами или со мрчаторки и незадоволни. Окулу 80% од возрасна популација ќе си има проблем.Не е битно кој е во право но многу ќе бидат несреќни луѓе.
Од прилика што гледам окулу мене. Гледам како се мизерни луѓето за љубов, партнери,друштво, пари, работа, правда, гордост, улици, средина, корупција, политика, здравје итн.
Сум бил сведок каде одредено машко/женско им се појави личност според критериумите што ги бараат и пак не им даваат шанса и завршуваат со спротивно од тоа што бараат...
Може само во таква средина се дружиш. Не ширете лажни информации и стстистики што немаат врска. Од надвор поинаку изгледа, не можеш да знаеш. И незнам како ова има врска со прашањето што го поставив. А јас тука ја завршувам дискусијава бидејќи е оф-топик..
Да пишам што се случи раскинавме и не отидовме на одмор. Во последно време ситуацијата беше ептен нападна и тој стана ептен напорен. Не се издржуваа притисоци, обвинувања, навредии и понижувања. Мислеше дека само поради тоа што сме уплатиле одмор, може да ми каже се и сешто. Почна и фамилија да ми меша и навредува. Искрено почнав да попушам психички и му раскинав. Налет и пари и се, пари се заработуваат, ќе имам и следна прилика за одмор ама тортурата жими се не се трпеше. Не знам како и зошто цела година сум го трпела.