Според се што кажа ти на никој начин не прифаќаш да живееш со него. Јас негативно би гледал на ова. Најубаво ти е некој богат да си бараш.
Или проблемот е што денешниве мажи не ги бива да обезбедат куќа или стан м? Членката не напиша палата или вила дека сака
А зошто еве и жената да не обезбеди? Нели се бориме за исти права? Мене не ми треба ничив стан, куќа или живеалиште, важно е да се почитуваме и сакаме, под кирија или со кредит, битно да сме сами и тоа да си е наше, не можеме да бираме во кого да се заљубиме, ама ако се сака за се има решение, е ако не се се сака, ќе се бараат само изговори. Не можеш да очекуваш маж да има денес се, а ти само со алиштата да отидеш на готово, еве зошто ти не се потрудиш? Или можеби веќе имаш свое, не можам да кажам, нагаѓам само. Работата е дека не може секогаш се да ни е погодено, и да очекуваме се од другата страна, а за возврат да немаме ништо.
Ова ти се две различни работи- кирија и кредит. Ако не е сигурна дека сака тој да е и маж, нема што да зема кредит (со него ли, сама ли, не те разбрав баш како мислиш), ќе си седат под кирија. Ако се сигурни дека имаат заедничка иднина не гледам зошто да не. Единствено ако имаат едниот или двајцата наследено нешто па да се договорат таму да живеат. Не ми е баш јасна поентата на твоето прашање. Ако некоја ги одбие машките поради што, што треба финансиски да учествува? Нели се еманципиравме за тоа? Ако не е спремна на зеаднички живот на било кој начин, сосема е зрело тоа да се каже јасно и гласно за да се знае на што се.
Мене ми е тешко да раѓам деца ,може пола пола со мажот ?кога сме веќе рамноправни .. И не реков ,на готово ,друго е да земеш милион кредит и секој месец да се тресеш дали ќе имаш или не и да се стискаш за одмор дали ќе имаш да отидеш и друго е кога треба да средиш куќа внатре и да ја купиш ,голема разлика
Мирот нема цена, ама затоа ќе се пикне во 50 квадрати стан со уште 50 фамилии во иста зграда Ама битно проблем и е да живее на различен спрат со родители на сопругот 1 фамилија Многу гледате филмови и заборавате дека 80% од вработениве плата зимаат околу 500 евра, можеби само Скопје е нешто повеќе. Значи двајца приход 1000 евра, од тие треба 300-400 евра да платиш рата за стан и уште 100-150 евра фиксни за сметки и колку ти остануваат ќе поминеш месец со 500-600 евра во ситуација кога минималната потрошувачка кошница е летната во вис и само за нормална храна без стегање ти требаат едно 600-700е месечно !? Овие што се најгласни против живеење со родители на сопруг макар и на различен спрат мислам пред се имаат таков став од нивните родители - што биле со незгодни карактери па мислат дека сите се такви. Во пракса знам еден куп парови што живеат заедно, немаат никаков проблем, им помагаат со децата ги носат од тренинзи ги враќаат од школо итн значи родителите не се турбо од 6 до 20:00 часот со обврски имаат и време за себе малку. Парите наместо на стан и камати 30 години си ги трошат по патувања, коли итн ПС. Од овие независни јаки што се тргнале на страна што ги знам еден куп сеуште родителите им помагаат да го отплаќаат станот оти сами не можат, парите не им сметаат а они им сметаат
Пред да напишеш нешто размисли дали ти би прифатил да живееш со родителите на твојата сопруга. За да живееш со твоите родители знаеме дека ти одговара. Ако не, тогаш го знаеш одговорот. Не може жените се да трпат, а ти да си уживаш со твоите.
Немам никаков проблем да живеам со родителите на сопругата кои ја одгледале освен ако не се ептен чкарт проблематични луѓе, сигурно би им дал шанса поготово ако и самиот имам брат а они на пример немаат никој кој живее со нив. Глупо е под дифулт да се отфрлаат родителите само заради некакви си трендови
Можеби моменталната финансиска состојба не му е баш добра, можат за почеток под кирија или да го почека малку да собере доволно за да купи своја куќа.
Е па супер, ти иди живеј со нејзините, не со твоите. Ќе ја видиш разликата. Зашто со твоите лесно е, си израснал со нив, ама со други не е баш лесно. И не е ова тренд, ова е нормален начин на живот, секој на свое. Знаеш дека повеќе од половина бракови немаше да се разведени ако не живееја во заедница? Значи 90% од заедниците се токсични, се разбира за жените, мажите воопшто не се замараат, зашто они му се родители. Пред да тврдиш нешто, пробај, после дели совети и мислења.
Па пак имаат повеќе мир од овие со свекрви што живеат. И ја сум и за помош од родители. Поарно да ти помогнат да се тргнеш на страна него да те убедуваат да седиш со нив цел живот. И увек ценам вакви, што ете ќе ги обезбедат децата до негде место да паѓаат во депресии оти сакале посебно да живеат. Барем не се сексаат дур им се родителите у дневна
Напротив откако почнаа да живеат сами, се зголемија разводи значително а демографијата опадна Најчесто родителите на момчево помагаат, да се оженел синот оти снаата инаку немало да го земе. Др страна или помага на братот на невестата или немаат, може генерализирам ама од овие 5-6 случаи што ги знам е така. Јас лично да имам обезбедено услови посебен спрат за син ќерка и истиот да замине од куќа за да живее во голубарник од 50 квадрати никогаш не би помогнал да плаќа рати, сакаш независност ? Терај комплетно до крај, а не да ги сметаш за плашила твоите родители или родителите на сопругата а од друга страна сакаш да се стегаат да си кратат од свои работи 9 да ти помагаат.