@Polyincognito ама баш. Многу подобро поминувам откако почнав да давам само заслужено внимание, никако подарено. Оти чисто за да тепаат време ќе дрндаат ден и ноќ без никаков труд од нивна страна - така што, сега ако некој сака мое внимание, мора да го заслужи прво. И помалце боли глава откако престанав да барам "скриени значења". Ништо не е скриено, сè е на ачик Баш не беше, читаш што сакаш. За прашањето одговорив поназад, за мое тело нема да прашам, јас одлучувам. Ако не сака да е татко, ќе си плаќа алиментација и тоа е тоа. Нема сигурно да се омажам оти ама тој сака лол. Во случајот на моите пријателки татковците сакаат да се родители и се.
Тогаш имавме по 21 година, двајцата. Реално, од секогаш сум била свесна за вакви работи и потенцијални проблеми. И ако видев некој red flag готово толку е. Мислев дека дечкото е супер, и реално беше супер за времето кое го поминавме заедно. Меѓутоа, кога почна да ми кажува дека му смета „разликата во години“, си се повлеков. Нема што да го убедувам некого – ако му смета, му смета и тоа е тоа. Искрено, и јас никогаш не сакав да бидам постара во врска; на почетокот ми сметаше малку, ама си реков дека ако сè друго е ок, две месеци разлика не е причина за крај. Е сега, ако нему тоа му било проблем и не може да помине преку тоа, зошто би била со некој таков? Тука веќе не станува збор за 2 месеци разлика – се работи за тоа што нема свое јас и повеќе му е важно што ќе рече светот: Леле, ќе ми се смеат, имам „стара“ девојка... Дополнително, друг red flag беше тоа што од една страна ми даваше знаци индиректно, а не преземаше ништо директно. Разбирам срамежливост, ама се знаевме две години – не бевме од вчера. Игри никогаш не ми се допаѓале. Тоа со мајка му беше врв – шлаг на тортата. Јас ги почитувам родителите и сметам дека секој треба да ги почитува, ама на 21 година да ти чита пораки е премногу. Уште да го држеше за раче и да го носеше на предавања! Откако го дознав ова, целото мислење ми се смени. Такви луѓе не се менуваат лесно – цел живот ќе слушаат што ќе каже мама. Затоа на крајот се заврши одлично. Ако доволно сум му значела, ќе се борел за тоа што го сака. Пак ќе кажам благодарна сум му што ми направи услуга.
Ако не сака да е татко никаде нема да фигурира како татко и нема да плаќа ништо. Правно гледано се ми е јасно, се осврнувам на делот кога рече требало да биде покрај неа што и да одлучи.. И да едитирам, секако дека нема да се омажиш оти тој сакал, фала богу твое право. Ама и негово е да не прифати вонбрачно да родителствува и да се тргне скрос. Не можеш ни ти да му наметнеш него, ќе родам ќеф ми е, не те сакам покрај мене ама плаќај алиментација
Правно ако не сака да плаќа алиментација постои днк, се докажува татковство и нема др. опција (и ваков пример познавам, дечкичот на швалерката и' направи дете, ама "не било негово" ) Може да не фигурира како татко само ако не му кажам и нема поима дека сум трудна и сум родила, ако не знае дека има дете. Последен болд - не го реков тоа. Туку дека не е решение брак за несакана бременост. Брак е друго, родителство е друго. Самиот после си објасни дека не мислел на ситуации онс - ама затоа избрза да каже дека од ДРУГ маж дете би чувал
Може да се одрече од татковството, не можеш да го принудиш. И покрај днк, не сака ништо со детето и тоа е. Такви се баш примерите што ги спомнав погоре. Како се изврте муабетот, ќе родам ако сакам, ќе го вклучам ако сакам ама алиментација ќе плаќа.и после за феминизам збориш, мн е контрадикторно.
Не постои опција да се одречеш од алиментација. Нема такво нешто. Кај ги вадиш муабетиве бе Не знам дали не читаш што пишувам или што е во прашање, at this point одговоров е за некој да не помисли дека не постојат правни механизми за двајцата родители. Еве пак да го земам мојот хипотетички пример со Трпе. Трпе сака да е родител, јас не сакам. Трпе може да бара днк анализа и татковски права и ќе ги добие, сакала јас или не сакала. Тоа што не сум омажена за него не го спречува да е татко, а ако не сака да е татко не мора, само не може да не плаќа алиментација. Исто важи и обратно да е, да е детето со него, јас ќе морам да плаќам, сакала или не.
Не ги вадам муабетите, кажувам според примерите што ги знам. Два примери се, не сакаа ништо ни со мајка ни со дете. Како и да е, повеќе сакав да кажам, изнапиша реферати за феминизам ама во ред е да одлучиш да родиш иако тој не сака, да не сакаш ништо со него еве и очи да не ви види со детето ама да плаќа молим те. И тоа е во ред. Ама феминизмот на најјако. И знам јас дека бракот не е единствено решение ама за некои е најповолно и оптимално во индивидуална ситуација. И интересно ми е како прпово ставот на членот го сфати за онс, па потоа мораше он да се дообјаснува на што мисли.
А што е решение? Повеќето што остануваат непланирано бремени, веќе се во врска. Ако не планираш иднина со некого, која е и потребата да си во таа врска. Следствено логично е да те побара тој некој за жена. Па ти абортирај до утре и кажи не. Патем не ме смеј за алиментација. Алиментација е за совесни граѓани. https://jasno.mk/post/zagrizhuvachk...t-i-od-deczata-za-da-ne-plakaat-alimentaczija И да издејствуваш, многу ќе те закрпат тие две три илјади денари.
Маж може да се ожени со жена која не ја сака, не па малку да потепа време со некоја така. Нихилист мај ес, плиз
Тие што се во врска и планираат брак се др. категорија и врска немаат со тукашната дискусија. Мислам нели ќе чуваа од др. маж дете? Ќе се женеа со трудни од др. мажи? И тоа да не е во врска Не ме смеј. Алиментација немам намера да дискутирам каква е, зборам закон каков е. Го поврзав со несериозни врски како што и беше примерот. Каква врска е таа кај што он се жени со жена која е трудна со друг? Скроз сериозна? (негови зборови, не мои) Да, со моево тело јас ќе одлучам што ќе правам, тоа и им го кажувам на партнерите, да сме си на чисто
И мажи и жени се исти курац, само ако веќе тепа некој време ќе ќе ја "тепа" и онака, ѕврцките ќе и ги вади. Боље да ебеш отколку да дремеш до некоја....не е некоја сложена работа за разбирање. Ама има како што реков и такви тумруци што не би пипнале жена, само малку се.
Ама каква врска има жената трудна од друг во муабетов сега? За твоето сфаќање на феминизам збориме. Он нека се жени со кого сака, може е прелепотица се затрескал кај знам јас зошто би се женел. Тој дел нема никакво суштинско значење со муабетот што го вергламе страници уназад и нема што да се коментира. Всушност знаеме дека е кажано во смисла да го појача фактот дека не би дозволил да е тој причина да се случи абортус. Пак не ми одговори за феминизмот? Да исто и јас имам право како и ти што да правам со моето тело ама примерот со алиментација и рефератите за феминизам уназад не одат заедно. Едит - сега е @SURF и цела машка популација на ред да каже како никад не би те сексале ако им ги свртиш овие муабети на дејт
Ова и те како е вистина. И најјакото е што ќе те направи да веруваш дека си единствената за него. Ќе те запознае со родители, пријатели, со сите најблиски. Ќе те претстави гордо како своја девојка. Ќе помините прекрасни моменти и долго време ќе ти се чини како сѐ да е бајка. И на крај кога треба работите да станат уште посериозни, ќе стани наеднаш ладен и ќе ти раскини со зборовите дека никогаш не те сакал. Во мојот случај барем беше така. Од сегашна гледна точка ми е трагикомично, но не е дека само јас одев со глава во ѕид и игнорирав црвени знамиња, навистина верував во неговите зборови и дела исто така. Барем на крај никогаш не префрли вина на мене, и се извинуваше за тоа што ме повредил, плус рече дека никогаш нема да бил со никоја во животот бидејќи не заслужувал (лол). Секакви пореметувања има out there. Но сакам да кажам дека треба пазење со кој си фаќаш работа. Иако во некои ситуации навистина не можиш да допазиш, очите отворени треба да им се на девојките особено, и ништо да не се трпи. Сега ми се чини I'm too healed (or broken) I don't like anyone anymore. Но секогаш ќе се трудам да советувам, кога е очигледно дека тој е црвено знаме. Буквално не вреди, за никого на светов.
Не разбирам како давате толку време, ако некој е заинтересиран ќе направи чекор, ете толку е едноставно не си правете филмови беспотребно па после на крај повредени.
Моето сфаќање за феминизам е образложено во соодветни теми, не ми паѓа на памет тука да образложувам. Кој го интересира - лесно се наоѓа. За многу аспекти на истиот имам дискутирано на долго. Алиментација се плаќа за детето што си го створил, плаќаат и мажи и жени, не знам што е нејасно, и за тоа е ембашка зборено. Ама ако; не ни сакам да ме сексаат мажи со такви сфаќања. Сосема е океј. Не, фала
Ааа сега не ти одговара муабетот, па не ти се дискутира. Твојот феминизам е да имаш право да биде се по твое. И фала што ги просветли сите жени дека ако не сакаат да родат, може да абортираат и дека ако не сакаат не мора да се мажат. Ја верувам сите спијат мирно после овие сознанија. Ќе се мажеа без да знаат дека има и други подобри решенија. Кратко резиме : девојки абортирајте или родете ако сакате ама никако во брак, подалеку од шовинисти што сакаат да се женат. Нема врска што Трпе сака секоја вечер да му каже добра ноќ на детето, он е тука за алиментација, се е подобро од брак и семејство.
Гледаш дека дискутирам на темата. Моите сфаќања за феминизмот се во соодветни теми - немам намера 10 години тука да ти сумирам. Читај ако те интересира. Во однос на моето тело, апсолутно мора да е по мое, тоа нема врска со феминизам, туку со телесна автономија - која секој, маж или жена, ја има и мора да ја има. Сè e подобро од брак ради "обврска". There, I fixed it for you. Да се мажиш/жениш ПОРАДИ бременост со некој со кој не си имал/а во план претходно, не си го гледал/а како сопружник, е погрешно. Деца не се причина за брак, ниту за останување во брак, редно е да им одјебете со тие "жртви". Ради детето се мажев, ради детето не се разведувам, ради детето се мразиме со маж ми и се швалерисуваме на страна, ради детето ме тепа ама ќутам, радо би ја оставил жена ми, ама ради детето... Џизс, скините им се с курца на децата.