Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Која си ти уопште да му се вмешуваш во врска? Ако сакал да биде со тебе, ќе бил, не девојка и на матично да потпишале. Ти не си дел од нивната приказна и најди си некој кој нема да те третира као златна резерва при ванредно стање
     
    На emekreme и Extraordinary.girl им се допаѓа ова.
  2. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Фала на сите за советите. :) Сакам да ви кажам дека вчера разговаравме (сите заедно) полека со разговор решивме се. Вереникот рече дека ќе продолжи да доаѓа како и порано само заради мене, на двајцата ни е тешко и самите го знаеме тоа но мораме да помининеме низ тоа и да издржиме. Се надевам дека во најскоро време се ќе си дојде на свое место.
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.762
    Допаѓања:
    25.032
    Пол:
    Женски
    Правилно сакаш, правилно ти кажаа, тргни се, не си дозволувај да бидеш втора.
    Ма да, ти под правилно очекуваш друга реплика, сакаш да слушнеш нешто друго, да добиеш зелено светло или совет како да ги разделиш и да бидеме реални без разлика на тоа што ќе те советуваме овде ќе си продолжиш со ситуацијава, нели?
    Од вакви работи никогаш ништо добро не излегува и биди сигурна и да ти успее да го 'освоиш' истото ќе ти го направи и на тебе, по извесно време.

    :nod:
     
    На emekreme и EleMental им се допаѓа ова.
  4. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Оф, душичка, :( сите сме биле во таа ситуација....Ако веќе си заглавила емотивно, станува мал проблем. Во случај да сакаш да престанеш да се гледаш со него. Едноставно, нема да одиш каде што оди тој, секогаш биди во друштво кое ќе може на време да те оттргне од него, за да не договориш средба или слично.
    А ако сакаш да продолжиш со него.....искрено, не знам баш некој добар совет да ти дадам. Повеќе од очигледно е дека дечкото не сака врзување во моментов, не дека не сака со тебе врска, туку воопшто. Искрено, не би ти советувала да навлегуваш во нешто подлабоко со некој кој не планира во скоро време да има врска. Зашто така само ти ќе бидеш повредена. Ти ќе бидеш таа која ќе прави се за да го задржи покрај себе колку што може, ќе се нервира поради тоа што нема да биде цело време со тебе, нема ни само со тебе да биде....Едноставно, нема да те прави среќна. А таков нема потреба да имаш околу тебе. Никој не го заслужува тоа. А сепак, жени како жени, сите сме имале барем еден таков во животот за кој сме оделе свесно со глава низ ѕид, без оглед што сме знаеле каков е :wasntme: Затоа подобро да се обидеш да најдеш некој што малку „понормално“ размислува на темата врска (немој погрешно да ме сфатиш за ненормалново размислување, претпоставувам знаеш што сакам да кажам :) ). Сигурно има еден куп момци коолу тебе кои многу повеќе заслужуваат твое внимание и нешто повеќе од внимание. Немој да губиш драгоцено време и нерви на некој што не те заслужува. Опушти се, излегувај со друштво, запознавај нови луѓе....Ќе се најде меѓу нив некое типче многу повредно за тебе ;)
     
  5. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    GReen Фала ти за советите. Потполно те разбирам што сакаш да кажеш. Не одам каде што излегува веќе одамна, се само да го заборавам зошто знам кој е крајот. Точно дека несака врска и било какво врзување. Јас толку мн го сакам што би направила се само да му покажам и докажам. единствено што сакам е шанса да бидеме заедно, јас да го направам своето па он ако сака повторно нека ме напушти. Така барем ќе знам дека сум се обидела и дека се сум направила.
    Незнам што ми е не сум обично ваква, ако некој ми сврти грб -јас ке го свртам мојот уште повеќе, ама не и во овој случај. Едноставно се заљубив. Мислам дека кога се би му кажала би избегал уште толку од мене, нема да сака ни да ме види.
    Кога го снема, несакав да бидам досадна со пораки јавувања итн, едноставно го оставив да си одлучи.
    Сакам само да знае дека би бил најсаканиот човек кога би биле заедно. Кога и да го видам јас целата почнувам да се тресам, рацете неможам да си ги смирам, а истото се случува и со него. Ко вчера кога се видовме, почнува одма да се смее, збунет е...
    Изгледа ке треба што побрзо да го заборавам, др излез нема. Несакам лесно да се откажам од него, само незнам што да направам за да го вратам пак до мене ??? Помислував да му пратам поклончиња дома, работи кои ги обожава, само може да сфати погрешно и да има спротивен ефект... Некоја идеја, предлог супер би ми дошле, сакам да му покажам дека навистина ми значи :'(
     
  6. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    ОВАА ПРИЛИКА :o не ти е за пропуштање ? па ај да беше моментот за патување низ светот, па да се двоумиш дали дечкоти да го зарежеш у Македонијава а ти да си патуваш или да ја пропуштиш таа прилика па да те сфатам чупе. Ама за дечко кој има врска и кој е факт дека не те рецка многу да викаш дека е прилика ? Па од шо ке беше типов ? од злато ? па нејкеш да го пропуштиш ? Првин зашто тоа потценување ? по секоја цена втора да си му ? Се ставаш на последно место а некој клапчо на прво место го ставаш у твој живот ? Второ ИМА врска, зарем не чуствуваш грижа на совест ? И плус тоа како си можела да дозволиш зафатен тип да контактира со тебе односно да те замајува ? Каде си ти тука ? Замисли тоа тебе да ти се случи м ? Како ке се осеќаш ?
    Првин он е кретен ФАКТ, ако он постапува у врска така со девојка му, веруј дека ти нема да бидеш поштедена од истото ... What goes around comes around :!:
    Извини што сум вака директна ама размисли што правиш!

    Ракченце мој совет за тебе ко што ти рече зеленкото, глеј избегавај го, доволно си свесна ко што може да видиме дека знаеш со каков си имаш работа, врати се малку наназад и прочитај го мислењето на ЕЛементал и затоа што и какви се тие женкарите.
    Немој чоек да правиш грешка и сама да си го газиш достоинството за него и да му даваш дел од твое внимание зашто веруј дека не е достоен ама баш ич. Ова ти е момент на заљубеност, ти не го сакаш, така да тука можеш слободно да се избориш. И немој да мислиш дека можеш да го смениш, не си троши енергија за него пак ке речам не е ни најмалку достоен. Си доста добра личност ама таа твоја добрина користи ја на други места кај што е потребна и каде што ке ти биде возвратена. Не си го троши залудно времето за него. ;) некаде таму сигурна сум дека се крие некое момченце што едвај чека тоа внимание нему да му го пружиш и што ке знае како да ти врати :)
    извини што не ти давам совет како да му дадеш до знаење дека ти значи, ама неможам тоа да го сторам, сум искрена и сакам да ти помогнам како и сите други овде :*
     
    На EleMental и rakce69 им се допаѓа ова.
  7. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Па можда затоа што знаеш дека не е баш најдостапен за тебе (заради тоа што не сака врска), можеби затоа ти се случува ова.
    Не мораш да му испраќаш поклони и такви работи.....Искрено, на тоа јас како женско би се извадила од памет, можам да замислам машко како би реагирало :o :) Ретко кој од нив би ја сфатил вистинската вредност и причина за поклоните. Е сега, не знам што тип на човече е, па не можам нешто попрецизно да ти кажам. Среќавај се случајно со него, биди почесто околу него, но без никакви оптеретувања со муабети за вас. Ако знаеш со што се занимава во слободно време (распрашај се ако не знаеш) оди пак „случајно“ таму, нели ;) На пример, ако спортува на стаза покрај кеј, оди вози точак, или џогирај, во најмала рака, така барем ќе имаш дупла добивка, ем ќе се среќаваш со него, ем ќе си одржуваш линија :D Пробај некако да се зближиш со него, но никако да не помисли дека сакаш другари да бидете, да не почне случајно ко другарка да те гледа. Оди на истите места каде што излегува, но секогаш со добро друштво околу тебе, по можност убаво машко друштво. Не би било добро да си помисли дека си му на располагање во секој момент, биди и ти малку недостижна за него, може баш тоа ќе го привлече повторно накај тебе. Нека се навикне малку повеќе на твоето друштво, да те гледа и како блиска личност во која понатаму може да има доверба, а не само една од оние кои ги мувал некогаш. Се надевам со тек на време ќе успееш да му се пикнеш под кожа, и дека и самиот тој ќе се промени и ќе почне да размислува за врска со девојка, а не само мување. Сите машки треба да го поминат тој период, и твојава љубов е моментално во истиот.... Ако навистина си решила да бидеш со него, имај трпение, остани во контакт со него. Но, никако не пропуштај некои други шанси во меѓувреме! Никако немој да си ја посветиш младоста на само еден човек, кој во моментот не е достижен за тебе, користи си го времето најдобро што можеш. Уживај максимално во се што ти го нуди животот (а богами и годините), а се друго ќе си се нареди само по себе ;)
    Ова е сега за сега....не ми текнува ништо околу тоа како да го привлечеш накај тебе.......искрено, никогаш не ме бивало за тоа, морам да признаам :$
     
    На rakce69 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.038
    Пол:
    Женски
    Ај да си кажам и јас што ме мачи, ова ме мачи откако времево се стопли од мај месец некаде :devil: а деновиве пак почна со кошарката,почнав и да ја мразам заради тоа :envy: Не сме од ист град со дечко ми и се гледаме еднаш , два пати неделно, неделава утре прв пат ќе се видиме за нашата годишнина :( Ме нервира тоа што не се гледаме често, мака ми е, но веќе се навикнав знам дека така мора да е ;( Она што последниве месеци ни страва караници е тоа што тој има обичај онака или за некој повод ( како што беше деновиве кошарката) или чисто онака да се соберат некои роднини негови, комшии и да седат во двор со саати, значи баш со саати, за тоа време ја седам дома, се нервирам и чекам да ми пише :doh: Со душа го чекам да дојде од работа и да направиме муабет, а кога тој ќе ми каже дека ќе седи со нив ми се темни пред очи :devil: Не викам дека треба да е постојано дома затворен ама може и мене да ми посвети внимание кога веќе не сме заедно( она што ми го посветува малце ми е), но испаѓа како да му е помило да седи надвор со особи кои ги гледа секој ден. Завчера јас бев на лекар, тој не ме ни праша како поминав, само ми пиша дека ќе оди на плоштад, нормално јас се налутив, и му реков седи тука со мене, толку ли е битно тоа, и тој па битно е како не е битно :^) еј кошарката побитна од мене :fubar: Еве вечерва исто пак, овие денови не сум добра баш и сакам бар преку муабет да го осетам до мене, а тој иако заврши кошарката пак си седи надвор, ми пиша само дека е рано да дојде , дали му досадувам или што навистина не знам ;( Се прашувам како понатака ми е страв да не ослабне нашата врска, ми е страв дека почнува да влијае реткото гледање и далечината :doh:
     
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    [
    Само отворен и искрен разговор...можеби е само период..а можеби со однесувањето сака да те наведе на раскинување...седни и кажи му го тоа што го напиша овде...зашто подобро е така отколку да те мачат сомнежи..барем според мене.И верувај ако љубовта и почитувањето се вистински ,ниедна причина не е доволна за тие да престанат.
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Ааиии Анастасијаки, колешката од клубот "4 - ти Септември" :D :hai:

    Врските на далечина обично претрпуваат повеќе стресови и тестови. Тоа секако и сама си го искусуваш моментално. И мојата е на далечина, затоа целосно се пронаоѓам во твојот пост.

    Да те бранам тебе: не бараш многу ако чекаш по некое пораче или јавување после работа. Во прашање се 30 секунди смс или 10 минути разговор. На ниедно машко не му паднале мхххм мхм од тоа. Не разбирам како може да му е толку тешко да ти пружи по некој, макар минимален гест на внимание, и како што си кажа ти, попрво би дремел со луѓе со кои веќе дремел цел ден, го одложува доаѓањето кај тебе и не те прашува за посетата кај лекар. Тоа, за жал, мене ми личи на губење интерес. Барем во овој период, не значи сега готово, вашата врска пукнала. Но барем за сега, тој те одбегнува. Не само видувањето, туку и една порака не му се пишува.

    Да го бранам него: мртов уморен од работа, сака да се опушти, да си приседне со пивце, мезе, пријатели, Македонија бележи историски успеси, се слави, се навива...еј абе знаеш не ми оди ова оправдувањето за него? Знаеш ова не е доволно за да НЕ ти се јави 10 минути да му го чуеш тоа мажественото гласче после посета во болница?

    Не не, ова ќе мора да го решиш со разговор. Колку и да ви е непријатна далечината, факт е дека таквите врски можат да успеат. Но за такво нешто, потребна е многу сила и посветеност од двата партнера. Спомни му го ова на вашата следна средба, но без напнат тон, најнормално прашај го да ти каже дали се чувствува спремен да се посвети. И најслободно кажи му дека ти е потребен почесто да бидете во контакт, да му го чуеш гласот и кажи му да не се плаши, од 10 минути разговор со тебе, нема да му паднат.

    Белким тоа ќе го охрабри, а? Кажи ако промашив нешто, ако оставив неодговорено.
     
    На WildCherry, Trendafilka, XMaN и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.038
    Пол:
    Женски
    Луничка му го имам кажано многу пати, но секогаш ист одговор добивам дека убаво е времето надвор и дека не сака да седи дома пред компјутер, и јас не сакам ама за него ако треба и цел ден ќе го поминам пред компјутер :( Кажува дека нема ништо лошо во тоа што деси надвор, нема знам, може и сум себична ама сакам тоа време што им го посветува на нив, да ми го посвети на мене. Не му го спомнувам веќе ова затоа што секогаш резултира со карање, а веќе немам сили за тоа. Исто така вели дека да сме живееле во исти град тој цело време ќе бил со мене а не со нив, но кога веќе не сме заедно не е страшно да седи со нив, и пак ќе речам, да, не е страшно, ама не е ни страшно да разговара со мене за сето тоа време :!: :doh:

    Елементал кога ќе дојде од работа ќе пишуваме малце и потоа ќе искочи надвор, и се заборава, тие што седат кај него буквално немаат осет да си одат дома, а тој вели дека не е таков и не може да ги остави надвор за да пишува со мене :?: Во момент на афект ми има кажано тешки зборови, но тврди дека е така затоа што сум го извадила од такт :tmi: Ќе видам како ќе се одвива ова понатаму, се изморив веќе да му го споменувам истово, и да се карам за тоа. Но мора малце посериозно да се ангажира за нас. Мора :!:
    не е лошо ни за жена да ме побара :P :lol:
     
  12. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Врската од различни градови е навистина тешка за одржување.До негде те свакам и тебе ама и него.Ти сакаш да е со тебе,ако не може реално тогаш виртуелно.Но тој сака да прави и други работи како што се излагање,па сега ова со кошаркава.Свати го и ти за ова сите другари и комшии се кај него во двор или пак одат на плоштад да навиваат а тој да седи дома.Сепак машко е.Но можеш да му кажиш и него дека не ти посветува доволно време.Дека не бараш ништо друго туку да се слушате повеќе.
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.038
    Пол:
    Женски
    Новост од господинот :@ прашува дали може и другата утакмица да ја гледа надвор :devil: ааа ќе си умрам ;( ;( ;( а кога отиде надвор рече до кај 8 ќе седи и ќе си дојде. Секогаш е вака, секогаш :x
     
  14. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    8.497
    Пол:
    Женски
    како бе дали може???
    земи таму седни го и напрајте си здрав муабет ако ништо друго бар расчистете види на што си и зашто е таков
     
    На anastasijaki и XMaN им се допаѓа ова.
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    А каков е?
    Цело друштво седи надвор и гледа натпревар, а тој треба да си пишува со девојка му и цело време умот да му е кај друштвото?
    Анастасијаки како што разбрав секој ден си пишувате и се слушате, два пати неделно се гледате, и според мене тоа е сосем доволно.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Колку и да ти е тешко, остави го нека излезе, европското првенство нема да трае вечно. Поинаков шмек има кога ќе се собере машко друштво да гледа натпревар. Ако браниш, ќе се чувствува загушено и нареден пат ќе нема да сака ни да те праша.Организирај се и ти со другарки и помини си убаво, ем ќе избегнеш расправија, ем нема да бидеш здодевната што го држи на синџир. А кога ќе заврши натпреварот, разговарај со него сериозно за вашиот однос и кажи му отворено се што ти пречи, се надевам ќе најдете заеднички јазик. Само немој сега, сега и двајцата сте под притисок, тој да излезе, ти да бидеш со него и само може да се испокарате и утре и двајцата да жалите.
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.038
    Пол:
    Женски
    LivingGlam не е ова прв пат секогаш така прави, ќе искочи надвор, ќе каже ќе си дојдам околу 9 на пример после тоа он седи уште 3-4 часа, а јас седам дома и се нервирам, како што кажав здравствено не сум добра, многу проблеми ми се собраа деновиве, и место да е тука , да ме расположи тој си седи си гледа натпревари. И јас треба да сум му поважна од друштвото со кое е секој ден. Еве денеска е со нив од 3 ипол а сега е 8, зарем не е доволно? А, да и неговото друштво секој ден е со девојките/сопругите, а тој со мене? :|
     
  18. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Кога некого сакаш и ти значи прво што правиш е да прашаш како е со здравје ако не е ок, тука отпаѓаат сите тактики на топло ладно или било каква кошарка, здравјето на тој што ти значи мора да има ПРИОРИТЕТ зашто ако нема нешто не е ок и не можат да важат никакви оправувања.
     
    На WildCherry и anastasijaki им се допаѓа ова.
  19. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    8.497
    Пол:
    Женски
    врати му со иста мера, кога ке ти каже да се видите кажи му треба да седам со другарка или братучедка. :devil:

    И два пати неделно гледање е сосема доволно ако се муваш со некој
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Анастасијаки, дај бе остави го човекот да ужива, мене ова ми е навистина претерување.

    Ај замисли ситуација, по цели денови даваат епизоди Секс и град или не знам некоја твоја омилена серија и се собирате женско друштво, а тебе дечко ти ти брои време колку седиш?!Скроз наместо било кога ти рекол дека не му се седи дома пред комјутер, туку нормално пред тв со друштво.Ако вака на секое му мрчиш нема ништо да постигнеш освен да го оддалечиш, остави го да ужива, не е дека тебе те откачува да се видите за да седи со други.

    Единствено можеш да му речеш дека сакаш повеќе внимание порака или да ти се јави, ама не и да очекуваш тоа да го прави на секој пола саат.

    Наместо да се нервираш најди си и ти занимација, излези, не му придавај толку значење и не покажувај лутина, ќе видиш како ќе биде тогаш поинаков.Вака само ќе го исплашиш, му ја кратиш слободата, а тоа машките ама ич не го сакаат ;)
     
    На mims-89, Trendafilka и anastasijaki им се допаѓа ова.