Имам едно прашање не знам како да постапам барам помош. Во врска сум 1 месец со женската и фактички требаше со неа да излезам но таа не можеше поради обврски и ме однесе кај нејзините роднини баба и тетка пошто нејзините родители се на работа во странство. Е сега јас таму веке бев 2 пати со сиење пошто таа ме покани е сега сакаат и моите родители да ја запознаат. Моите родители сакаат да ја запознаат но дане е рано 1 месец само се знаеме. Да не треба да почекаме уште 1 месец за да се запознаеме поубаво Ве молам за помош
1 месец е многу рано за запознавање со родители.Почекајте,има време и за тоа.Запознајте се поубаво прво.
Јас имам 26 а женсками има 20 Ке ве молам за помош оти главата ке ми пукне Секој совет би го прифатил
Кажи им ќе ве запознаам откако ќе а запознаам и јас нејзе подобро, сега е рано. Што е филозофијата тука?
Зошто толку брзање? И што толку дозволуваш да те притискаат твоите. Сега за ова, утре за посериозни работи ќе ви прават притисок. Одговори им дека си возрасен и знаеш што правиш. Кога ќе дојде време ќе ве запознаам. И готово. Нема потреба од толку драми...
Ама за што да ти пукне главата? Еден месец е многу рано за запознавање со родители, уште вие двајца не се знаете доволно. Зошто твоите толку притискаат? Ти си се запознал со баба ѝ и тетка ѝ, не со нејзните родители. И 26години имаш побогу, зошто твоите да одлучуваат за тебе? Кога ќе бидеш спремен, тогаш ќе ги запознаеш.
Probably, она заглавеното. “Донеси ја да ја видиме синко, која е,што е, дали е за тебе,што студира,работи,фамилијата која е…”. Затоа е журбата.
Страшно како уште од сам старт пробуваат да се мешаат родителите ко бебиња да се. Пушти ги нека тераат спонтано, бог да чува.
Некои родители сами ги прават ''инвалиди'' сопствените деца, да не можам сами да одлучуваат. Денес е ова, утре којзнае што ќе биде, за сѐ ќе им се мешаат. После синко не ќе знае сам за ништо да донесе одлука. Мама ќе ја прашува за се
Ааа, чим притискаат, однеси ја на семејна вечера, да ја одобрат, а може да одберат и имиња на вашите деца, долго сте у врска - цели 30 дена, а и 26 години имаш, премалечок за да не ја почитуваш желбата на твоите.
Колку години имате? Ако е возрасен не може да најде некоја работа и полека да стане независен од неговите?