Не знам дали темава е само за врски, пошо моево е проблем во брак. Плус имаме скоро 2 годишно дете. Купивме стан со кредит, уште не сме вселени, скоро 8-9 месеци. Почнавме да го реновираме ама заглавивме финансиски и решивме уште малку да живееме со неговите, додека не завршиме. Маж ми имаше добар бизнис со ортак, ликот одлепи поради развод и зезна работа со неколку фактури - не ги плати и направи огромен долг на нивната фирма. Ова се случи додека бев бремена. Ортаклукот заврши, маж ми продолжи сам. И не му иде, ама се труди - стварно работи по цел ден. Ама цел трошок е на мене, некад си викам што дека работи по 18 саати. Кредит, пазарање, сметки, све ја. Свадба на брат му пред една недела - поклон сама јас дадов за сите нас - доста висок, и ги потрошив последните пари до плата. И проблемот ми е во неговото понашање. Не сум човек што се омажил за пари (секад сум работела и сум живеела од своите пари) ама не сум човек што толку ноншалантно се понаша со обврските спрема дома како него. Знае дека јас сум тука да покријам. Ај да скратам: проблемот ми е што јас седам без пари деновиве до плата, а он вчера си земал исплата од клиент и си отишол у кафана. Значи јас немам за памперс и влажни марамици а он има за излагање со кумот. Збеснав и ескалираше ситуацијава, се иповреѓавме кога се врати. Не дека нема да купи он потребни работи за дома ама вчера што ме изнервира е принципот. Ако знаеш дека сме у тежок период од месецот, па кажи бе да не се секирам и иди у 30 кафани ако сакаш. Ама јас со тоа што збеснав (уште на телефон) него јадењето не му пропаднало. Проблем е што стварно не помага финансиски нешто многу. Кога има се е во ред, помага, ама најголем дел од времето јас ги покривам сите ствари како што кажав. Мислам дека малку поштовањето не му е на ниво или се прави дека не ги гледа овие работи. Жена ко жена, скоро сите обврски домашни се на мене - чистење, перење, околу детето, па плус и сите финансиски обрски, аман не е фер јас да придонесувам 90% за семејството а он скоро ништо. И пред да ми кажете дека е типичен балканец - ај да речеме дека не е, се понаоѓаме на интелектуално ниво, можеме да збориме со саати на теми, има љубов и има хемија, ама ова со финансииве е стварно голем проблем што ни ја руши хармонијата, навлага и у другиве сфери - он не се осеќа доволно маж (го гледам иако не го кажува тоа). И знам дека има кавги и кавги, ама ова вчера со вреѓање, не се дешавало кај нас до овој степен. Како да ни помогнам на двајцата?
Еве имаше доста членки кои се за живот со кредити пошто треба да се шират и се им смета ,онака се стручни нека кажат отворено мислење како да го решиш проблемот , да не биде дека само пропаѓале врски и бракови од недозреани што не сакале кредити
Помеша брзини малу, кредитов е само една финансиска обрска у мојов случај, и да не беше кредитот ваљда ќе се жалев дека не помага за сметки и пазарање и општо за дома работи што требаат. И нема врска проблемов со живеење/неживеење со свекрви или баби, двајцата знаеме дека не сакаме да живееме со нив, а и они си сакаат да си живеат сами. Пред свадба си живеевме под кирија, па дојдовме тука откако го купивме станот, демек на кратко - ама испадна долго. Не е мојов проблем социјален проблем со поширока фамилија, проблем е меѓу мене и маж ми и нашите финансии. И неговото непланирање.
Ама кажуваш дека се е на тебе сите обврски па и финансиски ,уште еднаш се докажа како ние жените го влечеме подебелиот крај , што е жално .
Да, тоа се согласувам. Најдраматично вчера беше кога го прашав дали сака ќерка ни да има ваков маж како него и да го покрива за све, и го повредив. Никад не сме ја спомнувале малата кога се караме, ама вчера ко двајцата у друга димензија да отидовме. Плус он ми изнакажа глупости од типот на: ти имаш голема слобода затоа се понашаш вака и само за пари се расправаш, за тебе само ќутек. Од кој му се изнасмеав малу се поврати на разумот дека не е токму у моабетов. Па после доминација немал како маж и све со ред. И пак му кажав дека треба да исполни критериуми за да се филма, и не знам каква доминација бара, кој само на едно место може да биде доминантен (у спална) а другде сегде ке биде рамноправен, без разлика кој колку пари има. Абе не знам, не сме до толку кретени ние двајца, ама ситуацијава станува многу чудна. Како да спречам пред да биде подраматично.
Мислев да молчам ама ќе кажам.. Такви си ги бирате сами. Уште додека сте во врска со такви мажи затварате очи пред црвените знаменца, затоа што мислите дека ќе се смени. А ако некој толку е добар во манипулација додека е во врска, во брак ќе си го покаже вистинското лице и не е ништо срамно и страшно да ставите крај на таков брак, што порано тоа подобро. И не не се сите исти, ниту мажите, ниту жените. А што се однесува до проблемот на @Emitrpc_123 ти си секако сама исто како без маж си. Ако оди на работа кај му се парите? Ако сте во брак мора двајцата за се заедно да се договарате. А како што читам не многу заинтересира за договор, наместо да најдете заеднички начин и да ја надминете ситуацијава. И не си должна сиде работи дома сама да ги завршуваш. Единствено решение е преку разговор, ама ете кога ти разговараш и бараш решение тој ти вели дека си за ќотек. И тоа е нормално? Според мене НЕ.
Ако оди на работа кај му се парите? - после расходи на фирмата, му останува многу малку ама не може да прифати дека таква е ситуацијата веќе подолго време. Јас мислам дека треба да ја затвори фирмата и да работи за плата, барем нема по цел ден да биде на работа. Ама тоа значи ќе падне од коњ на магаре у негови очи. И не е фер јас да му наложам да мора да направи така - исто ко замисли он мене да ми забрани да идам на работа и да бидам домаќинка. Мислам чисти глупости од двете страни се такви размислувања. Затоа му давав слобода да си ги реши сам проблемиве, ама ете се собираат ствари и тече животот па не оди се по план и не сме таму каде што сакам да сме - не само физички. И ни се зезна комуникацијата, пошто се осеќам дека ме става у ситуација да изигравам финансиска полиција и да го пикам носот кај што не ми е место, да водам рачун за сите негови приливи и одливи, буквално да изигравам сметководител, а си плаќа сметководител. А за делот со разговор - да бидам фер, не беше тоа разговор ни од мене вчера. Ама ај да поминеме преку вчера, каков разговор би водела ти? Што ни е нас решението?
Па треба да, да се стави крај на нешто што не оди. Изгледа и поради тоа, ви е нарушена комуникацијата. Тешко е, кога не оди се по план.
Извини ама овоа како да имаш второ дете тинејџер кое работи нешто колку да се каже и дома денар не дава ама сеуште бара пари за кафе. Прекини да му готвиш, периш и чистиш и кажи му како ти го плаќаш кредиот, сметките, храната, така тој тебе за услугите. НЕМОЈТЕ никогаш да се доведоте во ситуација да чекате да барате пари од некои за влошки, тоалетна и влажни. Кај ги наоѓате овие вакви мажи без чувство и осет??? Дома за бебе нема пелени ама за ручек со кумот има. Мрш, магаре едно.
@Emitrpc_123 И ние затворивме фирма, и маж ми тоа малку лошо го поднесе тоа дека треба да работи за плата и му дадов време. Не работеше една година, ама се грижеше за ќерка ни додека работев. Е сеа, ние така го решивме тој период ама маж ти како да е у дениал за фирмата. Мора да прифати дека пропаѓа за полесно да пребродите финансиски. Да го седнеш, пошто јас мислам дека машкиот мозок само со факти работи и извади му листа на домашен приход и расход и објасни му до кај е финансиската ситуација и да се прибере малку. Ќе му кажеш дека ова не е твојата замисла за иднината, ќе си се извините за глупите зборови од вчера, ќе му кажеш ќотек ни у кошмар да не спомнува и ќе го прашаш да предложи решение. Ќе предложиш и ти да ја затвори фирмата, ќе разгледате други опции пред да ја затвори фирмата и сл. Со среќа.
Се е баш убаво напишано, би додала само и да посети психолог доколку лошо го поднесува тој дел со фирмата и со негова и твоја поддршка да се надмине тоа.