Љубовни проблеми и совети

Discussion in 'Врски' started by bilkata, Dec 4, 2009.

  1. felisitas

    felisitas Популарен член

    Joined:
    Jun 21, 2012
    Messages:
    490
    Likes Received:
    1,468
    Тоа него го прашувале, а поентата ти ја сфаќам, демек еден маж и прави дете ако му прдне, па татко и (друг маж) се прашува да ја даде, поентата ти е дека мажите го кројат текот на животот на една жена. Јас и сама реков можел и подобро да го формулира мислењето како би ја избегнал шовинистичката нота, следните негови мислења се сосема на место. Повеќе му беше симболично кажано тоа со прстенчето и татко и, не буквално.
    Мене најпрвиот пат кога маж ми ме врати дома се шалеше, немој да ми излезе татко ти со некоја пушка, не рече мајка ми. Татко како столб, како заштитник, не како господар во чија сопственост е девојката.
    Одвишок е коментарот ја не би се сексала со тебе поради таквиот муабет, ај сите ако се изнесеме тука дали би се сексале со него кај е крајот. И набедување дека лаже, па ќе испарел, а никој не го познава. Мислам 2025 е јас никогаш до сега не сум чула за случај, некој ја затруднел и ја земал за жена против нејзина волја. Знам за два случаи кај што мажот се повлекува и жената сепак го роди и го гледала сама, пак по нејзина волја.
     
    Ena05, LadyD, Stark and 3 others like this.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    21,463
    Likes Received:
    279,666
    Ете јас знам за повеќе од еден случај кај што дечкото намерно прави дете (со нејзино незнаење) со цел да ја задржи т.е. да "нема избор" и да се омажи за него.

    Абортус си е лично право на секоја жена, а тоа што малце му (им) се мешаат поимите женидба и татковство е друг муабет.

    И скроз сум сериозна дека со таков (кој гледа решение за бременост во брак) не би имала секс. Како што сум немала кога сум се сомневала на таква намера :)
    Не е смешно. Татко не е повеќе столб и заштитник од мајка.

    Шо никој не ја ни сфати, нвм ет дис поинт :D
     
    Mumoftwo30 and Munchmallow20 like this.
  3. felisitas

    felisitas Популарен член

    Joined:
    Jun 21, 2012
    Messages:
    490
    Likes Received:
    1,468
    А како може да нема избор? Кој и го крати правото на абортус? Озбилно прашувам, ете ја затруднел без да знае ама без сама да прифати не може да се ожени со неа. Дури и самата неколку пати ти потенцираше дека ако сака нема да го роди, ако сака ќе го роди и без брак? А инаку штом се впуштила во однос без заштита сигурно очекувала можна бременост и размислила за последиците.

    И ајде на сите што не капираме, кажи ни ја поентата која беше освен тоа што не би се сексала со тип кој би се оженил со тебе ако забремениш и тоа дека жената има право на абортус и да одлучи што понатака, што никој и него ни оспори, сите го знаеме тоа, не измисли топла вода.
     
    Last edited: Sep 23, 2025
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    21,463
    Likes Received:
    279,666
    Ајде да објасниме, не беше толку тешко.
    Идејата дека бебе = брак е погрешна. Оти БАШ така луѓе што НЕ треба да се заедно, склучуваат бракови и се мизерни и самите тие, и децата нивни, што е "греота" да ги абортираат или да ги родат без да бракосуваат.

    Да се вратиме наназад, се зборуваше за "некоја", не за вереницата, не за девојката со која планира брак за 2 години, туку за било која.

    Одговорност преземање кон детето НЕ е исто што и брак, не знам зошто толку е тешко за разбирање.

    И јас имам пријателки кои од глупи ситуации и небитни ликови останаа бремени и родија, татковците никој не им брани да се татковци, сопрузи не им се, оти никогаш и не беа заедно со намера да се мажат/женат еден со друг.

    Е сега, замисли идам на дејт со некојси, и ми го сврти муабетот на типов - мене ми кажува дека не разграничил што е родителство, а што сопружништво, па поради истово, не би имала секс со него затоа што ми е "ризичен". Ваљда е појасно.

    А ова со венчавање на трудни жени од други мажи, ама до точка и запирка лажат :D
     
  5. felisitas

    felisitas Популарен член

    Joined:
    Jun 21, 2012
    Messages:
    490
    Likes Received:
    1,468
    Ама види не е проблем на дечкото (@SURF или кој и да е што размислува така) што некои девојки си дозволиле да забременат од небитни ликови. Зошто не ми се десило мене тоа, тебе? Како може да забремениш од небитен лик не разбирам?
    Околу идејата бебе=брак дека е погрешна, може да е погрешна и без бебе и да го увидат тоа и после деца родени во брак и спротивно на тоа.
    Јас поаѓам од точка врска, зошто би биле во врска луѓе што не се за заедно да бидат??
    Како што е одлуката на жената дали ќе роди и што ќе прави поради фактот што е нејзино телото, истата таа жена си сноси и одговорност кон истото тоа нејзино тело да не го доведе до бременост поради глупи ситуации и небитни ликови..
    Затоа на @SURF ставот е сосема на место, без разлика дали се однесува на моменталната девојка или на друга, поаѓа од фактот дека е во врска со девојка (која ја сака, зошто инаку би бил со неа) и дека ако дојде до бременост од негова страна би сакал брак и да го гледаат заедно доколку се разбира таа сака да го роди. Не да ја фати за врат и да ја киднапира.
    Инаку ризичен во тој поглед може да биде секој, ама подобро да е некој што ќе застане до девојката. Правото на абортус никој не и го зема.
     
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    22,254
    Likes Received:
    205,027
    Ете така, некогаш нема избор. Пример темава има 33 страни . Жими еден случај што го прочитав за стварно непланирано. https://forum.femina.mk/threads/Не-Планирана-бременост.33921/
    Некогаш (многу често) (не)планирана бременост е оти некој си ја планирал. Ко ќе дојде до такво ,,непланирано,, па он спремен со прстенче, па таткото пресреќен оти ќе ја омажи да не му седи дома безвезе стара мома, туку да стане ,,поштена,, жена, на таа девојка многу малку простор за избор и останува. Што апсолутно не е во ред.
    А она што се впуштила во однос без заштита, или во однос со ,,заштита,, ама ете откажала заштитата- што да речам- ако била изненадена, ваљда некој планирал непланирано. И без брак, и пред брак, и во брак- децата не се праат непланирано.
     
  7. felisitas

    felisitas Популарен член

    Joined:
    Jun 21, 2012
    Messages:
    490
    Likes Received:
    1,468
    Јас пак ќе се навратам на тоа што пишав погоре, ако со некој тип не се гледаш во иднина, брак, семејство едноставно нема ни што да правиш со него.
    И пак тврдам има избор... Ако толку е кнап работата па нема ни да му каже и ќе абортира сепак. Ја не знам како би изгледало тоа што го опиша, она го нејќе ама он сосила иде со прстенот кај нејзините и овие ја даваат и он си ја носи дома??
     
    DEFNEDEFO, Stark, SURF and 2 others like this.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    22,254
    Likes Received:
    205,027
    Може да се префрлиме во темата што ја цитирав, да видиме илустративно како изгледа тоа.
     
    CameliaMiller likes this.
  9. felisitas

    felisitas Популарен член

    Joined:
    Jun 21, 2012
    Messages:
    490
    Likes Received:
    1,468
    Може, слободно нека ги префрлат мислењата, мада не е битно. Баш и мислењата таму се врв, ќе останам ли бремена ако пијам норлево уредената, шта речи?? После изборот бил тесен.
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    21,463
    Likes Received:
    279,666
    Среќа имаш ако не си свесна дека непланираните бремености не се непланирани :)

    Нема потреба да објаснуваме кој со кого треба секс да има и во каква врска да биде - да, постојат врски без иднина, за забава, дур е интересно.
     
    Mumoftwo30 likes this.
  11. felisitas

    felisitas Популарен член

    Joined:
    Jun 21, 2012
    Messages:
    490
    Likes Received:
    1,468
    Ама пак се вртиме во круг, и да се планирани од едната страна еве во случајот машката пак е твоја одговорноста да се заштитиш од нив. Не може да речеш ај ќе терам врска дур е интересно после цацко е крив. Смешно стана, се отепаа маживе да ја оплодат која стигнат и да ја земат за жена пошо нема како да се оженат иначе. И не може да го набедуваме членот дека би ја затруднел девојката и подмукло би ја земал за жена само затоа што пишал дека би ја запросил во случај на бременост.

    Секоја нека си има секс со кого сака, да внимава или да верува, она ќе си се сноси со последиците, не јас. Ја не знам ни како дојдовме до овој муабет, зборот беше дека ако не сакаш бебе имаш избор да абортиташ или да го родиш. Ако не сакаш да се ставиш во ситуација да бираш од двете, ќе внимаваш многу и тоа е.
     
    Last edited: Sep 23, 2025
    DEFNEDEFO, Stark, SURF and 4 others like this.
  12. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Joined:
    Jun 21, 2025
    Messages:
    1,453
    Likes Received:
    5,926
    Gender:
    Male
    Како не постои непланирана бременост?
    Добро да може да биде наместена намерно, ама постои и непланирана.
    И таа бременост настанува најчесто поради не доволна едуцираност или невнимание и многу ретко поради пукање на кондом или немање ефект од апче.
     
  13. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Joined:
    Jan 10, 2024
    Messages:
    1,569
    Likes Received:
    10,502
    Gender:
    Female
    Леле Камелија, ова првово хорор прикаски за тинејџерки. Не може да не приметиш дека некој се обидува бебе да ти направи. А потоа, тоа така било, бебе ќе имаме, од прва секогаш се прави бебе. Или тие околу тебе се скроз необразовани како се прави бебе, или стварно појма немаат што прават во кревет, па те плашат со муабети, пази на незнаено да не ти го опне некој. Илиии, не сакаат да ти признаат дека не користат заштита и едноставно се препуштаат свесно. Еве тебе може да те излажат, ама не сите. А сигурно не себе.
     
  14. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Joined:
    Nov 20, 2022
    Messages:
    4,857
    Likes Received:
    20,467
    Е така, ама на некој ко да не му е јасно.

    Друга работа, озбилно има жени кои не осеќале коа им свршуваат внатре? Дали? Пошо има и такви, не знаеле дека си завршил он работа..
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    22,254
    Likes Received:
    205,027
    Да де, митот за плодни и неплодни денови. Обавезно на средина се паѓаат плодните, пошто сите сме по книга. Едукацијата се вика-кондом, и толку е доволно.
    Ајде, забегавме од темата, нек префрли модератор од погоре @RainBow
     
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    21,463
    Likes Received:
    279,666
    Ниту некаде реков дека тој намерно ќе направи.

    Реков дека неговото сфаќање за преземање одговорност е спротивно на моето сфаќање за преземање одговорност, hence ако на дејт некојси ми направи ваков муабет не би ни имала секс со него. Односно, ако не му е јасно дека родителство не е идентична работа со брак, што на членот очигледно не му е јасно. Тоа го реков.
     
  17. quattro

    quattro Популарен член

    Joined:
    Nov 27, 2020
    Messages:
    4,362
    Likes Received:
    10,741
    Gender:
    Male
    Непланирана бременост не постои.
    Постојат само одлуки кои се заеднички или пак неодговорност и несвесност кога некој мисли дека може сам да одлучува се.

    Бременоста не е несреќа, ниту изненадување ниту пак паѓа од небо, туку е резултат на однос помеѓу двајца и затоа е одговорност на двајцата. Никој нема право да одлучува сам. Кога постои партнерство треба да постои и заедничка одлука како за се така и за ова. Се планира тогаш кога ќе бидат двајцата согласни и се спремни да имаат деца, а не едниот.

    Се друго е себичност.
     
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Joined:
    Dec 12, 2021
    Messages:
    6,480
    Likes Received:
    28,931
    Gender:
    Female
    Јас знам пример кај што на девојчево ѝ беше кажано оти не може да има деца. И изненадно останува бремена (веројатно нели рекле нема потреба од пазење), али пошто наводно можело да не забремени пак понатаму, детето си го раѓа и се мажи за дечково и сега (наводно) си се среќно семејство. Не сме блиски, само олку знам. Е ова можам да го наречам неочекувана бременост.
    А све друго со неплодни денови и вадење надвор... до утре прајте се изненаѓени како се десило.

    И да, бебе може од еднаш да се направи. Боже сачувај, да ве учи човек како доаѓа до бременост.
     
  19. felisitas

    felisitas Популарен член

    Joined:
    Jun 21, 2012
    Messages:
    490
    Likes Received:
    1,468
    Па не би рекла дека не му е јасно, само тоа што би сакал тој е брак во кој заедно би го раснеле детето со жената што ја сака. Според тоа и си бира партнерка логично. Си тргна од своја гледна точка, сака брак и семејство исто како ти што не сакаш, како што напиша погоре. Но тоа не значи дека не би ја почитувал нејзината одлука, сам го кажа во следните негови мислења. Не знам како да сфатам, дали целиш кон тоа дека да се грижат за него вонбрачно е подобра опција бидејќи тоа е подобрата опција за тебе лично.
    Па на крај краева затоа и се дејтовите, да се запознаеш со личноста. Фала богу имаш право да селектираш кандидати за секс. Само овде беше излишно, друга беше проблематиката а не со кој од форумот би имале или би немале секс.
     
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    21,463
    Likes Received:
    279,666
    Претпоставуваш дека ја сака жената наводна, кога со негови зборови кои ги цитирав станува збор за "некоја" (а и во оргиналниот пример не стануваше збор за жена во која некој е вљубен). Никој не зборува за пар кој веќе планира брак.
    Подобро е вонбрачно да се грижат ако самите не се сигурни дека сакаат брак од вистински причини, а вистинските причини многу малку имаат со непосакувана ситуација како што е примерот овде за кој дискутираме.
    Која е логиката да се ожени со некоја која не ја сака, се забавува со неа, ама пошто дете направил да се жени? Ако пред трудноќава немал во план да се жени, трудноќата е погрешна причина за истото. Ако веќе сака брак со таа некоја и сакаат дете со таа некоја е друга приказна што врска нема со конкретнава.

    Секако, тоа и го искоментирав, селектирам врз база на тоа да не ми бладаат вакви традиционални "вредности". Фала, не треба.