Зрел и разумен маж нема да сака да живеете со родители in the first place. Зрел и разумен маж сака да имате приватност, не да ја гледаш свекрва ти секој божји ден. А и саглам свекрва нема да прифати да живеете во заедница
Значи ќе идеме со мажот ќе се тупосаме кај свекрвата дома, а неа нема никој да ја праша дали ѝ е океј. Абе не ве можам
Прво никаде не пишав да се живее кај свекрвата. Второ не знам како извлекувате заклучоци што некој не ги пишал.
На спрат е едно, со посебен влез, ама од почетокот да се знае дека во домашните обврски ние не се мешаме кај нив тие не се мешаат кај нас. Во ист стан не би сакал да живеам ниту со моите, од причина што сакам повеќе приватност со жената. Колку и да е добра и свекрвата и снаата, мислам дека не треба заедно да живеат. Кога си веќе мажен/женет веќе си имаш твое ново семејство и сами со партнерот сте должни да си ги гледате децата и сами да се грижите за домот.
Ако немаш папир за тој спрат, дека е твој или заеднички, глупаво е да прифаќаш. Затоа до утре сабајле може да филозофираме дека е исто спрат и стан со комшии. Станот е твој, спратот не е.
@Munchmallow20 а чив би бил тој спрат ако нема папир, сигурно нема да остане на комшиите или на некој непознат?
Ти се читаш што пишуваш? Да, оти комшиите ми имаат клуч од мојот стан и ми влагаат дома додека си ја прчам гола или се ебавам со швалер... овааа со мужот ми де, и ми буричкаат по гаќиве шо не ги носам... А на жена ти родителите кој ги врти, они не се жртвуеле за неа, само твоите родители се жртвуваат. Може и она сака со нив да живее. Или планираш и нив да ги земеш? Зашо си си напраил куќа коа имаш твоја куќа од родителите? И шо толку морало два спрата хациенда со нива и двор и хелиодром, многу американизација не е на арно. Се знае, у прдежникот ќе си седите сите заедно, твоите у соба, а ти со жена ти на земја поред нив или евентуално у дневна на пуштена гарнитура. Све распрдена младинава денес.. И што не изгради на три спрата, еден и за на жена ти фамилијата да и ја прибереш? Симни малце розевите наочари, не се сите као тебе способни и надарени да имаат и пари и време да патуваат, куќи да градат, да садат, да продаваат муда за бубрези него мораат кредит евентуално кирија да си плаќаат за да си го основаат и зачуваат БРАКОТ. Ете гледате жени , џабе сите пари на светот, и куќи и курци и палци, коа мужот ви не му е гајле за вас и вашиот брак. Он СИ изградил куќа, си ги прибрал неговите, а жена му ако не и чини сиктер, и ќе се исмева на парови што ЗАЕДНО си вложиле оти сакаат нешто свое да си створат. И наравно само жени ќе хејта оти нејќеле со свекор и свекрва, додека продава муда за бубрези дека би идел домазет на изградена куќа само колку да испадне у право. Ах бее...
На свекорите ваљда, или САМО на мажот евентуално? Заедничко на партнерите е само тоа што е стекнато во брак
Епа јас пишав дека не сум луда да инвестирам во туѓ спрат, стои мислењето можеш да го прочиташ. Ама мора да се испревртува
@Munchmallow20 утре кога тато ќе ми го оставе спратот на мене сигурно нема да им кажам на жената излегувај нема да живееш со мене бидејќи спратот е мој
Морам да ви се вмешам.. станбени кредити, куќи станови не спаѓаат во љубовни проблеми.. има теми за тие работи.. се изнадебатиравте за социјални политики..
Да, ако е мој, можам да го дадам на комшиите, на старечкиот дом кајшто ќе доживеам...ма на кого сакам, сигурно нема на таа снаата гуска една да и го дадам, ја и реков дај му мед на бебето, она го дигна носот, појма нема од животот, само во ноктите и телефонот и е паметот... ...секоја сличност со настани од вистинскиот живот е случајна
@Biljarkata родител што паметно, зрело, здраво размислува сигурно нема да го остави синот/ќерката на улица, а куќата да ја даде на некој друг!
Да, ама затоа жена ти ќе ги трпи твоите и ти воопшто не се замараш за дали нејзе нешто и смета или не.