Не мислам дека би му било проблем да се венча во православна, мормонска, протестантска, ватевр црква, ако сака да биде со тебе. Не знам каков притисок ти прави мајка ти. Јас искрено мислам дека 5 месеци врска се премалку за брак и вакви планирања. Тој ти спомнал брак или ти го идеализираш па си правиш планови, што би било, кога би било?
Апсолутно се е различно, кажи што е исто, јас ќе ти набројам сите работи што се различни, но дали ти ќе најдеш неколку што се исти.
Кои се тие работи кажи ги, Причеста не се приготвува исто, постот не е ист, кај Православните мора младоженецот и невестата да се Православни за да се венчаат...
Веруваме во ист Бог, истите правила на верување се, истите божји заповеди, истата Библија. Причесната исто значење го има. И не мора да се двата православни за да склучат брак.
Исто значење има ново не се праве исто Причеста, прашај во Црква дали ќе ќе венчаат ако еден од двајцата не е Православен.
Си бил во католичка црква да видиш како се подготвува причесната? Истото е. И да, може брак меѓу православен и католик.
Не сум бил, но свештеници ми кажува како се приготвува кај нив, да брак може само со регистрација во матично, но во Црква да се венчаат мора и двајцата да се Православни, исто разликата е во како се крстеме, во иконите има разлика, во верувањата околу Богородица и Светиот Дух има разлика.
@Lily12 Познавам многу религиозни луѓе кои го постат секој пост и секоја недела се на цеква, а се толку многу нечесни што ниту еден пост нема да му го обели образот. Доколку мајка ти ги мери луѓето според то, нејзин проблем. Доколку таа сакала да живее во претерано религиозен брак, нејзина одлука. Имаш 30 години и одлучуваш сама за себе. Се додека ја ставаш среќата на мајка ти пред твојата, нема да бидеш исполнета и среќна во животот. Инаку на темава, има многу луѓе кои остануваат во несреќни бракови само за родителите да бидат среќни и да не се "посрамотат" пред другите.
Би сакала да споделам со вас нешто со што се соочувам подолго време. Можеби некоја имала слично искуство како моето и може да сподели со мене. Вака започна мојата приказна... Се запознав со еден дечко и почнавме да излегуваме, само од почеток ми изгледаше како повлечен,на моменти чуден, не можев да извлечам нешто од него, разговаравме за општи теми но ништо подлабоко. Инсистираше да одиме на места каде што нема многу луѓе, не сакал врева и гужви. Го почитував сето тоа но ми беше чудно што воопшто не го превзема првиот чекор, ни бакнеж ни никаква интимност. Ми одговори дека се осеќал како тинејџер што ја испраќа девојката и дека сакал да почнеме да живееме заедно да се вериме за да се чуствувал послободно. Го прифатив предлогот, можеби и поради годините што ги имам, мислев дека конечно ќе се опушти и ќе се подобрат работите. Почнавме да живееме заедно но сепак ништо не се смени, никаква интимност меѓу нас. Сме разговарале за тоа и ми вели не можам да ти дадам одговор, ми треба време за да се случи тоа. Единствено што го интересира е да гледа фудбал и со другарот да излегува. Помина веќе доста време, не разговара на темата семејство, брак, деца, сето тоа што го посакувам него не го интересира. Посакувам да си заминам но многу се срамам да се вратам кај родителите, затоа што живеам во помал град и ќе бидам покажана со прст, ќе бидам исмеана.
Здраво Мене ми звучи дека дечково е проблем сам по себе. Не може да се поврзе интимно со тебе, има сиромашен социјален и емоционален живот, веројатно е возрасен а сеуште се однесува (и се чувствува) како тинејџер. Предлогот да живеете заедно мене ми изгледа како очаен обид да ги исполни социјалните норми и очекувањата можеби твои, на неговите или лични, но очигледно ни тоа живеење него внатрешно не го поместува. И не може да го помести. Таму и да правиш иднина, секогаш ќе е празно, бидејќи и сега така звучи. Нема да се смени ништо, со брак и со деца нема магично да му се свичне прекидачот и да стане емоционално присутен..и тогаш би си гледал фудбал и би бегал од дома зошто обврските ќе го оптоваруваат. Срам не-срам, подобро е да прекинеш сега отколку со сила да се обидуваш нешто да смениш или да дремеш таму и да ти мине времето. Не знам дали работиш или учиш, ама ако е неподносливо кај родителите, дали е опција да живееш под кирија? Дали има каде да се иселиш во близок, поголем град? Да се разбереме, лично сметам дека нема ништо срамно во тоа да си се вратиш дома. Јас би се вратила. Процени си ја ситуацијата, зборувај со твоите, ама базирај се на своето искуство, не да те убедува некој дека понашањево е нормално или дека ќе се смени. Не е нормално, не е зрело, па дури и мириса на патологија. Оди си на време. Секое чудо за три дена, во мал град и да си светица ако сакаат ќе ти измислат нешто. Терај си го твојот живот, имаш само еден!
Сум го помислила и тоа, сето ова е само да се прикаже дека е нормален пред светот а тој си живее сосема друг живот.
Искрено и мене ова ми текна.. интимност од прва го сфатив како да нема општо близина, споделување, муабети, гушкање, ама ако нема интимни односи, а живеете веќе заедно , Дора, скоро па сигурно ова е во позадина.
Неколку години одам во Црква, имам разговарано со свештени лица на оваа тема и велат доколку се венчаат во Црква мора и двајцата да се Православни и крстени!
Добро ај нека биде така, темава не е дали може или не, да не не банираат, околу ова во друга тема поздрав се најдобро
Religijata ili odredeno veruvanje moze da bide realen problem zavisi kolku ste posveteni na toa, kaj nekoi toa e samo formalen izbor a imas i takvi koi sekoj den go ziveat po tie odredeni principi, ako imate razlicni pogledi sigurno ke ima nedorazbiranja, a ako vi e samo za formalnost verovatno ne. @Lily12
@Lyli12 Ако ти си била венчана со црква и тој бил, за жал нема да можете да се венчате во црква. Разликат меѓу Христијаните и Католиците е од библиски размери. Меѓутоа биди свесна дека тие не се премногу врзани традиционално за религијата туку ги слават како обележје на денот. Тие ги почитуваат туѓите одлуки и тоа им е важно.