И јас сум во идентична ситуација. Се омажив многу млада, ни сама не знам зошто, мислев така ќе избегнам од проблеми дома но погрешив. Сакајки да избегам од едни проблеми си направив уште поголеми. Кога сите мои врсници студираа, шетаа, уживаа и си го живееа животот јас се расправав со проблеми во брак со свекрва, ручеци, сметки плаќање и сл. После неколку години тортура се разведов. Во меѓувреме имав уште една неуспешна врска која траеше скоро година дена. Требаше и на одмор да идеме заедно, пропадна се зошто веќе не можев да трпам манипулации и психичко малтретирање. И сега сум буквално сама. Сите другарки, братучедки, колешки се мажени или имаат дечковци, си спремаат свадби и со нив си идат по одмори. Јас немав со кого и седев дома, иако ми пропадна доста голема сума на пари. Не ги жалам парите, но некако мислам дека многу си го зафркнав животот и дека засекогаш ќе останам сама. Не сум опседната со тоа по секоја цена да имам дечко или било какви другарки, но искрено многу сум осамена, а секому му треба друштво. Почнав да правам некои промени, да читам книги, си купив нова облека и да си го пополнувам времето дури се случува да си земам кафе за носење и сама пијам во парк, само за да излезам од дома. Осамена сум многу и мислам дека како што минува времето потешко е и за партнер да се најде зошто сите што ми се приближни до годините или се женети или во врска.
Здраво девојки. Имам една за мене голема мака и не бев сигурна каде да го поставам прашањево. Имам 30 години и живеам во мал град во Македонија. Пред 1 година се разведов. Немам деца. Православна христијанка сум и верник. Во меѓувреме запознавам човек, 34 год. разведен, со 6 годишно дете. Ми пружи целосна поддршка во моментите кога ми требаше. Хемија имаше од сам почеток. Разговори...едноставно ми се случи љубов. Е сега...низ неврзан разговор ми има спомнато дека по татко е Католик и дека Божиќ слави на 25 декември, како и дека не слави Бадник, имендени и сл. И толку беше за тој муабет, не се спомна ништо. Во цел период на дружба (5 месеци), му немав спомнато ниту дека постам, ниту било што, а поврзано со религијата. Потекнувам од многу, многу традиционална фамилија. Моите, особено мајка ми, многу тешко го прифати разводот. Во човекот што го запознав засега, сметам дека имам се што ми треба, особено по траумата што ја доживеав. Тој би сакал семејство и повторно да се оствари како татко. Се мачам ....како да ја начнам таа тема...јас би сакала да сум венчана во Православна црква и моите деца да ги воспитувам така. Се плашам ...да не го изгубам како човек многу е тешко да се најде "нормален" партнер. Моите не се запознати со ова, мајка ми знае дека тек тук излегувам со него и тешко го прифаќа фактот дека има дете. Многу ми е тешко. Ве молам за мислења. Благодарам
@Lily12 ти ги прочитав мислењата и кога си пишувала дека се разведуваш си имала 33 години, а сега 30 години, се сум мислел дека годините напред идат, а не назад. А во врска со проблемот не си ни прва ни последна што се заљубила во разведен со дете или што е од друга религија, така да прави си на тебе како ти одговара а не на другите, бидејќи ти ќе живееш со него а не другите.
За ништо не си виновна ти. Ти НЕ си одговорна за туѓи постапки. ТИ си повеќе од доволна. Тоа се слабичи. Фокус и работа на себе. Хоби, активност. Се што те исполнува. Не се минимизирај себеси. Јас би му напишала порака, не за да барам објаснување, туку да му дадам до знаење што мислам. Главата горе, девојко!
Најважна е твојата среќа,немој никој да слушаш ни мајка бидејќи ти си таа што ќе живее со тој човек а детето прифати го и со него имај деца .Што ако тој е љубовта на твојот живот?Инаку за религијата, католик е исто христијанин се почесто има такви бракови ,пред се да биде човек па се останато .Ако си се развела ,не си должна да останеш сама , животот продолжува.И моите родители беа строги кон мене и грешката во животот ја платив скапо од тоа што се потресував на мајка ми само ме оговараа луѓето и со примитивните ставови на татко ми кој не даваше да излегувам во дискотека со цел да ме заштити од светот,кршев прозорци дома како тинејџерка.
@hermosa па и не баш исто Католик и Православен, доколку се реши да се венчаат во Црква ќе треба младоженецот, невестата, кумот, старосватот и деверот да се Православни и да се крстени, зборам за Православни Христијани, за кај католиците незнам како е венчавка во Црква.
Така е но сепак и тие се христијани,јас и не би со католик точно заради тоа,ама ако се вљуби човек што можеме.Различни обичаи имаат ,се е јасно дека разлика има .
Ајде сега вечерва отворете дебата на тема религија во брак.. како пред некој ден со становите.. да биди интересно..
@hermosa Да и католиците се Христијани, но во се има разлика од правила на постење, на Причест, на подготовка на Причеста, во бирање на Папа и Патријарх, во Иконите е разликата...
Немав храброст да го прашам за венчавката со бившата сопруга. Она е исто Православна. Низ разговор ми има спомнато за венчалната бурма. Детето му е крстено тоа сигурно, но не знам каде. Јас само се плашам дека тој нема да отстапи од своето...
И не знам како би реагирал на се ова.... Можеби ќе му пречат моите ставови и размислувања. Направив грешка што ова не го ставив на маса за разговор од сам почеток.
Живеам во доминантно католичка земја. Знаеш дека имаат огромно почитување кон православните. И истата религија е, не е нешто поразлично. Ако тебе не ти смета (а искрено и не гледам причина да ти смета), продолжете. Не знам колку време се гледате, ама можеш да го прашаш какво гледање има на православните (иако сигурна сум дека воопшто не се замара со католици и православни).
Воопшто не се замара. Има живеено во Шведска. Не е религиозен воопшто. Затоа и се плашам. Во смисла можеби ќе му пречи...пост,Причест...
Девојче не. Нема да му пречи. Нема. Сум била во врска со католик, ама воопшто не се замара дали сум постела, дали не, итн. Многу полабави се од православните. Верувај дека нема да му смета. Ќе му смета само ако ти му наметнуваш дека мора тој да пости, мора да оди во црква итн.
Имам другарка омажена за католик. Ја прашав како кршат погача со паричка,ми вика кршиме два пати. Еднаш кога е католичкиот божиќ,и еднаш православниот. Никој не им се противеше од фамилијата,дури мислам дека и венчавка правеа во католичката црква,не мора да значи дека е католик или треба да менува вера. Плус тоа ми рече дека не платиле денар,додека кај нас во православната црква ќе те одерат со нивните тарифи. За се има решение ако се сака. Ако го сакаш бори се,разговарај отворено..немора да правите венчавка. Крај краева може само регистрација во матично и тоа е тоа. Нека живее љубовта! @Lily12
Што е тоа-отстапување од своето? И што е проблематично со твоите ставови и размислувања? Велиш, порасната си во традиционално семејство. Ама ти не си твоето семејство, ти си независна личност. Сакаш да постиш- пости, кој ти брани. Само без забегување, не можеш да очекуваш да го преобратиш него и тој да практицира вера исто како тебе.
Би сакала да бидам венчана во Православна црква. Затоа реков "отстапување од свое" Многу сум збунета. Околината ми прави дополнителен терет. Мајка ми особено.
Околината додека ти проповеда тебе како треба да го живееш животот, си прави како си сака. На 30 години веќе е време да не се водиш според околината или желбите на мајка ти. Извагај си што сакаш и што ти е битно. Не е страшно ни да го тераш ќефот на мајка ти, па не мора да бидеш со љубениот. Во животов има многу опции и варијанти. Мисли, бирај, комбинирај.