Мене јасно ми е и за родителството и за бракот. Тебе изгледа не ти е јасно па како што кажа членката погоре требаше чекор по чекор и сликовито да ти објаснам како ќе преземам одговорност за детето што сум го направил. Друга работа со параноиве за некакво меѓу машко договарање меѓу таткото и зетот и тие талибанските сфаќања стварно не знам што да искоментирам. Предпоставувам дека и реплицирам на девојка што живее во Европа, во град, во држава и култура со многу либерални сфаќања но и слободи и права а не на некоја што живее во некоја пештера во Авганстан или во некое село во сред џунгла во Африка. Како што кажа погоре, си имала непријатни искуства од околината тогаш можам да ти ги разберам ваквите размислувања. Ако е некаква радикална феминистичка агенда и пропагадна за деградирање на мажите во целина без разлика на нивните реакции тогаш горе напишаното не го земај во обзир.
Само еден ќе треба да мине 9 месеци во хормонска агонија и да е исечена на пола за да го роди. Така да, одлучување сам кога е од женска страна не е себичност.
Радикална феминистичка агенда е. Ај сега ела кажи дека си добар момак, да заокружиме. Се убаци у муабет кој везе немаше со сериозни врски и бракови, ама океј, ако од онс направиш дете и следен чекор ти е женидба, што да ти кажам, со среќа
Ок нека биде. Не ме интересира во што веруваш и што поддржуваш. Ме интересира само зошто во секој твој пост си измислуваше работи и ми ги извртуваше муабетите ? Настрана што почна и со лични напади и заклучоци што доволно кажува за тебе и твојата перцепција. Не кажувам. Свесен сум дека не сум идеален. Работам на мааните за да ги поправам. Работата е што ти живееш во некој замислен паралелен свет па манифестираш . Нигде ни тоа не го кажав дека после онс ќе женам некоја но ок. Знам дека ти е интересно да извртуваш зборови, и да провоцираш за да има драма. Со среќа и на тебе. Особено на дејтовите.
Како извртувам кога буквално те цитирам? Воопшто прочита за што станува збор пред да коментираш? Некоја си (за која типот слушнал лоши муабети) абортирала (а наводно не можела да има деца). Каде во приказнава има заљубени двајца што случајно дете направиле? Од невнимание, експериментирање, ватевр? Еве нека е обратно, јас и Трпе се сексаме, јас му викам пијам терапија нема гајле. Трпе ми верува, ама јас си подзаборавам ете. И како е Трпе "должен" да се жени со мене оти сум трудна? Каква е поврзаноста? Зошто би се женел со мене? Во овој пример мојов бејби трап е грозен, ама ете биднало, Трпе татко сакал-нејќел ќе стане. Тоа не значи никако дека е "должен" да се жени со мене. Толку е просто (и блиску до оргиналниот пример за кој се отвори дискусија).
Во ред. Те сфаќам што сакаш да кажеш. Дали ти ме сфаќаш дека меѓу редови и сфатив дека ти и Трпе не правите муабет откако се случило тоа и дека ти си заборавила тој ден, недела да земеш терапија и се случило што се случило ? Затоа реков и погоре дека комуникацијата е најбитна со кого и да си и за што и да си. Значи ти ќе му кажеш на Трпе што се случило и ќе видиш негова реакција. Ако е позитивна тогаш правите договор што ви одговара на двајцата, ако е негативна тогаш се случува гореспоменатата случка и тогаш се преземаат други мерки за да му ставиш на знаење на Трпе дека тоа бебе од нигде никаде не се појави во тебе и дека и тој има одговорност.
Е сега се разбираме. Трпе има одговорност кон детето, пошто го направил детето, но таа одговорност не значи дека треба Трпе да се жени. Не е примерот за кој дискутираме за сериозни врски кои се со план за брак, за нешто сосема поинаку е примерот за кој дискутираме, затоа е важно да се разграничи. Да не се правиме слепи на вакви ситуации од двете страни "подметнати", оти ги има, не се тинејџерски хорор приказни - што би рекла членката погоре
Супер што после 24 часа дебата конечно се разбравме двајцата. Сега ќе ми дадеш после овој муабет ? ЈК
Oфф , и тоа е долга тема за дебатирање. Овде е и оф топик. Само краток хинт ќе ти дадам да прочиташ и да се запознаеш со првиот и вториот бран на феминизмот и со овој третиов ако не е и веќе заменет некој четврти новопојавен. За почеток земи запознај ги Роза Луксембург и Роза Паркс.
@SURF што значи тоа што се разбравте, ти се смени мислењето да се ожениш со "некоја" што би ја затруднел ?
Не може да ги запознае оти се мртви... Иначе, фала што дојде да ни мудасплејнеш за нови поими како феминизам и неговите бранови. Што би правеле без тебе и твоите хинтови... Друга некоја стручна литература имаш да ни препорачаш на оваа тема, или само овие две ги знаеш оти исто се викаат па затоа си ги запамтил од учебникот по Историја у осмо одделение?
Најглупа ми е таа реченица - не можеш да останеш бремена.. А најчесто ја кажуваат на девојки со полицистични јајници, ендометриоза итн... И тоа е сепак еден голем мит. Освен ако нема матка за да износи бременост или има извадени јајници, подврзани јајцеводи итн нон сенс е доктор да се дрзне да каже на некоја - ти никогаш не можеш да останеш бремена. И тоа не треба да е неочекувана бременост...треба со секој секс да знаат девојките дека барем 1% има шанса да останат трудни ...колку и да кажуваат докторите дека не можат (освен во специфичните случаи) И да се заштитат пред се од преносливи болести после и од бременост
Прејако ми е кога маж, посебно негативно настроен кон феминизмот, ќе ми каже да се едуцирам за истиот После викам не се доволно осамени, епа не се. Ќе женеле жени трудни од други мажи... а од онс нивното епа не е исто Единствено 100% невозможно е ако недостасува матка и/или јајници. Сè останато не е невозможно.
Леле како го донесе заклучокот дека е негативен кон феминизмот? И кон конкретната тема која е потребата воопшто да се спомнува феминизам? Во склоп на темата сите сме сложни дека можеме да се сексаме со кого сакаме, ако забремениме имаме право да родиме или абортираме, ако ни понудат брак да прифатиме или одбиеме? Сум приметила било кој машки член, што и да пише, се сфаќа лошо и е нападнат. Ако пише да, зошто пишал да, ако пише не зошто е не. И зошто е можеби. И да даде идеален одговор пак е нападнат дека лаже, се фолира па претпоставки, сарказам, ароганција. Се додека дискутира човек пристојно, без навреди, говор на омраза, омаловажување, има право да си даде свое мислење. Пак ќе ја спомнам @CameliaMiller и тоа дека не би се сексала со него поради ставот, тој е негов став, нема врска со тебе, не ти понуди ни дејт ни секс. Ти му се убаци безвезе и се надоврзаа други драматично и ете ти вид булинг на форум. Можеше и ти други зборови да одбереш и да се изразиш покултурно и да поентираш на ниво со еден единствен пост. А секој си бира кандидатки за секс според свои критериуми. Не легнува секој со небитни ликови и со кои не гледа никаква иднина. Тоа "некоја" премногу буквално го сфаќаш. Оди типот и што му дојде на пат оплодува божем. И јас се ставам на тоа место хипотетички, маж со кој не би се видела во иднина не би ми бил привлечен ни за секс за една ноќ.
Зависи кон кој феминизам. Кон првиот вистински бран што го предводеле жени или кон модернава brainwashing пропаганда што ја водат трансџендери.
Абе како ве намирисувам од далеку, да си е*ам векот значи Сам си пишува лол Што се однесува до сексање, сексај се со кого сакаш - не е мој проблем, а јасно беше кажано дека не се мисли на него лично, туку на кој било со такви муабети. Ај уште еден круг ќе свртиме. Не можеш да сфатиш што е проблематично во ставот оти и твојот е проблематичен, или не е тема која те интересира. Симпл.
Секако . Затоа што ти не беше против секое машко размислување и постапка без разлика на контекстот на самото мислење. Чисто хејт кон се поврзано од спротивен пол знаеме што е и кон што води.
И 10 круга да свртиме пак не гледам ништо проблематично во ставот да се ожени ако се случи фамозната непланирана бременост. Ваљда има повисоки критериуми и одговорност кога се впушта во сексуален однос. За разлика од твоите пријателки што ги спомна претходно па сега друг им е крив што се во ситуацијата во која се. Не знам како тој негов став значи дека намерно би забременил рандом девојка и одма би ја женел. Доволно е кажано во претходните мои мислења впрочем.