Истото и он го кажа само што потенцираше дека нема да ја отфрли и да ја остави али се' може од контекст да се извади очигледно.
Не постои случајна бременост. Имам толку многу братучеди, другари и колеги со кои сме разговарале за ова и сите тврдат дека едната страна знае дека се завршила работата внатре. Во некои случаеви кога нејзините не ја даваат во таа фамилија или таа не сака, па на овој начин е приморана. Понекогаш велат кога ќе дознае за неверство, п да ја задржат. Друг пат онака for fun и љубопитност. Имам колега што е 38 години и има четврто дете сега е 3 години и жена му се убедуваше дека е случајно и на крај тој сам кажа бил пијан и му било убаво и не го извадил а таа не ни знаела бидејќи пола било надвор и као демек еве океј е се надвор е се додека не добила позитивен тест. Така да не верувам во тоа случајност, се е со умисла и планирано. Лошо е само доколку не каже и се праве удрен во глата и кога ќе му кажеш трудна сум го мава шок. Што очекуваше? Мачка? Ако садиш грав нема да расте зелка. Па паника, па он не бил спремен не знам што. Милион врски завршиле поради тоа. А од друга страна доколку двајца се во врска логично доколку сакаат да го здржат детето да стапат во брак, или гледаме многу Американски филмови? А вие што одите со некого, а не го сакате за сопруг како имате секс без кондом? Бидејќи и тој ако не ве сака за сопруга може иде со 100 други истовремено и секоја болест да ви ја подари. Муабетот врска си нема. Првично оние двајца биле во врска, таа дознава дека е бремена овој лукавица не и кажал дека свршил внатре и како пи*ка си заминал. Тоа е се што треба да се каже. Човек ли е? Не е. Готово. Малку језиво да се читаат коментари толку сликовите за вашите односи. И јас кога бев во врска да останев бремена очекував да ме запроси веднаш. Бидејќи 1. Би го задржала бевето и 2. Го сакам него - затоа и имам секс со него. Не знам како имате секс со некого за кого немате емоции и не гледате поврзаност и иднина. Никогаш не сум била со таков, ептен ми е "лесно" давање. Вие си знаете.
Апсолутно се согласувам, не може да не знае машкото дали завршил внатре или надвор. Би надополнила - не може и да не користиш заштита и да кажеш дека било случајно, непланирано. Се знае, ако не сакам да имам дете во моментот ќе си бидам поодговорна и не си дозволувам незаштитени односи.
1. Јас бев во врска од 18 до скоро 31, и освен во последните 2 години, сè претходно немаше шанса да родам, не сакав. Да се мажам не сакав никогаш, не сакам ни ден денес - така што дечкото што би ме просел за да е "одговорен" очигледно премалку ме познава за да продолжи да ми биде партнер, а не сопруг. Бившиот, среќа, беше свесен за истово и на темава немавме проблеми (п.с. бевме запросени без дете де, оти свадба немаше да има никогаш). 2. Истиот проблем ко другион член "давање", "земање". Сексот е интеракција меѓу двајца кои сакаат да го имаат, никој никому не прави "услуга" па да дава и зема. Ако сакаш да имаш секс, имај, ако не сакаш, немај, твоја лична работа, како и на сите останати.
Тоа давање му беше ставено под наводници, врати назад ќе видиш. И велиш првобитната ситуација била за рандом девојка со која нема врска и не гледа иднина. Јас не се сеќавам да прочитав таква ситуација туку баш напротив, бил во врска но ја прекинал заради некои муабети кои дошле до него. Јас ти ја разбирам поентата но сакам да кажам дека на погрешно место улета, немаше потреба. Не станува збор за мене, за тебе, тој се надоврза на прашањето на членката. Тоа дали ти би имала со некој секс, дали би родила итн нема врска со неговиот став да ја запроси девојката. Ниту тоа дали се останува случајно бремена. Целиот муабет е за што потоа. Ич не сакам вака кога ќе му се закачат на член и само за да се поентира му се извртуваат зборови или се додаваат зборови што воопшто не ги пишал, па одење до крајности. Прво заклучок дека типот од проблемот е сељак зашто ја оставил потоа овој што вели ќе преземе одговорност пак не чини. Ти имаш секогаш убаво срочени мислења, секогаш на место ама ова беше стварно аут.
Не постои случајна бременост. You had sex, what did you expect? Кога имаш односи треба да си свесен и за ризиците и последиците. Особено ако сексот е без заштита. Секако дека и заштитата можи да потфрли, но тој процент е многу мал некако во однос на "случајниве" бремености. Читајќи погоре сфатив дека членот и не кажа нешто многу лошо. Свесен е што можи да произлези од секс и е спремен да се справи со последиците. Можеби не го формулира тоа со најдобрите зборови, но еве замислувам во таква ситуација да се најдам да потфрли заштитата (бидејќи никогаш не би имала однос без тоа доколку не сакам да забременам во моментот), би преферирала маж што ќе остани тука до мене и што ќе е подготвен да ме поддржи во одлуката која ќе ја донесам, а не некој што ќе испари и ме остави сама да се справувам. За танго се потребни двајца. На крајот секако треба да е крајната одлука на девојката што ќе направи, бидејќи во нејзино тело ќе расти детето, таа ќе треба да го раѓа и да се справува со сето тоа. Но вистински маж треба да е спремен да ја поддржи во секој случај. А ако крајната цел на двајцата им е брак и заеднички живот, апсолутно не гледам лошо во тоа да се задржи детето.
Ништо не му извртувам, било кој маж со ваков муабет не би го сексала. Тоа и го напишав. Зошто за мене е непромислено, а не одговорно, "ако на некоја и' направам дете" (негови зборови) прво да мисли на прстенчето и татко и'.
Но можеби и неговата девојка "мисли на прстенчето". Членот не отиде толку до детали за неговиот приватен живот, но верувам во сериозна врска ако се доволно зрели и немаат по 18г разговарале за прстенчињата и девојката си се изјаснила на таа тема.
Кај нас да не се ебеше пред брак, никој немаше никад да се земе, оти очигледно тоа е едина причина поради која се зимаат. А ако му давате на дечко ви и маж ви без заштита, а се труете со хормони, афтер пилули, антибиотици против стд и знаете има абортус оти не сакате бебе, ондак сте глупи ко курац. Еден кондом да ги мрзело да стават. Да си рискирам здравје за кур ќеиф, ќе си ја прашам. И вика не. А на темата, батали тој гревот.
Јас не видов ништо лошо во мислењето на членот. Има "мажи" што бегаат кога девојката остнаува бремена, има и такви што се 100% овде за неа. Како што кажа членка погоре, имаш незаштитен секс = спремен си на се. Мене искрено ми е cute што тој е заштитнички настроен, во споредба со некои недораснати и на 40 години. Од друга страна овде зборуваме за врска. Јас и сите околу мене сме веројатно мноооогу заостанати што врска ја гледаме со човек со кој сакаме утре семејство со или без деца = брак, појаснато за поединци. Мене не ми е сфатливо како некој ќе изгуби 10 години од животот со некој што не сака утре да му биде ништо. Или без заштита со било кој. Не, не именувавм никој, има милион причини. Со самиот чекор кога ќе тргнете заштита на страна може да дојде до бременост. It takes two да се направи бебе. Од друга страна не знам зошто одредени жени се напнаа со прстенче. Што е толку лошо? Сум била со него 5 години и вака и така ќе сме се венчале. Сме живееле заедно, сме делеле леб. Освен сопруг еден ден што друго да гледам во него? Жирант? А овоа не би го сексала? Извини? Како сте толку некултурни не знам. Као прво се сомневам со овоа понашање дека ќе му се дигне на некој на вас.
Не сум ги видела тие зборови, баш и се вратив назад и не ги гледам никаде. Можел и подобро да го формулира мислењето но суштината е таа, дека нема да побегне. Зошто многумина тоа го прават. А за правење бебе двајца треба, не може само тој да го направи. Како што се кажа погоре штом се влегува во сексуален однос секогаш има ризик за бременост штом нема заштита. Пак ќе речам те разбирам што сакаш да кажеш ама нема врска едниот муабет со другиот. Ти го направи ко божем насила ќе ја доведе дома жена да му биде.
Повели: Ај оти не појде кај мајка и' со прстенчето, туку кај татко и'? Размисли, не ми ја сфаќаш поентата.
Мислам дека буквално сфативте.Сигурно прво неа ќе ја праша,па потоа ќе оди кај нејзините ,некаде се практикува некаде не,вердиба или збор давање.Запознавање со смејствата и давање благослов од постарите.Мислам дека на дечкото тоа му беше поентата,ама грешно ја формулира.