Не ми беше прашањето која е причината тие две семејства што живеат така. Генерално нема потреба нема причина зошто би живееле заедно. @Јас таа А што е должна свекрвата да прави јадење и да чува деца, и да чисти, доволни сме двајцата за тие работи.
Прво, не се младите криви, криви се фамилиите што прават да е неподносливо да се живее со нив па дури и да е на различен спрат. Оди прочитај во темите во категорија брак и ќе видиш како им ги растураат браковите. Второ, не се младите криви, туку системот кај што треба да отплаќаш мал најмал дом 50 години. Тоа не треба да е нормално. Треба да е нормално секој брачен пар да може да си овозможи дом на страна и притоа да не го отплаќа цел живот. Не знам само што има врска Американизација со ова. Едно прашање, ти женет си?
Не е должна, сама го прави тоа од своја желба. Има жени кои не го прават тоа бидејќи не сакаат, во мојот случај не е така. Буквално имаш и снаи змии и свелрви змии. Не е дека доколку некој се пресели сам ќе е мед и млеко, ниту пак дека тие што живеат во заедница нешто им фали. Одмдруга страна кредит од 50.000 евра не е мала работа. Замисли да го поминеш цел живот во стресови за дали нареден месец ќе имаш пари доволно за се, понекогаш се случува некој да остане без работа. Над 15-16 год минимум ќе се враќа.
Темава Љубовни или Станбени Проблеми е? Дур не забришале... И различен спрат е заедница штом е дел од истата куќа. Нема да имате мир и ќе им сметате на старите, па дури и да се добри луѓе. Секој има момент на пукање кога некој претерува со нешто. И зрел и нормален маж гради свое, не виси кај мама и тато.
Ама многу распуштеници почнаа да пишуваат во темава. Да се живеело посебно, да се живеело со нејзините бла, бла, бла... Се знае, најубаво со свекор и свекрва, додека не стане кредитоспособна снашката, да може спрат да крева. Секако ќе си остане куќата (со голем двор) на името на мажот или во најмала рака на свекорот, не ни треба на нас жените имот. Па и ако утредента му кажам помалку да оди во кладилница, заслужувам да бидам натепана и набркана од дома. Рмбај ко кучка цел живот, за на маж ти курето да му е арно.
КакВа негатива, по ова прашање. Само, поради тоа...што си имате кажувано измеѓу вас (мажени - мажени и немаЖени) и секаде е сега исто. Јас искрено се надевам дека, без никаква доза на САРКАЗАМ, девојките шО се сингл и пишуваа за одвоен живот, никогаш нема да ги спуштат СТАНДАРДИТЕ.
Во ИЗИИС (институтов за земјотреси што проверува градбите) ретко дозволуваат надградби односно кревање спрат.. абе сето смислено против вас..
Јас живеам во заедница , иако кога му спомнав на маж ми рече може да живееме и во стан ако сакаш , учество за стан беше околу 15.000евра во кеш така нешто ,јас се откажав мене ми се виде премногу и од после толку пари да се даваат , па се одлучив со неговите да живееме , не е спрат туку посебни влезови ,еве ако ми верувате три дена не сум стапнала кај нив , никој не ми дошол ниту рекле кај е зашто не доаѓа , маж само они ако им треба нешто некогаш и јас да ги прашам или кога ми е досадно да поправам муабет ,свекрвата е топ жена позитивна ,секако дека не е се совршено ама пак ќе речам ,ако не им отидам кај нив ,не ми доаѓаат ,колку пати и готви за нас маж иде само да земе ,имаме голем двор и се ок многу подобро од како што замислував ,искрено ќе згрешив ако отидовме стан да плаќаме ,сепак ова се може ретки случаи ,но не значи дека се е ужас ако некој живее во заедница. П.с.многу значи и мажот каков е ,на почеток свекрвата ме праша со убаво уз муабет , дали сум знаела да готвам и реков да ,нешто онака знам а маж одма пресече тука и рече помалце со дрзок тон, она не Ви е тука за да готви , ниту на мене уште помалце на Вас ,влијае и каков е мажот очигледно.
Свекрва ја натепала на снаата во Кочани. Во коментари, сите мажиња ја бранат свекрвата. И иди после живеј со свекрви да те видам.
Им смета ли на мажите да бидат со женска која има лузни од долгорочно самоповредување? Ги одвлекува ли тоа иако во се друго се сложуваат?
@RainbowButterfly Oh sweetheart, мораш да го промениш начинот на размислување и да си ја зајакнеш самодовербата. Не оставај ваквите мисли предолго да ти лебдат во главата Односно, попрво гледај дали тој ти се допаѓа на тебе, а не обратно. И ова важи и за се останато, не само за врски. А и ако на некој маж му пречи тоа, ти го спомнува низ разговор и ти создава комплекси, run и најди си дечко кој вистински ќе те сака Мажи не прашувај дали им смета нешто, cuz they have the biggest audacity. Aka, тој без заби, црно под ноктите, преферира таа да е Викторија Сикрет
Епа пред некој ден некоја ја давела бабата на сопругот.. мора да се врати вака макар и на помил начин, шо е одма плачки?
Никогаш не прашувај дали генерално им смета. Секој е различна индивидуа, и има различни преференци, разбирање и прифаќање. Она што треба генерално да те интересира е тој што сакаш да бидеш со него, дали му смета или не. Мислењето на Јанко, Петко, Станко не би ти било воопшто значајно.