99% од проблемите во врските а и браковите се затоа што нема дијалог а има преголемо его кај двајцата кое што подоцна создава паранои и води кон носење погрешни заклучоци.
Според мене ако дечкото покаже почит кон твоето семејството не значи дека те контролира или ти наредува да се мажиш. Пак ќе кажам, ако не ти се мажи не се мажи и готово. Дечкото збореше за сериозна врска, за повеќето од нас сериозна врска значи можност за потенцијлен брак. Ако не го сакаш тоа не почнувај врски и готово, некој нема да оди кај тете да те бара Не треба да се прави толку драма.
За мене не . Се и сешто имам и видено и чуено а и осетено на своја кожа. Затоа и не навлегувам во попување туку си ги бранам моите ставови.
Па кој е тој дијалог - "ќе преземам одговорност и ќе ја барам за жена". Тоа е за ТЕБЕ, ти што мислиш, не за неа. Не напиша: ќе ја прашам што мисли, ќе и' кажам дека ја поддржувам што и да одлучи, ако сме во врска ќе ја прашам дали сака брак... итн. Ти си напиша што ТИ би сакал да се случи, без да зуцнеш за важноста на нејзиното мислење.
Те разбирам. Но, не е баш така апстрактно. Биолошки, ти го носиш плодот. Но, тој плод припаѓа и на некој друг. Зошто па само тоа да е на жената избор. Ако ти не сакаш да раѓаш, а тој сака да има бебе, кој е во право? Всушност, двајцата многу погрешно и незрело би пристапиле. Сметам дека тие битни прашања се разговараат однапред. Практично, тука треба да настане ,,абортусот", ако е посакуван. И ако тогаш би забременила, а партнерот е свесен за твоите желби и после се останува со тебе, нема право да се буни. Твое тело, но не е само твој плод. Сметам дека и двајцата потенцијални идни родители треба да се произнесат по тоа прашање. Инаку бракот, при дете, значително ја олеснува секоја документација, воедно осигурување и сл. А и што ти менува бракот во ситуацијата? Ако цврсто си решена да бидеш со тој и тој.
Ако сум сигурна дека НЕ сакам, нема да барам мислење. Кога ќе може правителот да го носи 9 месеци, неговото здравје, хормони, живот, работа да се во прашање, океј. Сега за сега - јас ќе треба да се жртвувам и од таа едноставна причина нема простор за ДА ако јас не сакам. Лично, си пазам премногу, обично на нив им пречи контрацепција и пробуваат да се измолат без Ама пошто последиците по нив се смешни во однос на последиците по мене, моето е последно.
Каде точно збореше за сериозна врска? Убаво читаме ние, како што е напишано-по Вук Караѓиќ Одма, другиот ден, со прстенче. Па непланирано, предсемена, па до неплодни денови стигнавме. Значи едуцирајте се пред да имате секс. А од кај почна муабетов, да им расправаш на сегашни за бивши и абортуси е сељак глуп. Сори нот сори. Бившата продолжила со животот, тој опсесивно се лигави. Ништо не научил од животот. Ниту ќе научи.
Више ти одговориле, ама ќе кажам и јас. Не директ - ќе те женам, него двајцата да разгледаме што е најдобро, која опција, меѓу кои и абортус. И фала богу да почитува мој избор ако сакам да абортирам. И исто така да не го бира нероденото дете пред мене. За последново особено сум многу строга.
Беспотребно убацување, а дечкото само покажа зрело размислување или можда повеќе би сакале класичен балканац што по секоја цена би одбил туѓо дете или би рекол што сакаш праи мене не ме интересира и би ја остаил девојката ко партнерот паднат од марс да е па он не се прашува ништо. Тоа се подразбира дека би ја прашал ваљда не треба у детали секој чекор да го опише.
Освен за хормони и раѓање што е ексклузивно за тебе, останатото не знам каква поврзаност има со полот. Што работа и живот? Животот на двајцата би ви се сменил. Ако бираш татко, не само донатор на сперма. Работа што? На маж ми повеќе трпи работата кога некој треба со детето да седи.
Не се подразбира ништо, коментирам напишано мислење, а мислењето во својата форма е такво какво што е. Едноставно е бе дечки, прашајте што сакаме, ќе ви кажеме. Не навлегувам во ничие планирање на семејство, за себе си зборувам. Доволно е да не сакам, нема потреба повеќе од тоа да објаснам. Детето во мене треба да биде, јас треба да го родам - и ако не сакам - не сакам. Утреден ако измислат мажи да раѓаат или вештачки матки, нека си имаат право на збор. Во случајов, не може некој да ми го киднапира телото оти ама сакал. Моето тело е неопходно за плодот да преживее и да се развие, а мојата телесна автономија е од поголема важност него нечија желба за татковство.
Најјако е што никој не ја забележа неговата последна реченица цитирам “Дете што не е мое нема да ја терам да абортира ако не сака,а камо ли моја крв” Не се ни дочитува,расправиите се најбитни. Оф.
Освен што лаже, еве сè наоколу гледам куп мажи што туѓи деца чуваат, посебно па трудни жени од други мажи имаат. Баш.
Нелиии? Дечкото покажа зрелост и одговорност што повеќето ја немаат , а тие го нападнаа како да почнал да ги заробува жените и да ги лишува од нивните права.
Абе оно своите ги изначуваа, па уште и туѓи. Секоја чест на исклучоци. Пишав вчера во друга тема. Од твоја матка, во количката што станува екстендирана матка - све тоа женска работа било. Они битно со прстенчето и рацете на газот.
Ако мислењето е такво какво што е, зошто го напаѓаш дека лаже? Од кај знаеш ти дали лаже или не? Тоа што еден куп мажи правеле така не значи дека сите прават.