Искрено мене маж ми да ми рече вака се понашаш затоа што ќотек не јадеш очи нема да ми види.. Смрдле, он да јаде ќотек па да види како е..
Ќе го седнеш и ќе му кажеш вака: Сакам да разговараме смирено за нешто што ми тежи. Не е дека не гледам колку се трудиш и колку работиш, и тоа навистина го ценам. Ама проблемот е што често јас останувам без пари за основни работи за дома и за бебето, а ти во тие моменти наоѓаш за излегување. Не е до тоа дали ќе излезеш или не туку до тоа што јас се чувствувам оставена сама во тие моменти, и како да не сме тим. Не ми е цел да те критикувам или да ти кажам дека не си доволно маж, напротив сакам да се чувствуваш исполнето и сигурно. Ама мора да најдеме начин заедно да ги поделиме обврските, и финансиски и домашни. Сега голем дел паѓа на мене и тоа ме истоштува, а тоа потоа ни ја руши хармонијата и ме прави нервозна. Предлог ми е да седнеме и да направиме план кој месец кој трошоци ги покриваме, па дури и ако некогаш имаш помалку, барем да се договориме однапред. Така нема да има изненадувања и кавги, а и двајцата ќе знаеме каде сме. Те сакам и верувам дека ова можеме да го надминеме ако се гледаме како тим, а не како еден што влече повеќе, а другиот помалку. Јас сум тука за тебе, ама сакам и ти да бидеш тука за мене тоа ми значи повеќе од било која кафана.
Извини ама маж ти е поголема пичка од тебе. И кога веќе сакал да си ги мерите, кажи му дека твојот е поголем. Сметки не плаќал, доминантност сакал. Ма ќе го завртам и ќе го ебам у газ.
@Emitrpc_123 Според мене, на мажите им се потребни последици, а не разбирање. Повеќето мажи по природа се себични и отприлика од ден 1 ти тестираат граници. Ако на нешто не реагираш веднаш, тие на тоа си гледаат како зелено светло да си продолжат да го прават. Немој да мислиш дека возрасен маж не е свесен што прави. Свесен е многу добро, ама продолжува да се глупира кога нема последици за неговите постапки. И имаш цело дете со него, домаќинствотво е на твој грб, финансиите исто така, и ти сметаш дека не е фер да му наложиш да прави нешто? А фер е ова неговото кон тебе? Седнал тој на форум, да прашува за совет како да ја подобрите ситуацијата? Или како ја повредил жена му со неговите постапки? А тек муабетот за ќотекот? И да речам, паднал во депресија поради бизнисот, па да го разбереш. Ама при први пари, оди правац во кафана, да си ужива. Што има овде за разбирање? Не велам развод, ама ниту пак претерано разбирање за човек кој истото го нема за тебе
Аман луѓе, батево ѝ се заканува со тепање, вие ја советувате за разбирање, психолози, разговор, смиреност...мајке ми.
Едино @LiquidLuna ти даде муабет на место, пошто проблемов ти е баш брачен- нит свекрви, нит кредити, нит глупости. Споредбава со фер и нефер, бизнис затворање не е исто со забранување да одиш на работа. Бизнис значи работи за да биде профитабилен. Во моментов бизнисов испаѓа скапо хоби кое води кон проблеми. Не е ти да кажуваш или да не кажуваш, треба некако да го доведеш до момент да ја согледа ситуацијата реално. Ако може да најде работа која ќе носи х пари за помалку вложено време и енергија, за што му е бизнисот- да се праи чатал дека е газда? Во брак сме во добро и во лошо, ама во лошото не е на одмет да се уклучи малку рацио и да се исклучат малку каприци.
Вака сега, прво секоја чест колку си реална и колку убаво си го опишала проблемот. Друго он не може да си признае на себе односно да прифати дека дошол момент кај шо жена му го издржува.. Не сака да го прифати фактот дека бизнисот му пропаднал(што е и логично) .. Трето мое мислење е дека муабетот за ЌУТЕК СИ е кажан повеќе у бес, а не дека стварно би ти удрил ќотек како шо одма пишуваат членките кои едвај чекаат да напишат такво нешто! Мој заклучок е дека не си жена која би била со маж кој би можел да биде агресивен, па ни на муабет! Мислам дека си свесна колку вредиш, шо е најбитно. Ии убедена сум дека проблемот ви е моментален и дека се решава! Сите имаат лоши периоди у живот у брак… Имате лош период со тоа шо претпоставувам дека сте живееле на повисоко ниво, сега малку сте паднати и нормално е да има недоразбирања.. Парата е променлива, тркалото се врти. Седни и направи муабет со него, кажи му се шо ти смета и ке се разберете. ПС и мене маж ми ми вика дека сум за ќутек, али не ме тепа не се секирајте
Мореее кога ќе го зашамарам,ни ќутек ни пари ќе му се види. Ќе бара вратата кај е. Земи седни кажи му дека не оди вака,нека се помири со ситуацијата дека тој живот т.е животот со таква работа е завшрен!! Луѓе возат камиони со години,добиваат не дај боже удар и потоа не можат да возат,па си наоѓаат работа што можат да ја работат пошо животот веќе со возење камион завршил (пример дадов) А не да се лигави како некое дете,фамилија има за гледање... Ќе му дојде јајцето на глава,ќе работи не се секирај. @Emitrpc_123
Стварно не очекував толку коментари и фала ви на сите, посебно на тие што навистина суштински ми дадовте совети за проблемот: како да разговарам за финансии детално и дека е деликатна тема посебно за машко. И не, нема стварно да добијам ќутек - не се грижам за тоа, многу лош моабет беше вчера од двете страни, го кажав баш тој дел за да доловам колку забегавме у кавгата. Еве го денес у свој класичен стил кога е крив, 100 пати се јавува да праша дали треба нешто да донесе, цело време моабети од типот на како си, што правиш сега, дали сакам да ја оставам малата да ја варди мајка му а ние да идеме на пијачка... итн итн. Нема да се извини со збор ама ќе го подвитка опашот. Ова не е прв пат да се караме, ама прв пат е толку да се извреѓаме. Плус и јас не мислам дека е фер да дигнеш раце на прва мака, и ништо не се решава преку ноќ, на крајот од денот не ми е гајле колку заработува, може дома да седи, ама барем домашните обрски ќе ми се тргнат од глава, вака ни едно ни друго. А за тие што мислат дека имам син а не маж, па што знам - можеби да у моментов, и да ако продолжи вака до недоглед веројатно треба да се разведам, ама не ли е фер и за нас и за детето да пробам прво да го решам проблемов? Утре не дај боже мене ќе ми се деси нешто - болна ќе паднам, он ќе прави све. Треба да ме остави? У секој случај прв пат пишувам на темава и многу сум позитивно изненадена - иако имаше и лоши коментари, цел ден читам мисли и ми се мотаат низ глава и сума сумарум ми направија добро да се осетам
Па се грижиме и ги чуваме денешниве мажи (основни услови за живот )ако им плаќаме кирии и кредити исто ,ич не сте реални ама ај и тоа фали овде.
И овде исто ко членката у другана тема. Супер бил он, работел, не пиел, не се коцкал, не идел по жени, ама знаеш и јас некогаш го нервирам. Ме прашува како си (???), помага дома....дрн дрн јариња. Знаете што, начинот на кој партнерот реагира при караница/лутина, многу кажува колку ве почитува. И затоа никогаш не треба човек да потпаѓа на манипулации од типот - абе нервозен е, абе пијан е. Нешто што го нема во тебе кога си смирен, нема од кај да излезе кога си нервозен. А за стручно лице, можеш да предложиш, со сила да го фатиш за уши да го однесеш не можеш. И вака ќе ги опишете какви лигуши и неспособни се, па дури и насилници и кога ние ќе ви посочиме повеќе да се почитувате, да не трпите вакви копита, пази богати ние криви. Зошто? Сме ги напаѓале членките. Колку сте изманипулирани дека членките ги напаѓаме, тоа страшно нешто. Толку без самопочит во врска и брак што нападот врз партнерот си го сфаќате дека е за вас лично. Оти не се осеќате дека вие вредите без нив. Или сме заедно или јас сум никој и ништо. Епа у реду, нека ве множат со нула, што друго да се каже. Седни и разговарај па седни и разговарај....јас барем сум човек што не трпи пасив агресив третман, ниту самата правам така. Кога сметам дека има проблем седнувам и барам одговор, не чекам на другиот. Ако другиот неќе да разговара, е тогаш кревам раце. Ама душава ми е мирна оти знам дека јас од моја страна сум пробала. На туѓи постапки и одлуки не влијаам ниту се осеќам одговорна за нив. Затоа викам некој што ве цени прво и прво за човек, нема да треба да го молите.
Па да бев ја совршена па ај да се пронајдам у ова, ама само човек што не е ич самокритичен може да си се крене толку високо на пиедестал и да мисли дека никој него не му треба и скроз е праведен за се што ќе замисли. И сите со негативни коментари замисливте ситуација каде он мене ми се дере а јас ко гревче седам и го молам да се смири, дефинитивно не беше така и тоа го потенцирав неколку пати. Не планирав да одговарам на ваквите мислења, ама и вие сте за фала, зошто ме натеравте да сфатам дека човеков не е толку лош ко што го исперцепира пола публика овде. Дефинитивно не е мамин син, дефинитивно е у крш период и се понаша ко дете. Ама бар за мене не е доволно за да се откажам од него. Ама ме изнервира фактот дека сите со став дека он е пропадната инвестиција и јас ќе јадам ќотек, вие силни јаки жени дали кога би биле во конфликт со татко ви или брат ви, одма на прва би го отпишале или би пробале да го трпите додека не премине некоја ваша граница? Затоа што мене овој човек ми е фамилија, моментално поблиска од татко ми и брат ми. А овие мажи у мојов живот што ги спомнав, ме виделе у толку ситуации и толку влагале у конфликт со мене, што има моменти што никогаш нема да им ги заборавам у позитивна смисла. А и никогаш не застанав да ги набројувам неговите позитвни карактеристики. А ако границата вас ви е да отпишете некого кога вие се дерете и тој ви се дере назад, тогаш блазеси ви, имајте супер живот самите и терајте само напред. И не сте girl's girl, туку осудувате без факти, има напишани негативни и позитивни коментари ама со нормален тек на моабет, ама оние one liners и коментаров што го реплицирам се тотален фејл, треба да му дадете простор на човекот (јас во случајов) да си каже што му лежи на душа, а не да се воздигнувате колку сте попаметни и колку подобри избори сте направиле во животот. А за тоа зошто реагираме кога ги напаѓаат нашите партнери - веројатно пошто ги сакаме?!? Место јас да зборам лошо за него за да извадам од мене а коментарите да бидат насочени кон решавање на проблемот наш со комуникација и финансии (како што беа нормалните коментари), ме ставивте во ситуација да го бранам - така што фала ви и за оваа перцепција
Да, јас родител отпишав кога ми кажа еден лош збор, не па партнер. Бев тешка будала порано, али фала богу во еден момент ставив стоп на таквото мое самоебавање. И не, јас сум напротив многу самокритична, дури и премногу. Ама таква сум во ситуации кога не е јасно кој е крив и секогаш го имам моментот чекај може е до мене. На пример на работа кога излегува проблем, грешка секогаш прво барам каде јас сум згрешила, пред да посочам прст кон друг. А кога е јасно дека не е до мене, е тука не давам некој да прави будала од мене. Маани имаме сите. И нашите партнери. И мојот. На пример јас сум малце тежок паничар во некои ситуации, не може нешто долго време да ми го држи исто вниманието, жива особа сум и не ме држи место. И сум многу неодлучна. Знам и да креирам страшни фејк сценарија во глава кога сум во паника. Дм па често сака да ми зборува долго или ми праќа видеа за теми кои него го интересираат и по некое време губам интерес или ми треба пауза пред да продолжи. Еве тоа што ме нервира кај него е што не бара помош кога му треба, сака сам, не сака да малтретира никого, да биде товар. Или кога инсистира да ми помогне за нешто што можам и сакам сама. И е некогаш многу специфичен за тоа што јаде, од каде јаде, какви производи за хигиена користи. А при нервоза е уствари многу смирена особа. Ама ова се маани што не се личен напад на другиот, можете да се прилагодите и прифатите и не се чувствувате загрозено кога ги гледате тие маани. А закани за ќотек не е таква маана. Јас кажаното го сфаќам озбилно. Не мислел така? Е јас не читам мисли, слушам зборови, гледам постапки. Кажаното и направеното за мене е клучно, за помисленото може до утре да се лажеме како било. И затоа пред да кажам нешто трипати мислам. И према партнер и према било кој. И секој треба. Крај крајова, правете што сакате, трпете и навреди и ќотеци и све, со сила не може да ве натера човек да бидете увредени. Еве предложи му стручно лице. Ако прифати, топ, значи сака да се поправи. Ако не, јасно е на што си
Тотално те подржувам во се, од збор до збор. Само празна глава може да смисли дека маж се остава после една караница. Тие јаките баш би сакала да ги видам у живо Од човекот направија насилник, лигуш, дека те тепа итн итн….. Никогаш не сум подржувала лош брак, имам мн мислења и пишувано дека развод е секогаш попаметно решение од трпење на било што. Кај тебе пак ке кажам гледам само моментално лош период, кој го има поголем дел порано или подоцна. Ако кренеш раце при првата караница, воопшто не треба ни да влагаш у заедница! Така да коментари од типот “трпете навреди увреди ќотеци шо да ви правам” воопшто не ги перципирај. Се надевам на што побрзо решение и пиши тука да не се секираат
Еве, стручно лице-на пример стечаен управник Има разлика меѓу ќотеци, навреди и брачни расправии и кризи. Овие вториве ги има во апсолутно секој брак. За врска, во истава оваа тема имам кажано- ако има љубовни проблеми, тури му пепел. На брак не можеш да му туриш пепел на првиот проблем и расправија, со таков став поарно не влегувај во брак. Нешто е црно, нешто е бело, ова не е ни црно ни бело. Не сме сите жени ни жртви, ни од стокхолмски синдром патиме, не споредувајте неспоредливи работи. Абе еве и јас, ко ќе читам некои коментари викам ,,ќе се обесам,, можда е предвесник на самоубиство. А брак не е само уживање, ама тоа е друга тема. Ко што реков- и во добро, и во лошо...
Да, во добро и во лошо заедно. Ако лошото е- ти трпи, јас ќе си го прчам, нема што да тераме. И зборам за уживање со личноста, а не низ животни ситуации.
Не сум ни за двете екстреми да се трпи или па да не се истолерира ни еден збор кажан во лутина, она за кое мислам не треба да се толерира е нешто што е дел од карактерот и е неменливо и тоа ако се препознае а се повторило неколку пати џабе е давање шанси нема ништо да се смени ..