Што е мое и нејзино е, што е нејзино и мое. Ако веќе живееме на посебен спрат кој што пред да се ожениме бил на мое име, ако се осеќа дека не е на сигурно би и препишал и пола и цел дел на неа. Не мора да ги трпи се ќе биде оделено, нормално ако на неа не и е удобно таму да живееме или моите почнат премногу да и се мешаат и тоа и смета ќе бараме ново решение. Ако веќе живееме заедно мора на двајцата да ни е убаво.
@Munchmallow20 тоа ли е проблем ќе и го препишам! @Just.do.it за се си има граници, никој на никој кај мене во куќата непотребно не досаѓа! @ItsmeH брат имам, без разлика на кој ќе биде препишана куќата дали на мене или на него, јас и брат ми никогаш не сме си префрлиле ова е мое, она е твое, цел живот сме се помагала еден на друг и така ќе остане додека сме живи!
Не,за жал работите не се такви кога еден од родителите нема да биде веќе жив. Прво жените ќе си ги ископаат очите,па после ти и брат ти. Доволно сум нагледала се во животот.
@ItsmeH не велам дека нема ситуации каде браќата си изваделе очите за наследство, ама јас можам за кај мене да кажам како функционираат работите, во неколку ситуации во животот сме се помагале еден на друг, така да знам дека нема на улица да се оставеме јас и брат ми.
Иста куќа на различен спрат да, ист не. Не ми е гајле кој ќе ми се комшии, дали моите, дали нејзините, дали некој непознати. Би ми одговарало да се под мене или моите или нејзините, доколку си ги знаат границите и се однесуваат пристојно и ја почитуваат нашата приватност.
Значи со твоите може заедно да живеете, со нејзините мора да се на различен спрат? Гледаш дека го докажуваш она што го збориме ние, најдобро е секој на свое.
Мислам дека да ми кажуваше некој дека у 21ви век, на млади им е океј со партнер да седат со родители, будала ќе го направев.
@Munchmallow20 незнам што ти е чудно млади да седат со родителите? Кај мене во градот кај што живеам 80% седат со родителите, а останатите 20% бидејќи немаат услови заедно да седат, не живеат заедно.
Како мислиш заедно? Со заедничка кујна и тоалет, а посебни соби? Јас обратно мислев дека тие што немаат услови седат заедно. Подобро е потребно нема причина за да седат заедно.
@Mr.Limonko не, на различни спратови од куќата, родителите на еден спрат, а синот со жената на друг спрат од куќата.
@Mr.Limonko познавам 2 такви случаеви, едениот случај имаат куќа ама не ја прават, а имаат пари да ја средат куќата, си живеат во станот од кои причини незнам, а другиот случај едноставно така сакаат а и вториот случај имаат пари да се одделат но не сакаат!
Комплексна тема која нема точен одговор. Секој си е приказна сама за себе. Пример овде во Штип баш има ммогу избор да се изнајми стан или да се земе кредит. Сестра ми одлучија со зет ми да живеат кај него, куќа на 3 спрата. Свекрвата и се погоди, жената е буквално душа, ја гледа како своја ќерка. Сестра ми буквално вели и да имам можност не си одам. Жената не работи, дома секок ден има ручек, е сега не им влегува на спрат не се вмешува во чистење тие работи. Ама дворот секогаш е топ, јадење, работи по банли, болници, внуци сите работи ги води. Така да дискутабилно е. Има некои што ќе дигнат кредит од 50,000 евра и ќе живеат во еднособен стан цел живот, утре децата ќе имаат детска а тие ќе спијат на софа во дневна. Како и да е, се е до човек. На некој приоритет му е да живее самостално макар и да е една соба. На друг му е важна помошта и слободата. Не е исто со 1/2 мали деца да имаш во секоја секунда да ги оставиш на некој и да идеш до продавница и да треба 1 саат да ги спремаш па додека излезиш (ако мажот не е дома во тој момент). Мене лично не ми смета да живеам со неговите родители бидејќи сме на различен спрат. Ниту јас влевам кај нив непоканета, ниту тие кај мене. Секогаш ми ѕвонат дали ми треба нешто од маркет или пазар, ручек има секој ден, внуците од деверот ги чуваат кога и да треба, се е океј.