12 години ли има тој? Или 5 дена сте во врска? 5 години врска и да нема комуникација цела недела? ...
Совет, пиши му порака дека му раскинуваш, зошто кога наредно ќе искомуницира со тебе, он ќе ти раскине. Вака барем заеби го ти прва, за да не го добие тоа задоволство. Пс, знам дека 5 години се многу и не се фрлаат туку така во вода, но тој веќе го фрлил. Ghosting e НАЈ големиот ред флег.
Одговорот мислам го знаеш сама. Не е нормално партнер да те игнорира толку долго време. И јас ќе речам раскини му пред тоа тој да го направи, не му го давај тоа задоволство тој да ти раскини покрај вакво понашање. Можеби се 5 години, но обично ваквите врски завршуваат емоционално долго пред да завршат официјално, од искуство. Би пишала порака и би го блокирала одма, па нека игнорира колку сака. Не се толерира ова во никој случај.
Дали сте вие навистина во врска? или ти си претпоставуваш? тоа што сте имале односи не е никаква гаранција дека тој е во врска со тебе. Реално многу машки прифаќаат девојки и без емоции, само за да имаат секс. Многу девојки влегуваат во сексуални односи со надеж дека така ќе го задржат. А реално од тоа што гледам многу машки и не се спремни за здрава врска. Лошо е што многу девојки очекуваат од таков маж врска. Ако си немала односи со него, ти си среќна жена. Накриви си капата и продолжи си го животот без јавувања. Познавам машки кои пак си одат со две истовремено, ама таа втората им е онака ( ниска класа во нивните очи, само за правење задоволство) и многу девојќи се изневерени. Реално ако си во врска треба да разговараш. Не значи дека ако си му дала, дека ќе те земе. Многу девојки мислат дека ако имале однос дека веќе е готово. А баш е напротив, има многу машки со ниска самодоверба кои само гледат да го стават некаде. За жал многу девојки се изиграни. Сметам дека вие девојките не треба да се соблекувате баш пред првиот. Но како и машки, така има и девојки што брзо се соблекуваат. Ценете се себеси. Не влегувајте во однос со секого, и не рано. Запознајте ја прво личноста, особено ако планот ви е да останете заедно. Почекајте малку прво.
Да си поставиш граници и тро од тро почит затоа што очигледно овој си тера куроболие. Би ти рекол на смирен начин ама свршен чин или-или е работава, или ќе те почитува и грижи за тебе или да се скарате најдобро. Оти ова според мене како машко и тоа ти зборувам, овој никаква почит кон тебе не покажува и двојни стаандарди...
Добро аман веќе до кога ќе ги правите жените криви затоа што пази молим те имале секс? Па и со изразите давала, се соблекувала, мислам дај. А и мислењето не ти е никако поврзано со ситуацијата, колку да се искоментира нешто. @macca1 девојче веќе ти дале совети погоре, раскини му и најди си го раатот без него. Не сакаш да знаеш на што е спремен штом ова ти го прави.
Леле косата ми се крена. Какво понижувачко и омаловажувачко мислење. Админите на овој форум треба да размислат дали форумов е за машки.Потценувачки зборови - му дала, се соблакала. Само во Македонија се дискутира на оваа тема и се понижуваат девојките како да немаат право на свои потреби, а тоа што машките со секоја трета се однесуваат како стока, ги користат, ги малтретираат тоа е мање битно. Затоа сме заостанат народ, годинини наназад со затупавени мислења.
Членот @Albertos не напиша ништо лошо, туку баш добро прашање постави. Дали уопште се они во врска или само она си мисли дека се во врска. Оти ова не јавување по една недела личи на врска без врска.
Ми се повраќа кога ќе видам некое вакво непотребно мислење на форумов. Како ти успеа нејзината врска од 5 ГОДИНИ, да ја поврзеш само исклучиво со сексуални односи?! Не коментирајте ако не знаете да поделите совет, бидејќи вашиве непотребни коментари не помагаат никому. Со вакви ниски коментари и обиди на навреда само се доведуваме во ситуација да се запрашаме Остана ли еден нормален маж на светов? Ниско и одвратно. Разочарување тешко. А ти девојче, еден совет што ти е даден е токму тоа што треба да направиш и ми западна во око - Јави му се од друг број и раскини му, блокирај го секаде и прекини секаков контакт. Дечково се однесува како сега да влегува во пубертет и по напишаново нема никаква емоција за тебе. А со таков не вреди да си го губиш времето повеќе.
А ако имала односи? Што тогаш? Да не треба да се затвори во 4 ѕида и да го помине животот тагувајќи по него? Убаво кажаа членките, мислењата ти се од среден век.
Здр .. не сум сигурна дали да ја ставам темава тука или во правни проблеми .. и btw ситуацијава е толку ретардирана, ве молам за совет, не знам што да направам .. Мојот дечко пред неколку дена несакајки ја удри и направи штета на мојата кола, мајстор штетата ја процени на околу 600 евра .. колата е нова од салон пред неколку дена купена, уште не е регистрирана, дечко ми ја направи во дворот бељата .. он е невработен, како и јас .. иначе моите рекоа ок нема везе, али он запна да одиме кај неговите да си плати штетата, он имал принцип, ова она .. и отидовме, кажавме, мајка му беше спремна да даде пари, али татко му направи голем скандал, почна да збори дека сме лажеле, сме сакале да му изнудиме пари, стално нешто син му лажел итн, мене ми рече да си одам .. и мене ме повреди тоа понашање и реков е нема, сеа ќе платиш .. и почна да ме снима со телефон (подоцна ги избриша видеата пред наши очи), да ми збори да искочам од неговиот двор, па викна и полиција. Полицијата му рекла “замолете ја да излезе од дворот” и ништо, не дојдоа. Потоа он ја повлече пријавата телефонски. Моите се изнервираа многу кога слушнаа за ова, не сакаат да бидам со овој дечко повеќе (иначе дечко ми застана на моја страна, ама и плачеше, му беше тешко, а мајка му она како да има страв од мажот и) .. во дворот беа и негов чичко и стрина, они не се мешаа, изгледа им беше ретардирано понашањето на татко му, и чичко му ми рече као “ја ќе зборам со него” .. Потоа дечко ми си отиде од нивната куќа (иначе неговите родители живеат во странство и ќе си одат за неколку дена и нема да дојдат поише месеци) и дојде кај нас .. Сега дали постои некој начин да им зееме пари за штетата, и како после ваква ситуација да се продолжи заедно? Иначе дечково е многу добар, они психички и финансиски го малтретираат, му праќаат малце пари едвај за минимум живот, јаде леб и паштета, а они си уживаат во странство .. многу лоши луѓе. И иначе, пред да ескалира вака ситуацијава, они стално му збореа против мене и моите, ме разгалиле, ми давале поише пари од што треба, ми купувале .. па ако не дадеш на своето, на кој треба да дадеш??