Па.. кажи му го тоа на дечкото, не одолговлекувај, очигледно се заљубил во тебе, не дека те оправдувам, ама не те ни обвинувам, има и такви ситуации, се случува свашта во животот. Најважно, биди искрена со дечкото, кажи му како се чувствуваш и што ти е мисла, вака не верувам дека може да опстоите.
Кажи му , комуникација мора да постои.Па заедно одлучете,ама ако се двоумиш одговорот е не. Значи,пиши пропало на таа врска уште пред да почне .А ако го сакаш ,ќе најдеш начин да се вклопиш со неговиот начин на живот,само не го прифаќај ради реда дечкото.
Му се вратила девојката, ја фатила баш таа порака шо си му ја пишала и он морал да глуми верен дечко на векот со тоа шо те блокирал.
А дали тој е тоа што тебе ти е потребно? Многу поважно е тоа, според мене, за лична ориентација во животот и одлуките. Ако ти не се чувствуваш така, или доживуваш како он тебе повеќе те сака и ќе прави x,y , работи за тебе, се е тоа ок, додека во некој момент не почнеш да го презираш и да се осеќаш жртва во сопствениот живот, зошто си можела и подобро. Ова последново може во наводници, но и не, зошто можеби ако се двоумиш, можеш да си најдеш некој што многу повеќе ти одговара. Размисли си сама и имај предвид дека ние тука не ве познаваме.
Мислам дека го имаш земено здраво за готово и веројатно шо и да напрај џабе е. Не си губи време со него, а и него не му губи. Разделете се.. па можеби ќе сфатиш ете тоа тоа вложено време во некого љубов почит о заштита дека сепак вреди да се цени..
Здраво девојки, ве молам за совет за мојава ситуација, многу ми е тешко. Ќе биде ова многу долго затоа што сакам се да кажам за да видам дали сум јас проблемот навистина и како вие би постапиле.. Се запознав со еден дечко, се беше прекрасно, многу добро се однесуваше со мене и на почетокот бев многу среќна. Почнавме врска. Меѓутоа, почнаа да се случуваат некои ситуации како на пример: му најдов во колата подарок со буква, ми објасна дека бил од некое девојче што била опседната со него и многу го сакала, но тој немал ништо со неа, па ми вети дека ќе го средел тоа. Истиот ден ми рече да се сликаме и јас му реков ајде со мојот телефон (причината е затоа што не испаѓам добро на слики па сакав прво да ги видам пред да ги има тој), тој на тоа се налути и изнервира и почна да прави филмови како сум се криела од некој и не сум му верувала, сум мислела дека ќе ги злоупотреби. Нејсе, после некое време почна малце да е ладен, ми враќаше на пораки многу кратко и по неколку саати. Јас сум личност што не сака да замара и се лутеше пошто не сум му звонела. Живееме во различни градови, на 1 час оддалеченост и еднаш ми беше лут а јас бев болна и се нафатив да одам кај него да го видам. Се беше супер. Настинката ми се влоши и следните дена бев на инфузии и на боледување од на работа, меѓутоа се договоривме еден ден да отидам пак кај него. Тој ден ми дадоа 2 инфузии и му кажав дека ќе подзакаснам со тргање, на тоа тој почна да драми да не сум тргала, реков дека не ми е проблем и дека веќе дома кажав дека ќе ме нема, се чувствував добро. Ме направи подолу од магаре, многу се налути и викаше дека сум била инает и неразбрана. Си отидов дома, потоа ми звона и ми рече да отидам. Отидов кај него, ме однесе на убаво место и сакав да си имаме спомени и сликав со телефонот. Пошто е повисок од мене многу, му реков да се наведне малце за да се сликаме, па се изнервира пошто сум го кажала на заповеден начин и сум се понашала лошо. Носев во раката чанта и палто, а одејќи врвцата на патиките ми се одврзала и го замолив ако може да ми ја врзе, на тоа се испонаша многу лошо и со часови ми беше лут дека сум се однесувала многу лошо и сум заповедала. Немав лоша намера. Тогаш разговаравме и рече дека морам да се сменам. Реков добро. Следните дена истото, ладен, далечен. Една ноќ ме праша дали утредента сакам да одам со него од сабајле во друг град на 3 часа оддалеченост од неговиот, 4 од мојот и реков дека би сакала. Меѓутоа, моите родители спиеја, а сабајлето не можев само да им кажам дека одам таму, не знаат за момчево, едноставно немав изговор и ми беше проблем, па сабајлето му реков дека нема да можам. Не беше сам, одеше по работа таму, па не е дека го извисив или нешто, само едноставно не можев. Од тогаш се налути и цел ден го немаше. 3 пати му звонав, ми спушти, 100 пати му пишав не ми врати. Вечерта му звонав пак кога си дојде дома, кажа дека не очекувал дека сум ваква, мислел дека ќе се сменам ама сум останала иста, се јас сум расипала, се најлошо за мене. Ми спушти на гаден начин, како да ме избрка. Утредента не ми пиша ниту една порака, јас му звонав после работа во 6, и ме направи пепел затоа што не сум го побарала цел ден, се јас сум расипала, тој ме тестирал да ми го види вистинското лице, јас не сум го почитувала воопшто, јас не сум се трудела за него, 3000 работи и искрено ми падна претешко и многу ме изнервира и му реков дека грев ќе го фати ако мисли за мене дрка не го почитувам и не се трудам и дека никогаш не би се нафатила да возам 1 саат после инфузии за некој. На тоа уште толку почна дс ме вреѓа дека сум го проколнала со тоа ‘грев ќе те фати’. Го прашав дали сака да се тргнам од него, не сакаше да ми одговори, рече дека се е до мене и дека јас сум ја расипала целата работа па на мене било се. Ми рече да не се слушаме 3 дена за да размисли дали сака да продолжи со мене, го одбив тоа. Тоа беше вчера. После тој разговор, го нема. Не враќа на пораки и не ми крева. Не знам што да правам и како да постапам, не знам дали сум јас проблемот, кај грешам. Немав во ниту еден момент лоша намера, навистина го сакав… Како би постапиле вие, некој совет? Јас имам 25 тој има 27.
@Sweetie444 Не, ти имаш 25, тој има 15. Ништо не си згрешила, само јадниот се смирил со таа "опседнатата" со него од првиот дел на серијата. Ама бидејќи мора тој да испадне добриот, свртел секакви филмови за да испадне дека ти си лошата и чекал сама да му раскинеш. Класика 101. Немој да трчаш и да дозволуваш некој вака да се однесува со тебе, да ти се понаша и да те навредува на секој втор чекор
Не знам дали е до мене проблемот, дали јас навистина згрешив и треба да направам нешто.. Ми значеше многу навистина, најдобри намери имав. Деновиве градите ме стегаат од душевна болка
@Sweetie444 Не си го прави ова на себе, да се разболуваш и да се чувствуваш лошо особено па за ваков тип на маж кој намерно те прави да се чувствуваш виновна. Тој не ти одговара на пораките бидејќи најверојатно не е сам и со тоа топло-ладно и фора од 3 дена изгледа како да те држи во резервен план за секој случај - ако пак го откачат. Благо кажано, изненади го, па блокирај го и скроз откачи го Мораш да се сакаш себеси повеќе
Ви благодарам ❤️ не е таа проблемот, проблемот е што тој за мене си замислил дека сум најлоша личност и во секоја моја постапка бараше нешто лошо и едноставно му се згадив. Ќе морам да продолжам напред…
Остави го да си мисли дека си најлошата личност и продолжи си кон некој позрел. Тој тоа сака, да му докажуваш колку многу ќе страдаш за него или "ќе се промениш". Малку примитивен ми делува вака. Мавни го таму, ќе возам 1 саат болна по него, сигурно. Дај друго дете
@Sweetie444 Не, тој ништо не си замислил за тебе, верувај Туку е многу добро свесен дека тој е никаквиот во приказната. Клучното е ова: "Во секоја моја постапка бараше нешто лошо". Односно, намерно се однесува вака, ја проектира ситуацијата демек тој има лошо мислење за тебе, за да те откачи. Ама ем и да трчиш по него, да му се докажуваш и да се трудиш околу него. Па утре на друга да вели, ти си опседнатата со него. Не си го троши времето и нервите плиз
Коа читам вака за тоа како се однесуваат некои никаквеци во врскиве значи ми се повраќа, и посакувам Хитлер да станам ..значи секој втор со психички дизордер биваше ли.. @Sweetie444 не е проблемот до тебе девојче проблемот е шо овој си игра со твојот мозок, твојата љубов и со твоето достоинство. Место он да дојде кога ти си била на инфузии кај тебе, ТИ ќе одиш болна кај него да го испочитуваш ајде молим ти се цени се поише. И ќе ти игра мајндфак со мозокот дури и поверува дека ти си проблемот и си му се згадила гледаш. Батали таква стока.
Девојче, бегај што подалеку. Овој е класичен гаслајтер и манипулатор. Немој ни случајно да си поверувала на неговите зборови дека нешто ти фали и треба да се смениш. По ова што пишуваш, јас гледам дека само тој се однесува ко неизживеан идиот. За ситници ако вака се нервира и се истура на тебе, замисли за поголеми работи. Ти си направила и повеќе од доволно за него, не заслужува ништо од тоа. Буквално блокирај го и на социјални мрежи и на телефон, лице да не ти види повеќе. Бидејќи ако оставиш вака да тера само на полошо ќе оди, верувај. Не си го прави тоа на себеси, прекини сега и поштеди се од сета болка во иднина што би ја имала. Не вреди.