Cudno e toa sto tolku vreme ne ste bile intimni, mora da ima nesto, navistina cuden e tipot ili e gej ili aseksualen. @Dora01
Чекај чекај малкуу Дали добро разбрав ? Ти почна да живееш со него без да сте интимни, без да имате било каква близина без што??? Почна да живееш со него туку така ајде се договараме и од утре живееме заедно верени?? Исправете ме ако грешам??!
Па можи си помислила дека прај целибат или како и да се вели.. па ко че се земат ете секс. Ама мене овој ми делива на тип што не го привлекува девојкава или е асексуален.
Лили, ми се чини дека желбата да се венчаш во православна црква произлегува од потребата да ја задоволиш мајка ти и да добиеш одобрување од нејзе. Исто велиш „не знам дали тој би отстапил од своето“, а вамо ти си таа што не отстапуваш и сакаш венчавка и воспитување по одредени вредности. Во било која врска/брак кај што партнерите се од различни етнички групи, култури или вероисповести, потребна е подеднаква толеранција од двете страни и КОМПРОМИС. Не е во ред од едната страна да се бара да промени вера (на пример крштевање во православна црква), а другата страна да не сака да го стори тоа во католичка. Ќе си ги прифатите двајцата различностите. Во овој случај - бидејќи неговата поранешна сопруга била православна а тој немал проблем, ќе нема ни во овој случај со тебе, ти треба да поработиш на прифаќање на разликите од партнерот и да поработиш на давање слобода да си биде што сака и да си ја живее својата автентичност, ти својата. Децата ќе ја паметат среќата кога ќе седнат на таа маса за Божиќ или Велигден и семејната атмосфера, нема да паметат ниту да се секираат дали слават католички или православен празник. И тоа се оние вредности кои треба да се пренесат, да го имаат Бог во нив и да бидат добри луѓе, а не да се разделуваат зашто сме од различни вероисповести. Инаку во Македонија има многу парови кои се спој на православен и католик, од тие неколку кои јас ги познавам, само едни се венчани во православна црква а едниот партнер мораше да се крсти претходно за да се обави венчавката, не им прифаќаа поинаку. Сите, си прославуваат два пати Божиќ, два пати Велигден и си се ОК со тие мали разлики. Дора, не се срами, како викаат кај нас „свако чудо за три дана“ - мислам исто како и погорните одговори од членките. Добро размисли си, подобро со време да донесеш одлука.
Многу си грешка Немора да се и двајцата православни,или двајцата католици. Не ветува едниот во Алах,а другиот во Исус. Во ист бог веруваат. Црквата е католичка,нема врска друго ништо,ама баш ништо.
Добро ај јас сум грешка, ајде ќе се кладиме на што сакаш и ќе идеме бирај кај кој Владика да прашаме кој е во право тој е добитен може?
Не си ти грешка, другите се грешка. Во Православна Црква само Православни, на друго место што сакаат нека прават. Католици и остали глупости не се Христијани, нека не се залажуваат.
Што викаше дедо ми- ти колку што разбираш, толку душмани да останат. Не биле христијани бе. Што се, будисти можда?
Каде беа католиците и останати глупости во ПРВИОТ МИЛЕНИУМ ? Значи не година, две, деценија, век, туку цел милениум. Му текна на некој во 1054 година - не ни се бендисува моменталното Христијанство, ќе си направиме ново. До измислувањето на католицизмот немаше Христијани ? Цел милениум ? Тие што беа со Исус и што го прифатија, што се тие ? Па во 16ти век се собираат нови будали и си формираат протестантизам. Во 18ти век мислам, се формира/измислува адвентизмот. Така можиме секој ден ново христијанство да измислуваме. Ама толку си ја знаете верата, за жал.
Не знам јас кој кај бил пред 1000 години, женава прашува за денес. Вие слободно тумачете кој е поправилен христијанин во некоја друга тема, еве, може и ова да го тумачите https://www.europeantimes.news/mk/2022/08/црковниот-брак-во-православна-перспектива/ Доста беше оф топик.
Темава стана кој е попаметен/ поголем верник. Љубовни проблеми и совети! btw Човек да се покае што побарал совет. Ќе се изгуби после во филозофии.
Фала на сите што ќе прочитате...ќе се потрудам да скратам колку можам ; Пред една година ,на фб ме додаде еден дечко , ми делуваше познато ама ај си викам ќе го прифатам па ќе ми текне, со дечково зборевме ,одма се најдовме во муабет ден и ноќ ,еднаш се договориме да се видиме , ама тој ден почна многу да врне ми вика дечково не е проблем јас ќе те чекам и друг ден или не ми е проб да дојдам да те земам ,му викам не не ќе се видиме др ден вика епа важи ,се видовме и се беше ок ,ми ѕвонеше после тоа да збориме и пишувавме ,еднаш си викам ај ќе го тестирам нешто демек му викам гледам серија ,можеме утре да се чуеме вика ,не ќе почекам а работеше прва смена сабајле ,си викам овој се шали дека ќе чека ,ама се јави , муабет многу ни идеше , е сега делов...он цело време ми викаше во центар работам ,тука сум , после еден месец допишување си викам јас уште го немам прашано дечково од кај е, ми кажа од која населба и ми текна од кај ми е познат ...леле викам јас имам таму тетка и му кажувам која што како ,вика па јас ги знам нив , мене братучедка ти ми е втора братучетка, а си викам оттаму си ми познат значи ,сигурно некогаш кога сум доаѓала кај бр сум те видела ама не сме се знаеле вика еј па супер ,се погоди таа недела слава на тетка ми ,му пишувам еј ќе одам кај тетка ми ,ми враќа стварно ? мене братучед ти ме викна за утре друштво да се собереме ама ќе дојдам да се видиме ,јас стварно сакам да те видам ,ајде важи викам ... Братучедка ми сигурно знаеше дека се допишувам со него за братучед ми не знам баш ,од кога му кажав за братучедка ми , братучедка ми ми пишуваше на фб дека неколку пати кога ја сретнал ја прашувал за мене и ме позз преку неа...да не должам ..начекав прилика да се видам со него, излегов ,имаше многу гости внатре ,му реков ќе бидам во дворот дојди да се видиме ,вика важи одма сум тука...дечково доаѓа стварно беше среќен што ме гледа пак ,ме прегрна баш цврсто онака , леле вика баш сум среќен што се гледаме ,што ми дојде во населба ,викам па ете ,не се знае што носи животот случајно ова беше што ми испадна да дојдам ,зборевме нешто онака и викам ај да не се задржувам и тука братучед ми искочи да земел нешто и му вика (името на дечково ) еј дојди бе внатре на едно пиво и овој му вика не ,бе утре ќе се собереме и бр му вика не бе сеа до тука си дошол вика епа ај на кратко ....седевме во една соба ,јас сестра ми , братучедка ми ,братучед ми и уште двајца тројца од гостите... Да скратам ,убаво се однесуваше со мене ,му беше мило што се видовме ,чекав дека ќе ми пише нешто ,дечки ниедна порака не добив од него после тоа !!!! од дечко со кој зборевме 24/7 ,не сум некоја што иде по машки многу се мислев дали да му пишам и што?! Му пишав само , се ли е ок? Ми врати со: а што те интересира тебе тоа и што имаме ние да пишуваме ??? Дечково јас не го познавав веќе , му пишав само , ок е ,секако нема да ти сметам и гледам ме блокирал , јас останав со подотворена уста искрено ,дечково беше многу добар и стварно убаво се однесуваше со мене , не сум паметна ниту сега сум во состојба да мислам нешто ...Ваше мислење искрено ,што се случи со дечково за ваков однос према мене ?