Да, ама во конкретниов случај и двајцата трпат, никој не си го прчи. Тие немаат проблем меѓу себе, проблемот е од надворешна природа. Нервозно е, ама се надминува.
А што е тоа што бракот го праи посилен од врска? Листот хартија? Децата? Што според вас е во добро и во лошо? Да ги трошиме моите пари за се, додека неговите се само негови за кафана? Како може од зрел маж со фамилија и деца да кажете дека е океееј што триши пари по кафана, на плаќа сметки, не пазарува, не плаќа кредит? Каков период е тоа воопшто? Членката кажала дека работел долги саати, значи сепак зема пари. Каде се тие пари? Зошто не плаќа барем сметки? Или ратата од кредит? Валјда не заработува месечно само 50 евра. Овде проблемот е премногу длабок и не е само во тоа за тебе само ќотек. Да делиш кров, кревет и цел живот со човек што неговите пари не сака да ги дели и ги чува/троши за себе воопшто не е во ред. Посебно кога си во долгови. Да не работи воопшто разбирам, секој брак има и таков период каде едниот партнер изгубил работа па треба време да најде дома. Ама да работи, да зема пари и дома ништо да не подмирува финансиски? И не, никој не е должен ништо да трпи. Што дека е брак? Каков ви е тој изговор? Што демек мојата работа е полесна и платата не е заработена со мака па во ред е јас апсолутно се да подмирувам, а тој нека пие со кумот, жалниот тешко ги заработува парите. Понекогаш стварно се замислувам кога читам одредени коментари за брак. Ништо нема да трпам. Дома ме чувале како капка роса, сум се образовала и работела од мала, нема да дозволам некој "маж" да ме користи финансиски и да прави кловн од мене па макар и 50 години да сме во брак. Брак било тоа, еден брак што да ти кажувам. За тебе само ќотек. А за тебе брат што? Тешко му било, криза му било заради бизнисот. Па немаш 15 години, утре може многу поголема криза да дојде и како очекуваш тој човек да реагира. На секоја препрека со закани? Да сум свесна дека дома е криза, долгови, кредити, и да одам намерно по кафани, нокти, трепки треба стварно да не ми е дојдено ни до браков ни до фамилијата. Ама океј е, барем знаеме дека најчесто некои живеат за другите. Кажете што сакате, овде проблемот е многу поголем отколку пивото со кумот и за тебе само ќотек, само некои овде пишат и очекуваат сите да кажат дека он е маж, тоа му е во природата.
Ох, јас мислам дека треба многу истрајност да продолжиш да сакаш некој шо 1) е неодговорен со пари на сметка на целото семејство; 2) шо би рекол дека нема доминација врз мене како маж; 3) кој не си ги извршва домашните обврски (не да помага! и негови обврски се); 4) дека за мене било само ќотек (?!) итн. Јас тргам во себе и утрово наново читав дискусијата да не пропуштам нешто зошто жени шо би заминале од та ситуација беа осудени. Лично? Ми се суши од вакви ситуации и та хемија шо би ја имала, единственото нешто функционално - ќе го снема. But that's just me, чувствата ми се ко копче за приклучи- исклучи на сијалица. И следно, парче хартија не диктира љубов и почит. Или имаш, или немаш. Само оти е брак, не значи дека мора да го спасиш по секоја цена. Ова не е за конкретната ситуација, конкретната ситуација ја коментирам во нареден пасус. Ова е поќе како рефлексија на коментарите на оргиналната ситуација. Од ко тргнав ова од патот, не е мешање во то дали работи тој или не и шо работи ако страда целото семејство од тој бизнис. Вие сте семејство, вие сте едно. Ако нешто не функционира - не функционира за сите. Ако работи 17+ сати, треба да има профит за тие 17+ сати. Со самото то шо бизнисот пропаѓа и профитот е мал и испаѓа ко џабе да работи толку сати. Со то шо профитот е мал семејството губи. И то губи неколку работи: 1) родител, 2) партнер и 3) финансии. Ако затвори бизнис ко шо предложија па чак и да не работи како во еден од примерите - барем во домот ќе е присутен. Ако реши и да работи за плата, ќе се среди и делот со финансиите. За полесно да го прифати ова би рекла посета на психолог. Па чак и заедно на брачно советување.
Ај сега, за доминацијата, мажите и работата. Под претпоставка дека ја знаеме приказната дека маж оди да лови а жена дома сее, таму е доминацијата. Во комунизмот двајцата одат на работа, ама мажот тегне вреќи цементо и праи куќа. Во новиов ,,кретено-капитализам,, мажот е газда на фирма, жената работи за плата. Или па работи за плата, ама платата му е поголема ради џендер пеј гап. Ментални и реални заебанции за одржување на идејата за доминација. Во реалност, како во вицот, маж одлучува за битни работи, за небитни (како кај ќе живеат, дали да купат кола или авион, дали да одат на одмор на хаваи или во халкидики) одлучува жена (не е познато кои се битните работи). Се убаво си пиша членката, од газда до вработен, му било од коњ на магаре.Е сега коњот гладен, пред умирање, ама коњ е јбг. Затоа реков- помалку каприци. Водење бизнис во Македонија, ако не е криминогено, е скоро па невозможна мисија. И светските статистики за успешност на бизниси не е весела. Е сега, колку време трае кризава и колку време е премногу време не знаеме. Значи постои надеж дека еве, ќе се опраи, за икс, испилоно време, еве само што не тргнало, па ако тргне да бара работа за плата за колку време ќе ја најде, значи период е, што треба да се преживее. Или истрпи. Кога релацијата станува различна од врска-за тие што никако не им е јасно - кога во сликата има дете. Пошто на тоа дете не му е пресудно дали има пари за 100 или за 2 играчки, пресудно му е да живее во стабилно опкружување. Одговорни луѓе за родители кои ќе ги тргнат настрана своите каприци и ќе размислуваат како возрасни. Финансиски флуктуации се најмалиот можен проблем, а една експлозивна караница е далеку од драмата која некој си ја замислува. Не знам уствари ни зошто пиша членката, мислам дека нејзе се и е јасно. Јас не го оставив мажот ми кога падна бизнисот во криза, го чекав да му созрее идеата за следниот чекор. Исто ко што не ме остави тој кога решив да не работам за семки и се посветив на магистерски студии. Исто ко што не го оставив кога имаше здравствена криза. Исто ко што не се оставивме за време на реконструкцијата на стан. Пошто сме семејство, пошто сме едно, или 1+1=3. Каков брачен предизвик е реконструкција на стан, во некоја друга тема.
Според мене, не знам зошто тргна дискусијата да се потенцира дека бракот не е само пеперутки и светки и дека бракот е и во добро и во лошо. Бракот Е да се биде заедно и во добро и во лошо. Ама и во добро и во лошо, бракот значи партнерство. Партнерство значи и кога бизнисот ти е пред колапс, а жена ти презела сè на свој грб, да отидеш дома и да и покажеш колку тоа го цениш и дека нејзината поддршка многу ти значи. И дека заедно ќе пребродите што и да е. А не, да си влезеш во филм како типичен балканец дека таа е тука секако, ќе покрие што и да треба, и за поклон за брат ми и за детето ќе среди, ем ќе ме испере и ќе ми зготви. А јас при прва исплата, ќе си отидам во кафана да си го прчам со некој друг, иако дома знам дека нема за памперс. Па уште психолог му требало ова да го сфати Односно, најмал проблем е што моментално сè е на нејзин грб. Проблем е што мажот тоа не го цени. Да прави партнерот сè за тебе во тежок период, а ти да му возвраќаш со тоа што ќе го земаш здраво за готово, ќе си се приоритизираш само самиот себе, кафаните, кумови и свое его - Ете тоа не е партнерство
Аха, па и на психолог да отишле Људи мои, таквите мажи немаат потреба да одат на психолог, оти они не се стресираат самите себе туку ги стресираат сите околу нив.
Од увек ми се најслатки ваквите што патка не ги боли за децата, ни ЕДНАШ не ги спомнуваат. Али ок, да мислеа на нив, ќе пазеа со кого ги прават, а потоа и со кого ги растат. Мајчински инстинкти where?
Мене ми е најтрагично шти во првите 2 мислења има се изнапишано и остава впечаток како типичен маж што не се замара за дом и фамилија и на секоја препрека се заканува со насилство. И потоа 3тото мислење и натаму АМА ТОЈ Е ДОБАР ЧОВЕК и ние овде преовиличуваме, брак - институција голема. Каде? Како? Што е тоа што го прави добар?
@Јас таа можеби за неа си е добар, ние за нас можеме да кажеме дали е нешто добро или не, а не за друг.
Па можеби ако живееш со нив ќе дознаеш.Или најлесно е суди му на другите врз основа на една ситуација.Секоја приказна има поширока слика.И ако читате тоа што се пишува немаше да оставате вакви коментари.Членката убаво напиша дека во овај кризен момент со бизнисот не помага дома,а не дека секогаш било така. Мислам дека ја претера сега со коментаров.Спомнато е и детото,така да препрочитај уште еднаш пред да напишеш нешто вакво.
@Biljarkata за мене партнерство е еднаквост дури и сега јас поќе да придонесвам, па дури и тој ко ќе поќе придонесва. Нема простор за доминирање во партнерство (сем во секс, ако така им прија). Така да се шо мене ме интересира, ако партнер ми го речи то - I'll get the ick во најмала рака. Јас се согласувам дека е криза и дека можи да се преброди на овај или оној начин. Пак, за мене, би било проблем ако егото е на прво место (од коњ на магаре, а коњот пред умирање), а не благосостојбата на смејството и детето (присутност и финансии, со "нормална" работа не само финансии, ќе биди поприсутен во домот каде вервам фали и како маж и како татко, ако е 17+ сати надвор од домот). Јас знам дека има кризи и знам дека има тешки периоди и вервам дека поќето успеват да излезат на крај. Ете и ти спомна шо се со твојот партнер сте поминале. Е сега, не значи дека секој пар можи да ги помини кризите. Впрочем имаш очекувани и неочекувани кризи како шо се движи семејството. И секоја си има своја улога да го разниша семејството. И некои успеваат поќе, зависно шо партнерите вреднуват и колку едниот партнер (или двата) се оддалечуваат од тој вредносен систем кои сами си го поставиле. Зато велам за мене, би било одбивно партнер ем финансиски да не придонесва, па уште да не е во домот присутен. Радо би ич да не работи ама да е присутен за мене и за детето. Оти ако ем работи, ем за без пари е lose-lose ситуација за сите, па дури и за него. Си остава младоста, животот - за шо? Е сега за врска-брак релација. Да Билјарке, парче хартија не треба да го смени односот кој го имаш со партнерот. Не треба да не трпиш во врска, ама во брак да попушташ оти си шкртнал во матично. И апсолутно да, дете менва ситуација и уствари сите одлуки треба да бидат за благосостојбата на то дете. Е, са многу луѓе и грешно ја сфаќат ова реченица, зато имаме партнери кои се мразат ама се заедно ради детето. А, то се сем поволно влијај на детето. Си готви траума. Ама еј, барем ќе е смешно ко ќе порасни. Нормално, овај дел не е за ова ситуација. Се осеќам како да не е доволно јасно, па да нагласам.
Да, стварно, и јас кога се навратив да прочитам сфаќам дека во првите два коменати си rant-ам ко без компас, и супер што добив такви коментари назад за да се подесам малку психички. И пробав да ја дообјаснам ситуацијата понатаму. Затоа и пишав во некој коментар дека многу од вас не сте од помош, затоа што јас го почнав моабетот со желба да извадам нервоза од себе, а вие како надворешни посматрачи би требало да бидете конструктивни, без разлика дали имате позитивно или негативно мислење за ситуацијата, а не да додавате бес или да се фалите колку сте паметни. Ама тоа е мое мислење - како јас би постапила кога некој би ми кажал проблем и побарал совет. Што ти е проблем па тебе детево мое што не го спомнувам? Ме trigger-на со коментаров многу. Баш детето нема поента да биде спомнато зошто проблеми меѓу родителите немаат врска со нејзе. Какви мајчински инстинкти бе сестро? Мислев дека мајчински инстинкти се (ако прочиташ по други теми што имам коментирано) што кога ја болеа непцата и сите околу ми велеа вади заби - ништо не е, јас имав некое чувство во себе што ми велеше сепак да отидам на доктор. И испадна инфекција. Мајчински инстикнти веројатно се истите што ме натераа да се расправам со татко и за подобар живот. И ти поима немаш колку пати кога се деси кавгата сум размислила дали давам добар пример за ќерка ми и дали сакам да биде она со ваков човек кога ќе порасне. Да завршам со дискусијава - доста е, супер сме си ние двајца моментално за тие што ги интересира. Викендов беше топ - дружење, зезање, трошење негови пари . Ќе ги заврши проективе што му се почнати до крај септември и паралелно правиме реевалуација до каде сме. И он мисли дека можеби треба да ја затвори фирмата, не го прифати толку страшно тој моабет.
Уствари заминувањето од брак е повеќе "гласно". Имаш развод, селење и делење, судења, па сите комшии и роднини до 7мо колено ќе те разберат дека не сте веќе заедно. А во врска ставаш крај и чао пријатно. И затоа демек ај ќе трпиме во брак за да не се малтретираме сеа со сите тракатанци Али постојат стварно страшни работи што може маж ти да ти ги каже или направи еднаш, а што се ултимативна причина за развод. Лично многу ми е мило што го немам припиено тој менталитет да се ставам себе на второ место во било каква врска.
@Emitrpc_123 камо среќа да те тригернеше повеќе односот на маж ти кон тебе и детето, отколку моето спомнување на детето во никаков лош контекст... И мене ме тригерна твојот пост, па и туѓи, па никому ништо. Ти си коментираш, јас коментирам назад. Секој ќе си тера како сака. Поздрав.
Ве читам и се чудам, ја направивте женава од пишаното нејзино е дека мажот и ја кичми,ја прекршува бе, не го било Ставре за неа и детето, не е заинтересеиран за дом ,само по кафани е, троши пари ко Рокфелер и тоа нејзини не свои ( човекот изгледа нема скапан денар во него според вас) треба да го остави еве ја предлагам не само да го остави и да го отепа може? Жената беше под емоции кога пиша за кафаната а не и дал за памперси. Може и било тука да се истресе за да не се тресе повторно на него. Јас имам купено чистач на пареа од 1200 кога имавме само 3000 до плата, може маж ми го читавте тука не знам ама еве здрави прави сме, се испокаравме ко луѓе и продолживме даље. На секој му се дешава, тоа е. Тоа му било начин да не мисли на сето срање кое му се случило, момент на слабост што се вели. Кој немал вакви кризи во брак нека крене два прста, Мислам темана што е - денес ќе се разведев.. ( така нешто беше) какви паразити од мажи има а тука сите до една сте светици. Најубаво е развод, ама седни реши го проблемот да те видам. Тогаш ќе значиш нешто кога наоѓаш решение. Секој од нас може да западне во ваква криза како што е сопругот нејзин, тука се мери вашата величина.
Здраво девојки, дојдов тука бидејќи имам проблем кој ми тежи на душа и сакам некаде да се искажам, а воедно да побарам и совет. Дури не знам ни како да почнам, но, што кога никој не ве сака? Што кога не можам да најдам ниту едно момче кое искрено и вистински сака нешто со мене? Имам 25 години и никогаш сум немала дечко, ниту па некој кој и најмалце ме сака, или во најмала рака барем да ме чува до себе. Целиот мој живот одам од дејт на дејт, некои ги снемува после првиот, со некои сме се гледале повеќе пати, но секогаш истиот крај: никој не е заинтересиран. Не сум лоша физички, немам лош карактер, не сум ни посакала лошо на некому. Многу сум тивка, не се експонирам, не зборувам многу, можеби е тоа причината, но искрено долго време се прашувам каде е проблемот во мене и зошто се случува ова. Еве последниов месец почнав да излегувам со едно момче, се беше прекрасно, конечно мислев дека е заинтересиран и сериозен, кога одеднаш се се смени. Последниве дена го нема никаде, ниту да ми пише, ниту да ме побара да се видиме. А почнавме као демек ‘врска’. Не сум разочарана затоа што не ми е ништо ново, секогаш вака се завршувало, но ќе излажам ако кажам дека ми е сеедно. Зошто се случува ова? Како да се поставам јас, да му спомнам ли нешто зошто го снема или едноставно да оставам се? Мене ми е доста јасно дека ако беше заинтересиран ќе покажеше, но не знам како да се поставам во оваа ситуација? Има ли барем некој начин на кој што може ова да се смени, ублажи, дали некоја некогаш од вас се нашла во ваква ситуација?
@evad Според мене, стави го моментално дејтингот на пауза и целосно фокусирај се на себе. Не трчи по ниту едно машко, најмалку па да му пишуваш зошто го нема. Го нема бидејќи не е заинтересиран, најверојатно има и друга и кратко кажано таков не ти ни треба. За вистинскиот кој ќе те сака и кој вистински ќе биде заинтересиран, нема да треба ништо да правиш - освен да постоиш Што е твое и за тебе, верувај нема да те одмине. Сега за сега, фокусирај се на себе: Зајакни си ја љубовта кон себе, зголеми си ја самодовербата, започни да вежбаш, иди на педикир, купи си нова облека т.е инвестирај си во себе умствено и физички. Звучи клише, ама тоа е клучот. Енергијата и вниманието мора да си го насочиш кон себе. Воедно, пополни си го слободното време на квалитетен начин и не се опседнувај со негативни работи. You've got this
Ептен те разбирам. На таа возраст сум се чувствувала и јас слично. Ми беше непријатно ама неможам да кажам дека тоа ми го нарушуваше функционирањето и живеењето. Едноставно не тргнуваше. Или т.н. врски кратко ќе траат, или ќе се чувствувам запоставена, или ќе прекине интерес дали од една или од обете страни, или ќе забележам некои red flags па јас ќе се тргнам, генерално во тој период не бев задоволна од тоа како се одвиваше љубовниот живот. Сите другарки имаа ептен сериозни врски, само јас бев сама во најголем дел од времето. Но, точно знаев што сакав, па затоа не се разочарував за пропаднатите односи. Ова траеше се додека не го запознав сопругот, за кратко време знаев дека тоа е тоа и бев благодарна на себеси што не дозволив претходните "пропаднати" врски да ме уништат. Си го живеев животот, си носев самостојни одлуки, си терав едноставно. Опушти се, се согласувам со советите од претходниот коментар. Сѐ ќе си дојде на свое.
Дури не знам ни како да почнам, но, што кога никој не ве сака? Што кога не можам да најдам ниту едно момче кое искрено и вистински сака нешто со мене? Имам 25 години и никогаш сум немала дечко, ниту па некој кој и најмалце ме сака, или во најмала рака барем да ме чува до себе. Целиот мој живот одам од дејт на дејт, некои ги снемува после првиот, со некои сме се гледале повеќе пати, но секогаш истиот крај: никој не е заинтересиран. Не сум лоша физички, немам лош карактер, не сум ни посакала лошо на некому. Многу сум тивка, не се експонирам, не зборувам многу, можеби е тоа причината, но искрено долго време се прашувам каде е проблемот во мене и зошто се случува ова. Еве последниов месец почнав да излегувам со едно момче, се беше прекрасно, конечно мислев дека е заинтересиран и сериозен, кога одеднаш се се смени. Последниве дена го нема никаде, ниту да ми пише, ниту да ме побара да се видиме. А почнавме као демек ‘врска’. Не сум разочарана затоа што не ми е ништо ново, секогаш вака се завршувало, но ќе излажам ако кажам дека ми е сеедно. Зошто се случува ова? Како да се поставам јас, да му спомнам ли нешто зошто го снема или едноставно да оставам се? Мене ми е доста јасно дека ако беше заинтересиран ќе покажеше, но не знам како да се поставам во оваа ситуација? Има ли барем некој начин на кој што може ова да се смени, ублажи, дали некоја некогаш од вас се нашла во ваква ситуација?[/QUOTE] Мислам дека треба вибрацијата да си ја смениш, она што мислиш тоа ти се и случува, треба целиот мајндсет да го промениш. Самодовербата ти е ниска, сум имала многу такви другарки, така зрачиш затоа и привлекуваш такви дечки. Треба да се фокусираш на себе прво! Кога ке дојде вистинскиот нема да има потешкотии, ке оди лесно, а не со молење…. Така да остави го дечкото и работи си на себе. Прво треба да се сакаш самата себе, за да те сака некој друг!