Е па супер, ти иди живеј со нејзините, не со твоите. Ќе ја видиш разликата. Зашто со твоите лесно е, си израснал со нив, ама со други не е баш лесно. И не е ова тренд, ова е нормален начин на живот, секој на свое. Знаеш дека повеќе од половина бракови немаше да се разведени ако не живееја во заедница? Значи 90% од заедниците се токсични, се разбира за жените, мажите воопшто не се замараат, зашто они му се родители. Пред да тврдиш нешто, пробај, после дели совети и мислења.
Па пак имаат повеќе мир од овие со свекрви што живеат. И ја сум и за помош од родители. Поарно да ти помогнат да се тргнеш на страна него да те убедуваат да седиш со нив цел живот. И увек ценам вакви, што ете ќе ги обезбедат децата до негде место да паѓаат во депресии оти сакале посебно да живеат. Барем не се сексаат дур им се родителите у дневна
Напротив откако почнаа да живеат сами, се зголемија разводи значително а демографијата опадна Најчесто родителите на момчево помагаат, да се оженел синот оти снаата инаку немало да го земе. Др страна или помага на братот на невестата или немаат, може генерализирам ама од овие 5-6 случаи што ги знам е така. Јас лично да имам обезбедено услови посебен спрат за син ќерка и истиот да замине од куќа за да живее во голубарник од 50 квадрати никогаш не би помогнал да плаќа рати, сакаш независност ? Терај комплетно до крај, а не да ги сметаш за плашила твоите родители или родителите на сопругата а од друга страна сакаш да се стегаат да си кратат од свои работи 9 да ти помагаат.
А знаеш братко, место да дадеш 20 ијади евра за посебен спрат, ако више сакаш да обезбедиш за син/ќерка, можеш тие пари да им ги дадеш нив да им помогнеш да живеат настрана а? Сами правите одлуки во туѓо име и после се лутите кога некој не се согласува со вас. Многу детско размислување е да мислиш дека ако некој не сака да живее со родителите, дека ги смета за плашила или ги неќе.
Тоа е природен круг, првен они те гледаат те чуваат од мал потоа иде денот кога ти треба да им помогнеш и да се најдеш кога ќе бидат стари. Емпатијата и фамилијарните вредности знам дека се повеќе излитуваат ама секој нека си бира како ќе живее, од околината околу мене што гледам оние што живеат со фамилиите генерално имаат 5x поголем квалитет на живот во секој поглед. Дури и кариерно материјално многу побрзо напредуваат кога има кој да им причува дете, земе од тренинг или школо, однесе на англиски јазик итн Малце забегавме од темата ја однесовме во др правец, последен мој пост тука
А што ако и родителите од другата страна имаат спрат веќе подготвено? Убаво е што си им подарил спрат, нивно е што ќе прават со тој поклон, дали ќе го средат па ќе го издаваат, дали ќе го продадат, дали ќе живеат во него.. На родителите можеш да им помогнеш и да не живееш со нив.
Ја ако живеам со родители, не знам тоа дете како ќе го направам прво. Вас ако ви е нормално некој да ве слуша дур се сексате, мене не ми е. Емпатија и фамилијарни вредности можеш да ги имаш и под различен покрив.
Би ги натерал да го продадат и да се преселат и они блиску до мене Подарок не би давал ако бегаат, попрво ќе го подарам на луѓе што немаат живеалиште а се скромни Додека се млади е така после се менува динамиката, гледам како се гледаат родителите али ајде.. Така де проблем ви е 1 фамилија што ќе ве „слуша“ како да не знаат они како вас ве направиле, ама затоа не ви е проблем да се сексате и цела зграда да ве слуша поготово во гипс картон новиве згради
Ај прво ти живеј со нејзините, после збори. Вака да кажуваш приказни по форуми многу лесно е. Ми делуваш на баш класичен балкански маж, уште неосамостоен од мајка му и се разбира таа е најважна, а сопругата може да се нервира и трпи разни глупости.
Ако сакаш да имаш и да чуваш деца само за они тебе да те чуваат после подобро немај деца плаќај си некој да те чува.
Што ви е со споредбиве луѓе? Се надевам немате поише од 20 години. Очигледно не сте свесни како функционира се, се надевам на добар пат сте да научите. Не чекајте ништо од никого, сами створете и живејте. Патем @Franc_ не знам кого треба да кривиме што ние жените сме одбрани да раѓаме, мислам тотално неприфатливи споредби правиш, не му раѓаш дете на маж ти, го раѓаш за заедничка љубов, исто и со живеалиштето, градите заедно за заедничка љубов, а не препирки кој колку донел и однел. Не можеш да очекуваш маж да има се, а ти 1% вложеност во сето тоа, ако се најде да супер, ама ако не има начини.
Напротив, куп ги имаш вакви 30 годишни и повозрасни, ене и во Снаи и свекрви читаме, што ги убедуваат жените дека подобро им е во заедница, ете свекре ќе направи ручек, ќе причува деца. Куби ти косите, барем во куќа ги кубиш, не во гипс картон
Јас нигде и не кажав дека треба со свеки да се живее, баш треба сами да си створиме услови а не од било кого да чекаме да ни овозможи.