Не судам. Ама реков ќе бидат 80-90% со "идиоти" или сами. Тоа е. Секој сам си ја прави несреќата. Од друга страна 80-90% ќе бидат сами или со мрчаторки и незадоволни. Окулу 80% од возрасна популација ќе си има проблем.Не е битно кој е во право но многу ќе бидат несреќни луѓе.
Од прилика што гледам окулу мене. Гледам како се мизерни луѓето за љубов, партнери,друштво, пари, работа, правда, гордост, улици, средина, корупција, политика, здравје итн.
Сум бил сведок каде одредено машко/женско им се појави личност според критериумите што ги бараат и пак не им даваат шанса и завршуваат со спротивно од тоа што бараат...
Може само во таква средина се дружиш. Не ширете лажни информации и стстистики што немаат врска. Од надвор поинаку изгледа, не можеш да знаеш. И незнам како ова има врска со прашањето што го поставив. А јас тука ја завршувам дискусијава бидејќи е оф-топик..
Да пишам што се случи раскинавме и не отидовме на одмор. Во последно време ситуацијата беше ептен нападна и тој стана ептен напорен. Не се издржуваа притисоци, обвинувања, навредии и понижувања. Мислеше дека само поради тоа што сме уплатиле одмор, може да ми каже се и сешто. Почна и фамилија да ми меша и навредува. Искрено почнав да попушам психички и му раскинав. Налет и пари и се, пари се заработуваат, ќе имам и следна прилика за одмор ама тортурата жими се не се трпеше. Не знам како и зошто цела година сум го трпела.
Жал ми е за се што си поминала, но искрено, мило ми што сепак не отиде со него на одмор. Отпосле допрва ќе осетиш олеснување и ќе видиш колку поубаво може да биде, и сама, и со партнер Ти посакувам тони здрава и среќна љубов во иднина!
Искрено повеќе не се трпеше. Бев убедена да истрпам уште 20 дена, да помине одморот ама џабе е. Одморот немаше да биде никаков одмор, туку пекол проследен со карања, навреди, префрлувања и сл. Вака е подобро. Криво ми е за парите искрено но не е и толку зошто млада сум, ќе заработам пак.
Ич да не ти е криво. Ја вака како постара да ти кажам дека најскапоцените работи во животот не мерат во пари, како раатот, пример. Ќе заработиш, а впрочем и небитно е, во споредба со стресот што го избегна. Капа доле за тебе
Дали е лошо ако една девојка не сака да живее под кирија или да земе кредит за цел живот со дечкото утре ден мажот ? Дали е тоа незрело размислување? Како гледаат на тоа ,машките ,ако некоја ги одбие поради тоа?
Не, ама има некој кој живее со посебни влезови и функционира сосем ок ,се зависи до луѓето ,секако дека е најубаво сам ,ама не ми е тоа прашањето
Некој што неќе ни кирија ни кредит за заеднички живот, уствари не сака заеднички живот. Едит Ако едниот има посебен стан од родители, тогаш ок. Ако нема, друга опција нема
Јас гледам негативно. Маж што нуди опција кирија или кредит мене ми е зелено зашто знам дека стварно сака живот со мене. А ако другиот партнер одбива, значи дека не сака заедничка иднина и нема што да се лажеме. Мислам у модерново време греота ми е жени да прифаќаат ист покрив со свекрва.