Работата е што таа девојка мене ми е познаничка, не другарка туку онака се познаваме. И се сеќавам пред неколку години дека ги видував низ град ама како низ магла ми е се. Инаку сега веќе девојката си е мажена, си има деца со друг човек. И еднаш го прашав во неврзан муабет дали му е бивша, зошто и тој се дрзнуваат да ме прашува такви работи. Тогаш не ми одговори ништо конкретно но по неколку дена поднапиен му се разврза јазикот и си кажа што о како било. Искрено малку се шокирав, не знаев дека до толку била работата. И сфати дека не ми е сеедно о оправдание му беше тој мислел дека знам. А не, не знаев и не дека ми е важна таа информација, точно е дека секој си има минато туку мене повеќе ме изиритира начинот на кој го раскажа тоа и ја потцени и омаловажи девојчето.
1. Доколку таа абортирала бидејќи не сака и после тоа се оддалечиле, немало хемија. Немаш проблем. 2. Доколку таа абортирала бидејќи овој ја натерал или ја напуштил бидејќи е бремена, тогаш имаш проблем.
Ова веќе ја менува ситуацијата. Штом го кажал тоа со потцена и омаловажување на девојката, очигледно ништо не научил. Без разлика на деталите, не е убаво да ја озборува и омаловажува така пред други, особено кога тоа веќе е минато и нема потреба од дополнително потценување. Доколку некој не може да зборува за своето минато со почит кон другите, тешко дека ќе се однесува со почит во сегашноста и иднината. Искрено јас би прекинала контакт со ваква личност.
Утредента и ти да раскинеш со него ќе бидеш уште една од низата на "бившите распуштеници" за кои кружеле лоши муабети. Бегајте од мажи шо си го пуштаат отровот за бившите, оти и за вас истото ќе се врти со следната девојка. Нема што маж да ви кажува која и како абортирала од него уз нормален муабет. Тоа си е нејзина лична интимна ствар, негова секако не е, оти нит може да раѓа ко машко, нит па му е нешто посебно гајле на овој конкретно од емоционален апсект. Кога веќе курот не можат да си го држат у гаќи, редно е и муцката да си ја затнат. Друга ствар, типов нема основна етика и почит кон жена. Ко прво се мрази сам себе, а после тоа све друго, вклучувајќи го и сонцето што изгрева секое сабајле, па така не може да одолее да шири лични фрустрации и ќе ти збори како секоја една жена е распала курва, распуштеница и абортира по 100 пати, ма да и ова со абортусов не ми е за верување, земајќи во предвид таков калибар на "мажи", кои сè би напраиле да оцрнат жена. Типов со муабетов само си ги изнарефлектирал вистинските бои. Не ни сфаќам искрено како воопшто ве привлекуваат ваквиве, најверојатно се истите оние кои смрдат пред кладилници. Боље би цркнала сама, него ли да сум со ваков.
Бог да чува !!! Ваљда јас бев единствена будала ( не во случајов) на која што и се смееа сите кога ќе ме прашаа што ќе направиш ако некоја непланирано ја затрудниш, а јас одговорев другиот ден ќе дојдев со прстенче кај незје и кај татко и. Дете што не е мое нема да ја терам да го абортира доколку не сака а камо ли моја крв.
Ок а што треба да направам според тебе ? Да земам да ја оставам затоа што случано сум ја затруднел ? Да земам да ја притискам дека мора по секоја цена да абортира ? Јас сум против абортус доколку нема реален проблем и да спремен сум да го чувам детето наместо да бегам од одговорности.
Прва е желбата на жената дали сака да има дете во тој момент. А друг е моментот на милион склопени бракови измеѓу луѓе кои не се еден за друг само зашто не биле одговорни на време.
Јас мислам дека ме разбравте меѓу редови дека примерот што го дадов е со девојка што идеме за сериозно и дека непланираното бебе нема да го смени конечниот план за брак. Не бегам од одговорноста или да правам притисок за абортус секако доколку таа не сака.
Да ми објасните како ,,случајно,, се затруднува, па после може да бидете одговорни, против нешто, за нешто
Јас па многу често го слушам тој муабет. И на моја другарка дечкото вака. Еднаш нешто ѝ каснеше многу и јас како на шала демек Трудна да не си и она - Ја и да сум трудна, кажа (дечко ѝ) одма ќе ме земе за жена. Демек колку грижлив бил што немало да дозволи она да абортира или сама да го расте. Што од една страна ако презема одговорност океј. Ама од друга не даваат избор и сакаат да имаат контрола, и второво е почесто за жал. Али и мене да ми го каже истото мој дечко, нема да се осеќам убаво, реално.
Реков непланирано баш заради тоа што случајно е оксиморон само по себе. Прв пример пука кондом, втор пример без кондом од предсемена. Сигурно не со божја помош кај невина девојка. Добро ок. А што треба да ти рече ? Што сакаш прави ?! После пак нема да чини затоа што одма дигнал раце и испаничил. Ни се водите, ни се терате со размислувањава. Контрадикторни до крај.
Многу ме интересира колку вакви случаи на ,,академски,, примери на случајна бременост постојат Од предсемена, обавезно.
Стварно не ве разбирам и вас девојките. Го нападнавте дечкото без потреба затоа што кажа дека ќе превземе одговорност. Ако некој не превзема одговорност тогаш не чини, ако превзема ја контролирал... Каква ви е оваа логика не знам?! Како прво што очекувате да се случи од незаштитени односи? Па и да се заштитени нема 100% гаранција.. Ако сакате да имате контрола врз вашето тело и избори, користете заштита и разговарајте однапред за тоа што би правеле ако се случи нешто, наместо да го обвинувавте партнерот. Или едноставно ако не си спремна за бременост - немај односи.
оф лелеле хахахахаххахахаха Погрешно ме сфати дека ќе идам кај татко и да го прашам дали ќерка му да абортира или не. Како може волку луда идеја да ти падне на памет хахахаххахахаха Сакав да кажам дека доколку се решиме двајцата да го роди, да го чуваме детето и да се венчаме дека одма сум спремен да ја побарам за жена иако очигледно ќе биде порано од планираното. Тоа беше муабетот со татко и и прстенот. Добро. Лажат сите што викаат дека непланирано забремениле ? Дека лажат што верувале во неплодни денови и експериментирале со одење до крај ?