Поентата е дека се е на жената оставено па дури и машките работи, ама ај сега ќе речете феминизам не знам што ти било ,кој како сака нека живее на крај краева , мажи принцезиЧки нека се вселат во куќата на жената и вц то
Bold of you to assume дека некој има „фобија од токсична фамилија“ само затоа што не сака да живее со свекор и свекрва или со своите родители. Да имав токсична фамилија, верувај немаше да размислувам толку здраво и со толкава желба за своја приватност и свој живот. Не е поентата дали ќе имаш 300-400 евра плус за шетање ако живееш со мама и тато. Поентата е дека во животот на секој човек доаѓа момент кога мораш да знаеш да се справиш сам, со сметки, со бебе, со работа, со сѐ. Јас сум со човекот што сум, пример, затоа што не сака цел живот мама да му ја менаџира реалноста и да го спасува од секојдневни обврски. И тоа е нормално, човек што сака да биде зрела личност и партнер, не вечно дете што се потпира на родители. А и, фино е што спомна коли, па еве и под кирија успеавме да си купиме нова кола, а сега и стан. Тоа значи дека со доволно труд, планирање и разбирање во врската, може да се постигне се’ без да мораш да бидеш колективна фамилија во 2025-та. Да, потешко е, ама вреди, затоа што пак ќе кажам мирот нема цена. Веќе кога си на форумов оди и прочитај во темата свекрви и снаи, и ќе ти стане јасно со какви сѐ судбини не се соочуваат жени во заедница, па после врати се и ќе збориме. Исто така, „исто“ не е живеење со родители и живеење сам. Да имаш врата и свој клуч и свој распоред е непроценливо. Кој еднаш го пробал тоа, знае дека назад нема
Исто bold како што вие заклучивте дека само тие што сакаат да се иселат се “нормални“ девојки, другите не Аман со тоа вечно ќе се потпира на родителите, знаеш дека има луѓе што заработуваат солидно и уствари сиутацијата е потполно обратна ? Они се тие кои им помагаат и го прават животот на родителите на стари години подобар. Јас знам какви жртви правеле низ што се прошле па не ми се оставаат кога највеќе им требам баш така, далеку од нив Мило ми е за тебе што си успеала да постигнеш се тоа, ама не гледајте само со розови наочари. Видете ја реалноста во државата сепак ова е Македонија ниту примањата ниту условите за заработка се толку огромни за да можеш баш се да си дозволиш. Еден куп девојки немаат заработено зачувано ниту еден автомобил да си купат во животот сами, ама битно први се за иселување ќе плаќале рати макар и 1000 евра оти раатот немал цена черга пуштање подолго отколку што можат затоа после кога ќе им загусти после година-две живеење одма кавги разводи
И јас мислам дека многу работи (скоро сите) се останати на жената и жена која оди на работа покрај работа за плата има и "фри" работна рака дома и нема еднаква прераспределба на задачи. Ама, аголот кој го одбра за аргументација не сфаќам како ја доловува та поента кога ако јас сакам да малтарам сум физички способна, маж не можи да роди и натаму. Спореди типично женски вс типично машки улоги и активности, то е веќе друго. Ама за едните коментираш социјален аспект, општествена норма и воспоставени задачи и очекувања, а за другите коментираш просто невозможен да се исполни биолошки фактор. И за крај, не знам дали со доза на иронија е кажано секој да живеј како сака, па и мажи да оделе домазет. Се надевам не. Оти сепак секој и треба да прај како шо сака и нема нешто страшно и срамно во то. За секој има некој. Е-хе.
Малку си смешен со мислењево дека само тие девојки што остануваат дома со свекор/свекрва се „нормални“, а сите други што сакаат да си градат свој се разгалени. Разликата е што едните сакаат да градат семејство како возрасни луѓе, другите остануваат засекогаш мамино и татино дете. Аман со тоа „ќе импомагам на родителите“. Никој не вика да ги оставиш на улица, ама помош и грижа не значи да ја осудиш својата жена/деца цел живот да живеат со твоите родители зошто ти се плашиш од кредит. Ако толку сакаш да им помагаш, можеш и од свој стан, со сопствен живот ама за тоа треба храброст и капацитет, не само оправдувања како твоиве. И мило ми е што мислиш дека гледаш „реално“, ама реалноста е друга, и под кирија, и со сметки можеш и кола и стан да си купиш. Затоа што работиш, се трудиш и не чекаш некој друг да ти ја заврши работата. Ако мислиш дека со седење со мама ќе заштедиш и ќе си купиш порше, само напред, ама ќе ти треба и жена што е спремна да живее со свекор и свекрва цел живот. Такви има сѐ помалку, па среќно. А јас од 16-та работам, придонесувам дома и сама сум си изградила живот. Разликата меѓу мене и тебе е што јас не планирав вечно да останам дома и не останав, за да бидам „финансиски рационална“. Јас сакам свој живот, свој дом и партнер што знае да се справува со реалноста а не да верува дека ако не плаќа кирија, животот е магично среден.
Па тоа не е Алфа маж ако чека од жена да му обезбеди куќа ,мене такви не ме привлекуваат ич, не викам да е богаташ ,ама основни услови брат ако немаш ,не се ни жени тогаш , а верувам дека за секое машко е понижување да е домазет ама нема везе ,поделени мислења тоа е
@franca можеби тебе такви не те привлекуваат мажи, ама кога се во заедница треба и двајцата да придонесуваат, а не само од едениот да се очекува било тоа мажот или жената.
Ако е незрело да земеш станбен кредит за да основаш дом, тогаш ајде сите ќе живееме со по 6 луѓе у 60м², апсурдно! Кога нема што друго, мора да се земе стан, секако не е подобро да живееме со мама и тато. Не знам како може вака да мешаш поими, и од една во друга тема влегуваш Па и ти не се мажи ако немаш основни услови за живот? Можеби и ти не привлекуваш "АЛФА" мажи, со вакво размислување? Не?
Ами ти напиша не јас „ниедна нормална девојка што има амбиција и здрав ум нема да сака да биде дел од такво „колективно“ живеење“ што имплицираш дека другиве што не мислат како тебе не се нормални.. По мене ова размислување иселување по секоја цена е класична американизација и трендови, а колку е паметно тоа не сум баш сигурен. Живеење во голубарник од 50 квадрата и отплаќање на истиот 30 години, живот на кредит врз кредит, демографија во колапс оправдано бидејки толку се можностите итн Фала за желбиве што ми ги посака, купување порше не ми е една од нив. Напротив со парите што ги заштедив наместо да отплаќам непотребни кредити си посетив еден куп убави места и направив куќа во природа со сите услови и двор голем колку 2 фудбалски игралишта каде што си произведувам и своја храна, да и куќата е на 2 спрата да може да живеат две фамилиии во исто време без проблем
Дали се читаш што пишуваш? Живеење во 50 квадрати. Ако треба и во 10 квадрати ќе живеам ама ќе се мои и нема да трпам никого. Дојди во 2025 година. И уште еднаш ќе кажам, прво живеј со други родители, живеј со родителите на сопругата, тогаш се ми се чини дека друга песна ќе пееш. На некој приоритет му е да го среди станбеното прашање место да шета. Ама ти најпаметен си, па даваш совети.
Многу сме станати нетолерантни. Не мора да значи дека ќе трпиме не знам што колку страшно само затоа што ќе се живее во иста куќа или на два спрата. Темата снаи и свекрви проблеми е полна пошто мажот или жената или двајцата не се ок а не затоа што свекрвата е страшна и малтретира.
Дедовците ми пред 85 години и татко ми пред 50 Американци беа што не живееја до на мајка им сукњата, кога оформиле свои семејства, мхм. Кол ми Џеки Кенеди ...и збори ми за трендови
Јас ниту еднаш никаде не напишав незрело е да се земе кредит , ама Вие повеќето пишавте како е незрело некој ако не сака да плаќа милиони
Па вие ако трпите друг да ви крои кога и што ќе јадете, кога ќе се ебете, ако ви е ок да не е ваш домот на папир, некој неќе вака
Ако мажот има здрав и нормален однос со родителите, ако е зрел и разумен, ја почитува и цени таа што ја избрал тогаш никој и ништо не може да се меша и да влијае. А ако не е таков е тогаш ќе си има триста проблеми на глава и со и без свекрва.