Девојки би пишале ли на некоја ако ви е сумљива во фоловерс кај дечко ви шо се бришат по втор пат? Ко втф
Колку години имате? 16? Шо би и пишала жити ја? Зошто се бришете ? (не се потсмевам, искрено ми е прашањето)
Ја не би пишала никогаш, па дури и да се работи за неверство. Шо знам... Мојот проблем би бил со мојот партнер, никогаш со девојката
Како успеа жити се тоа да го приметиш? Подобро би било да се позанимаваш со причината што те натерала да го проверуваш тоа
И јас кон ова целев со моите мислења, мислам дека останав неразбрана. Мислам дека е време да прекине да им се продава тој стар филм на девојчињата дека невиноста е некој значаен концепт во животот и првиот пат треба да боли и да е стресно и страшно, ама исто така да биде со некој што е љубовта на животот(пошто на 17 години сите наоѓаме љубов лол), а во спротивно се' друго е искористување. Не, само треба да се ужива и да се прави она што е убаво во граници на желбите на двете страни. Се сложувам со овој дел Полека полека и тој ментален притисок ќе се намали.
А што те натерало толку да му проверуваш кого следи? И како запомни кој го следел кој не? Ако немаш доверба во него и секогаш мораш да го контролираш, џабе ти е се.
Сакам барем за делот да ме праша некој дали сакам и дали сум сигурна . Одлуката е твоја,тој те привлекува и немој после да се каеш ,уште би додала јас би пробала да се смувам ,петинг нешто колку да осетам има ли хемија, но веднаш да рипнам во тавче,големо не,и да си ја чукам отпосле главата.Тој остава на тебе до каде ќе одиш,а веќе имате ситуација и сте почнати одамна само сега тој очекува да преминете на главното.
Вака, не можам да замислам да сталкам на профил кај партнер за да не случајно ме изневери или да не има сомничав профил со кој се следи. Океј е да си претпазлив ама ако треба да живејш во страв и како на јајца да газиш цело време - it's not working honey. Следно, зошто би пишала на сомничавиот профил? Ако знајш нешто и сакаш да конфронтираш некој - то е секогаш партнерот.
Знам дека нема да ми каже реално ќе ми каже дека ја си правам филмови само и ќе се расправа, некогаш се понаша чудно и го приметувам и ваљда тоа некое чувство ме натерало да видам, телефонот го крие во тоалет оди мн често со тел, јас немам никакво право да му го допрам иако идеме долго, слики не става со мене, не се гледаме секој ден, некогаш ајде ќе си речам дека претерувам ќе олабавам може стварно е до мене проблемот, и пробувам да не се замарам.
@Cutiepie123 Штом толку се сомневаш и знаеш дека тој ќе негира, можеш да и пишеш на девојката, но сосема смирено и културно, без да ја напаѓаш и слично. А потоа и официјално да го откачиш, без разлика на нејзиниот одговор. Бидејќи партнер кој те прави несигурна и поради кој носиш немир во себе - не ти треба Иако ќе додадам дека очигледно е дека дечкото седи на два стола, при што не ти треба конфирмација од девојката
Ако не е таа, ќе биде друга. Не би ти препорачала да пишуваш на девојката, очајно делува и не знаеш за каква личност станува збор. Дали би сакала цел живот да бидеш со некој кој не сака да става слики со тебе и со кој не си раат да разговараш за нешто што ти смета? Јас не барам ничиј телефон ни сакам некој да ми бара, ама дечко да ми го побара онака да види нешто не би имало никаков проблем.
Слушај си ја интуицијата. Не става слики со тебе, додава девојки по втор пат, се расправа кога ќе му кажеш дека нешто ти смета, не ти дозволува да му го чепнеш телефонот, оди со него во вц, и се тоа во долга врска? Те молам размисли малце подобро колку си среќна во таква врска и каква иднина би имала. Откако ќе си одговориш, сама ќе знаеш што да правиш во иднина. Никој не е вреден да ти го нарушува мирот.
Ако дечко ти не е искрен, зошто би била личност шо не ја познаваш? Којзнае за каква личност се работи, еве пример може некоја ќе си игра мајтап со тебе, ќе ти направи филмови шо не се вистинити. Како би знаела што е вистина, а што не? Чим пробуваш да не се замараш, има проблем. Газиш по нестабилно тло и тоа е. Чим се расправа, наместо да разговара за твоите стравови, можеби е време да размислиш дали треба да продолжиш со него. Good luck
Ако знаеш дека нема да ти каже на што воопшто ја создавате врската (ако е сериозна)? Немате никаква доверба и искреност меѓу вас... И не се гаслајтнувај или релативизираш, дури и најглупа работа да е, треба да си слободна и да си прашаш па и разговарате смирено и чоечки..