1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Cutiepie123

    Cutiepie123 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2025
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Знам дека нема да ми каже реално ќе ми каже дека ја си правам филмови само и ќе се расправа, некогаш се понаша чудно и го приметувам и ваљда тоа некое чувство ме натерало да видам, телефонот го крие во тоалет оди мн често со тел, јас немам никакво право да му го допрам иако идеме долго, слики не става со мене, не се гледаме секој ден, некогаш ајде ќе си речам дека претерувам ќе олабавам може стварно е до мене проблемот, и пробувам да не се замарам.
     
  2. Ѕвездена

    Ѕвездена Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2025
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    512
    Пол:
    Женски
    Си размислила ли да го оставиш?
     
    На Stark и Малечка Малинка им се допаѓа ова.
  3. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.163
    Допаѓања:
    9.847
    @Cutiepie123 Штом толку се сомневаш и знаеш дека тој ќе негира, можеш да и пишеш на девојката, но сосема смирено и културно, без да ја напаѓаш и слично.

    А потоа и официјално да го откачиш, без разлика на нејзиниот одговор.

    Бидејќи партнер кој те прави несигурна и поради кој носиш немир во себе - не ти треба :*:

    Иако ќе додадам дека очигледно е дека дечкото седи на два стола, при што не ти треба конфирмација од девојката :bug:
     
    На CameliaMiller, LiquidLuna, Трагедијаупмм и 5 други им се допаѓа ова.
  4. flawless.

    flawless. Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.623
    Пол:
    Женски
    Ако не е таа, ќе биде друга. Не би ти препорачала да пишуваш на девојката, очајно делува и не знаеш за каква личност станува збор. Дали би сакала цел живот да бидеш со некој кој не сака да става слики со тебе и со кој не си раат да разговараш за нешто што ти смета? Јас не барам ничиј телефон ни сакам некој да ми бара, ама дечко да ми го побара онака да види нешто не би имало никаков проблем.
     
  5. Maelina

    Maelina Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2025
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    Слушај си ја интуицијата. Не става слики со тебе, додава девојки по втор пат, се расправа кога ќе му кажеш дека нешто ти смета, не ти дозволува да му го чепнеш телефонот, оди со него во вц, и се тоа во долга врска?

    Те молам размисли малце подобро колку си среќна во таква врска и каква иднина би имала. :l: Откако ќе си одговориш, сама ќе знаеш што да правиш во иднина. Никој не е вреден да ти го нарушува мирот.
     
    На LiquidLuna, BubamaraM, UsenameNotFound и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Малечка Малинка

    Малечка Малинка Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2025
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    354
    Пол:
    Женски
    Ако дечко ти не е искрен, зошто би била личност шо не ја познаваш?
    Којзнае за каква личност се работи, еве пример може некоја ќе си игра мајтап со тебе, ќе ти направи филмови шо не се вистинити. Како би знаела што е вистина, а што не?
    Чим пробуваш да не се замараш, има проблем. Газиш по нестабилно тло и тоа е. Чим се расправа, наместо да разговара за твоите стравови, можеби е време да размислиш дали треба да продолжиш со него. :?:
    Good luck
     
    На eliesaab и Cutiepie123 им се допаѓа ова.
  7. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.671
    Допаѓања:
    23.670
    Пол:
    Машки
    Ако знаеш дека нема да ти каже на што воопшто ја создавате врската (ако е сериозна)? Немате никаква доверба и искреност меѓу вас...
    И не се гаслајтнувај или релативизираш, дури и најглупа работа да е, треба да си слободна и да си прашаш па и разговарате смирено и чоечки.. :)
     
    На UsenameNotFound, Cutiepie123, Ѕвездена и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. UsenameNotFound

    UsenameNotFound Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно ум за друг пат. Се надевам ти поминал шокот после неколку дена.

    Реално имаш голема среќа, моментално не го гледаш и не го разбираш тоа ама треба да славиш.
    Ти направил услуга.

    Душичке, немаш ти потреба да се чувствуваш безвредно и да се плашиш од самотија. Плаши се од вакви како него. Тој не е само манипулатор туку нарцисист. Прочитај на интернет да видиш.
    Болест е тоа. Кога нешто не му чини ти за се ќе бидеш крива.
    Додека го слушаш и правиш како што ќе рече арна ќе бидеш, кога ќе почнеш да го кажуваш своето мислење ќе те направи од ѓубре подолу. Таков не се менува, немој да мислиш од сега нема да правам вака или така и се ќе биде во ред. НЕ.

    Не ти треба таков. Никако. Си се спасила. Од таков подалеку да бегаш, да трчаш и да не запираш.

    Милион пати е подобро да си сама отколку со него, можеби нема да те малтретира физички ама психички ти ќе си знаеш. Тој кога земал болна да те заповедува и да те напаѓа што повеќе очекуваш од него?

    Верувај повеќе во себе, не дозволувај толку лесно да те манипулираат другите. Имај свое јас.
    Ќе одела сабајле рано без никој да ја знае, ако тој би поштен дечко со чесни намери немало да те стави во таква ситуација.

    Реално не вреди за разговара за вакви и да се троши време.

    И во иднина имај свој став. Стој цврсто зад него. Ако не можеш да одиш или не сакаш да одиш некаде, или едноставно не сакаш нешто да правиш кажи јасно и гласно НЕ. Без чувство на вина, без да се правдаш на некој.
    Нема потреба да бараш изговори ако нешто неможеш или не сакаш , треба да разбере дека НЕ значи НЕ.
    Ако не го разбира тоа не ти треба таков.

    Внимавај повеќе во иднина, не е само тој ваков. Ехеее колку ги има такви харизматични пред другите, друштвени, кул .. абе душа од човек .. Ама само кога е пред други, а насамо како друг човек да е.
     
    На Лејди Гага му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    473
    Допаѓања:
    2.761
    На времето си принтаа вакви маици и решен проблемот. :D

    Шала на страна, Кјутипај, јас се согласувам со горенапишаните совети.
     
  10. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    591
    Пол:
    Женски
    Pls help.
    Се гледам со момче 7 г помладо од мене (јас имам 28,тој 21). I know it sounds bad.
    Воопшто не изгледа на 21, туку постаро и позрело. Да не зборувам за однесувањето, премногу културен, воспитан, пре зрел, размислува и се однесува како возрасен човек. Сум имала различни врски, и со моја возраст, и помлади, и постари, и никој не се однесувал толку убаво со мене, со толку голема почит, внимание и разбирање. Сепак, доаѓа од таква фамилија и е така воспитан. Неговиот татко ја гледа мајка му како кралица, а и брат му неговата сопруга. Машки доста постари од него се однесувале како едни незрели дечишта што ми било мачно да ги растам и воспитувам и сум раскинувала. Навистина никогаш не ми било поубаво со некого.
    Но многу сум збунета. Ајде годините што се разлика, туку некако сме во многу различен период од животот. Јас треба да мислам на фамилија, деца, а тој тек има цел живот пред него :|Многу би сакала да најдеме некоја средина, пр да го почекам 3 години max, доколку и тој би сакал, бидејќи навистина сакам да се формирам како сопруга и мајка. Знам дека треба за тоа да зборам со него но сеуште е некако рано, не сакам да го притискам. Навистина не знам што да правам, никогаш не сум била олку среќна, имам поминато низ мноооогу лоши работи во животот, не сакам да си бегам од убаво:(
     
    На Mumoftwo30, Ѕвездена и Лејди Гага им се допаѓа ова.
  11. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.070
    Допаѓања:
    16.904
    Пол:
    Женски
    Заебана ситуација..

    Ти, а веројатно и он претпоставувам веќе сте се приврзале?

    Возрасни сте двајцата, легален е и он, доколку е навистина таков каков што го прикажуваш, би требало да знае у што се впушта и да размислува правилно.

    Млада си и ти уште, не дека ти поминало времето, ако глеаш има потенцинал у оваа врска, можеби во ред би било и да почекаш некоја година, па да видите какви ви се плановите за понатаму.

    Ако ти е убаво, зошто да прекинуваш?
     
  12. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    1.179
    Пол:
    Женски
    Па збори со него дека сакаш веќе да основаш фамилија и посматра ја неговата реакција. :)Чим има 21 е многу рано за да стане татко. Ако сакаш прашај го што мисли за тоа, и што сте 7 години разлика е ок, нормално ако е за вас двајцата:)Видете како ќе ви оди врската, неможеш да го оставиш само затоа што тој е млад и сака подоцна да има деца. Во секој случај, не го притискај, уживајте во животот:inlove:Бидете среќни, тоа е најважно. Само сега не сметам дека е време за деца... Но ако и тој прифати, зошто да не. Почекај и биди стрплива:D
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.853
    Допаѓања:
    14.795
    Пол:
    Машки
    Колку време сте заедно? Што е тоа рано?

    Разговарајте хипотетички. Како тој ја гледа иднината, каде и како се гледа себе си, не мора баш за деца да станува збор.

    Дајте си време, видете како ќе функционирате. Едно е краткорочно, друго е на подолг временски период, па и заедно живеење. Секој си има сопствени позитивни и негативни навики, што можеби на другиот ќе му сметаат.

    Воопшто не ми се бендисва тоа “можам да го почекам”…. или “сакам да се реализирам како мајка и сопруга”. Многу ми е исфорсирано… Ти би тоа по секоја цена?

    За една до макс две години, доста од работите би ти биле појасни и побистри. Не ја гледај врската само од едно фиксирано гледиште. Уживајте, искусете го животот заедно. Набљудувај и анализирај како се однесува и реагира во дадени ситуации. Отворено разговарајте…

    Ако нешто не ти штима одма разговор, дискусија, ако не си одговарате, тоа е тоа.
     
    На Mumoftwo30, Billy Idol, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.955
    Допаѓања:
    16.536
    Пол:
    Женски
    @Emilija97mk извини, мислам дека нема да може да те следи. Од тие три години најверојатно би ти барал уште некоја година. Скоро ниту едно машко не избрзува со брак толку рано (на 24?). Машките созреваат подоцна (не оспорувам добро однесување и грижа, да не ме сфатиш погрешно), дури и да би разговарала што ќе ти рече? „Ајде да биде за три години“, изминуваат и после ти вели „извини, не се гледам со тебе?“ / „Дај ми уште некоја година?“ Размисли си убаво и не дозволувај годините да те избрзуваат, оти баш може и „културно“ да те испрати. Зошто не дечко повозрасен од тебе, бар нешто ситно над 30? Човек во рани дваесетти и почетни триесетти и те како има разлика.
     
    На Mumoftwo30 и liliput22 им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.098
    Допаѓања:
    42.943
    Пол:
    Женски
    Мислам дека разликата не е воопшто страшна и не звучи лошо. Друго, сакаш деца моментално или се осеќаш дека треба да основаш фамилија моментално?

    Би требало да го знаеш неговиот одговор на тема брак и фамилија, барем отприлика дали имате слични гледишта. Тоа едно, а друго да не си ставаш ни себе си толкав притисок дека имаш некаков рок што мораш да го фатиш.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. UsenameNotFound

    UsenameNotFound Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Тоа што треба да го направиш е да си седнете и убаво да си поразговарате.
    Подобро порано да знаеш што можеш да очекуваш, отколку да поминат 3 години и пак да не знаеш на што си.

    Убаво е од твоја страна што знаеш што сакаш и каде се гледаш себе си. Не е бегање од убаво ако го прашаш и него што сака.

    Не мора темата да ја поставиш како ултиматум „јас сакам да сум мајка и сопруга, ти имаш 3 години“… Наместо тоа, прашај го:

    - Каде се гледа за 2–3 или 5 години во животот?
    - Какви планови има за себе?
    - Какви планови има за вашата врска?
    - Дали воопшто сака брак и деца?

    Ова се хипотетички прашања — не му велиш дека мора да се ожени со тебе. Исто така, ако рече „во наредните 5 години се гледам во брак“ тоа не значи дека мора тоа да биде со тебе. Разговорот е тука само за да знаеш дали одите во иста насока.

    Може тој да не сака да се жени пред 30, а може и да сака многу побрзо. Додека не прашаш, нема да знаеш.

    Исто така, реално, животот не оди секогаш според план. Можеби ти мислиш дека е во ред да чекаш 3 години, ама после тие 3 години не е гаранција дека веднаш ќе останеш бремена — може ќе ти треба уште време.

    Затоа прво прашај дали воопшто е подготвен за семејство и деца — така ќе знаеш дали вреди да вложуваш време и енергија во оваа врска.
     
    На Лејди Гага и Ѕвездена им се допаѓа ова.
  17. Mcrae

    Mcrae Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2024
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Машки
    Секој човек е различен немаат никаква врска годините, имам другар што сега на 20 години чека бебенце
     
    На Mumoftwo30, Лејди Гага и Billy Idol им се допаѓа ова.
  18. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    2.524
    Пол:
    Машки
    Годините немаат врска со тоа дали некој е спремен да биде родител и дали некој може да биде родител.
     
    На Peperutce6, Лејди Гага, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    1.179
    Пол:
    Женски
    Ајдее, со среќа нека му е:inlove:со лесно на жена му
     
    На Cutiepie1 и Mcrae им се допаѓа ова.
  20. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.591
    Допаѓања:
    41.749
    Пол:
    Машки
    Колку долго сте заедно?
    Доколку не сте премногу, може хипотетички да зборувате и да видите каде се гледате во следните 3 или 5 години.
    Кои ви се целите и што очекувате.
    Така ќе видиш што мисли и размислува на оваа тема.

    Доколку сте подолго заедно, можеш и директно да ја почнеш темата.

    Со среќа, и ако има љубов, се друго ќе пребродите, па и разликата во години/фази на животот. :mm:
     
    На Лејди Гага, Mr.Limonko и bookslover им се допаѓа ова.