@Sweetie444 Не си го прави ова на себе, да се разболуваш и да се чувствуваш лошо особено па за ваков тип на маж кој намерно те прави да се чувствуваш виновна. Тој не ти одговара на пораките бидејќи најверојатно не е сам и со тоа топло-ладно и фора од 3 дена изгледа како да те држи во резервен план за секој случај - ако пак го откачат. Благо кажано, изненади го, па блокирај го и скроз откачи го Мораш да се сакаш себеси повеќе
Ви благодарам ❤️ не е таа проблемот, проблемот е што тој за мене си замислил дека сум најлоша личност и во секоја моја постапка бараше нешто лошо и едноставно му се згадив. Ќе морам да продолжам напред…
Остави го да си мисли дека си најлошата личност и продолжи си кон некој позрел. Тој тоа сака, да му докажуваш колку многу ќе страдаш за него или "ќе се промениш". Малку примитивен ми делува вака. Мавни го таму, ќе возам 1 саат болна по него, сигурно. Дај друго дете
@Sweetie444 Не, тој ништо не си замислил за тебе, верувај Туку е многу добро свесен дека тој е никаквиот во приказната. Клучното е ова: "Во секоја моја постапка бараше нешто лошо". Односно, намерно се однесува вака, ја проектира ситуацијата демек тој има лошо мислење за тебе, за да те откачи. Ама ем и да трчиш по него, да му се докажуваш и да се трудиш околу него. Па утре на друга да вели, ти си опседнатата со него. Не си го троши времето и нервите плиз
Коа читам вака за тоа како се однесуваат некои никаквеци во врскиве значи ми се повраќа, и посакувам Хитлер да станам ..значи секој втор со психички дизордер биваше ли.. @Sweetie444 не е проблемот до тебе девојче проблемот е шо овој си игра со твојот мозок, твојата љубов и со твоето достоинство. Место он да дојде кога ти си била на инфузии кај тебе, ТИ ќе одиш болна кај него да го испочитуваш ајде молим ти се цени се поише. И ќе ти игра мајндфак со мозокот дури и поверува дека ти си проблемот и си му се згадила гледаш. Батали таква стока.
Првично би ти кажала ќе го уседнеш и ќе му кажеш врската не може да продолжи ако се трудиш само ти. Според мене ти се радува и се радува за вас двајцата затоа така се однесува. Млади сте и сте многу слатки. Ви личи. Но, се чалами исто така оти има девојка. А и прашај го во меѓувреме да не не се појавила некоја во која тој притоа се вљубил.
Девојче, бегај што подалеку. Овој е класичен гаслајтер и манипулатор. Немој ни случајно да си поверувала на неговите зборови дека нешто ти фали и треба да се смениш. По ова што пишуваш, јас гледам дека само тој се однесува ко неизживеан идиот. За ситници ако вака се нервира и се истура на тебе, замисли за поголеми работи. Ти си направила и повеќе од доволно за него, не заслужува ништо од тоа. Буквално блокирај го и на социјални мрежи и на телефон, лице да не ти види повеќе. Бидејќи ако оставиш вака да тера само на полошо ќе оди, верувај. Не си го прави тоа на себеси, прекини сега и поштеди се од сета болка во иднина што би ја имала. Не вреди.
Редно е тој тебе да ти се згади. И треба. Немаш што да бараш со човек што не се грижи за тебе кога си болна, па уште и ти се понаша. Не си најдена на улица. И тебе те родила мајка исто како него. Еве јас ќе кажам за тебе за да не си ја гнасиш устата ти, "типот е мрсул". Пресечи одлучно, блокирај секаде и остај го да си го живее филмот. Ич на ум не го ставај. Заслужуваш некој шо ќе те сака и се грижи за тебе, а не да те убива, бавно и болно.
Јас до тука стигнав и уште тука би пресекла. Уствари кога размислам уште на делот со поклонот од девојчето Ќе го блокирам апсолутно секаде и ниту пораќа ќе добие од мене ни па ќе ме слушне.
Бегај од човеков те молам. Ми се вратија и мене слични слики додека го читав постов, верувај дека кога ќе се оладиш од него ќе сфатиш дека не си била виновна и џабе се оправдуваш и бараш објаснување. Многу манипулативно однесување од негова страна.