Анастасијаки штом си решила да имаш врска на далечина (ако може воопшто да се нарече така зашто ете сепак се гледате често), знаеш дека има свои недостатоци. Не значи дека ако гледал натпревар со друштвото не се интересира за твоето здравје, или дека му се поважни од тебе. Едноставно во тој момент сакал да биде надвор а не пред компјутер. Наместо да седиш дома и да го чекаш да ти пише, кога ќе си подобра, организирај си го денот поактивно. Не мора секој ден да правите договор за во точно време да сте пред компјутер, едноставно се наоѓате тука и готово, подобро е кога е спонтано. Штом сте од различни градови а не држави, можете да се слушате и преку телефон, битно не ви поминува ден без да контактирате. Мислам дека премногу анализираш. Направи пак муабет и може на пример да се сретнете на средина. Ти престани да ограничуваш толку многу, а тој нека ти се посвети повеќе. Не е нерешлив проблем.
^ Јас само сакам да направам една мала споредба-јас и дечко ми сме од ист град, па се гледаме по 2 пати неделно последниве месеци (заради низа околности). Се согласувам со мислењето на другите дека врските на далечина бараат многу труд, трпение и енормно голем степен на доверба меѓу двајцата. Го искусив тоа на своја кожа, имав врска на далечина (во различни градови) година и пол. И не успеа врската. Заради двајцата. Тој премногу ме гушеше, ми се јавуваше на секои 13,5 секунди да ме праша што правам. А ако случајно не одговорев на повикот се креваше паника на териорија на цела РМ . Напор невиден беше дечкото. Среќа што тогаш немав интернет дома, којзнае што ќе правеше и колку ќе лудуваше ако не сум дома на секои 3 стотинки..... Како проаѓаше времето, така се повеќе и повеќе ме оддалечуваше од него со таквото негово однесување, за на крај кога конечно се пресели во Скопје да сфатам дека воопшто не го сакам и дека цело време сум го залажувала него, а и себеси богами. Сурово, знам, но така се чувствував и не можев ништо против тоа. Немој да го напињаш со многу јавувања и пишувања. Така ништо нема да решиш. Знам дека ти недостасува, ама ако гледаш дека не може така да прави, не го притискај. Секој си има свој живот на страна од врската. Излегувај повеќе, дружи се со луѓе, прави нешто што те исполнува......Така многу помалку ќе се замараш со него, ќе уживаш во животот, и плус некои работи меѓу вас ќе се средат. Единствено не го оправдувам неговото (не)интересирање за твојата моментална здравствена состојба. Можам да разберам поолабавена комуникација меѓу вас како што тој сака да биде, но ова е веќе многу. Кажи му дека тоа ти пречи, сметам дека во тие моменти треба да ти биде безрезервна поддршка.
Ниту му се јавувам ниту му пишувам на секои 2-3 минути. Ќе каже тој ќе гледам надвор кошарка и ќе си дојдам во толку и толку. Јас ќе речам во ред , само немој многу да седиш, знаеш дека ми е досадно дома. Но, за некое време сето тоа се заборава, ќе остане со саати надвор, и ми пишува да не се лутам и дека ќе ми се извинел не ми треба извинување негово, ми треба тој до мене За жал со другарките не стојам баш нај нај, две од нив си фатија дечковци и сосема заборавија на мене,а со едната се закаравме за глупости, сега збориме пак ама не е тоа тоа, така да немам со кој да искочам, сакам нејќам морам да седам дома
Може нема да сум во право ама од последнво што напиша вака разбрав. Ти ако си имаше занимација значи и немаше толку да ти смета.Тебе ти е досадно дома, немаш што да правиш и затоа ти смета што он има забава.Тоа е себично. И второ, со тоа што цело време му повторуваш дојди, дојди, досадно ми е, он знае дека си ти дома, на сигурно и го чекаш и нема мотив да ти се јави.Машките си се ловци Освен тоа, нему му годи тоа што ти толку внимание му посветуваш.Во книга една за машка психологија имам читано дека многу често машките упорно прават работи што женските ги нервира само за да го добијат нивното внимание, па макар тоа да е и караница. Затоа, воопшто веќе не му пререкувај ни колку седел ни дали ти се јавил и престани да му кажуваш како ти е тебе досадно и немаш што да правиш.Биди малку помистериозна и така ќе му го зголемиш интересот
Епа не го сваќам.. -.- што му значе тоа што не збора а ми намигнува.. Мувач мие... и мн го сакам.. Ми викаат и тој ме сакал ама незнае како да се понаша и чудно мн ств се понашаа.. не ми збора ретко ми пиши на фб не е како порано... и пред 1 недела пиша демек ме заборај.. а не се ни поздравува само ќе ми намигне и незнам со да правам дали да иам надеж или... :/ некој совет ако може....
Епа не го сваќам.. -.- Девојче имаш само 15 години.. да сум на твое место воопшто и не би се замарала, чим ти намигнал намигни му и ти Имаш тема Љубовни проблеми и совети, провери пред да отвориш нова..
Абе девојки, дај доста е со ова: Имаш 15 години, мала си, уживај, бла бла. И ние на 15 години сме се чувствувале исто. И тогаш сме биле заљубени и ни било тешко. Нема не се замарај. Ништо лично thelittle17.
Ти намигнал и што сега? Намигни му и ти. Можеби неговото намигнување е еден вид на поздрав. Ма како можеби, сигурно е така. И еден другар од основно секогаш кога ќе се видеме ми намига, па што, така се поздравуваме.
Анастасијаки, тебе те имам забележано во оваа тема неколку пати со овој проблем. Плус, во темата што би му кажале имам забележано дека го ословуваш љубениот со Хани-то и тоа ми влегло во глава. И плус, сега под профилот во локација ти го забележувам ова - Во неговата прегратка..засекогаш <3 Е сега... јас мислам дека ти си една мошне фина, воспитана и многу чувствителна девојка. Исто така, си непоправлива романтичарка, и како и остатокот од женската популација очекуваш чуда од врската и дечкото, мед и млеко да тече. Тоа нема да се случи. Таквите машки се ретки, башка и чукнати, стварно да се замислиш зашто кастри ружи од бавча, па ги витка во целофан и ги носи на момата. Или и се јавува по 10 пати на ден, само да ја слушне де. Значи прво - мислам дека малку претеруваш. Mислам ситуацијата е таква, победуваме сега и којзнае кога, првенството трае уште 2 дена, машките си ги сакаат другарите и друштвото, мојот ме остава 2 пати неделно за баскет, еднаш неделно за кафана, и тоа се свети денови и мешкање од моја страна нема. И да кренам гласче, залудно ќе ми е, а не ни сакам искрено. Во тие денови јас си имам мои дружби со другарките, активности, зумба, време за МОИТЕ работи и интереси. Така треба да си направиш и ти. Ама ти велиш - се случува постојано. Разговор. Отворено и искрено - да, ми пречи што те нема во такви и такви ситуации. Немој ни на крај памет да ти текне да му ги мешаш другарите, тоа ќе го боли и не наседнувај на таква стапица. Речи му - убаво што сакаш да се дружиш со нив, воопшто не ми пречи, ама сакам и мене да ми посветуваш еднакво внимание. Или договорете заедничко излегување во парови, па и тоа не боли мајка му. И убаво се сеќавам еднаш напиша дека си излегла да шеташ и он ти пишал порака - ајде Хани прибирај се, доцна е. Ма немој молим те. Зошто си дозволила да изградите таков однос? Доколку продолжи со ова однесување, стави го малку на игнор, оди излези, прошетај со неговата минутажа надвор, играј малку ладно и недостапно, па да видиш како преку ноќ ќе му станеш приоритет и пред другарчињата и пред Лига шампиони (зашто тоа следи после баскетов ) и како ќе дојде со тебе на преглед, а не да чекаш некакви ронки како смс порака како си поминала...
Значи он не седи надвор со другарите туку со негови роднини,братучеди(кои живеат одма до него) и така понекогаш доаѓа еден негов другар. Седат со саати, толку абер да се немало не знам, секогаш му викам и ќе му викам дека мене не ми смета што седи, се додека е во нормални граници, ама не и не, се повторува истото, и веќе сум изморена да се карам и да споменувам за тоа, од сега па натаму ќе го оставам да седи колку сака Во врска со односот не знам, многу брзо зе зближивме, се чувствувам како да сум со години во врска со него, а не само 1 година, и поради тоа мислам дека не ми смета кога ќе ми рече ајде дојди си, или кај беше, и бидејќи мене не ми смета тоа, и јас така се поставувам спрема него, мислам дека и него не му смета, ама грешам, затоа што често знае да ми прекори во врска со тоа А јас на секое негово прекорување пуштам солза, и плачам, од што ми е мака плачам. Убаво си запаметила се Трендафилка, дека го викам хани, и тој мене така. Често пишувам во темата Што би му кажале, и денеска мислев да пишам, по повод годишнината, ама така сум си лута, и од лутина нема да пишам ништо барем не вечерва
Oф и тебе не ти е лесно ни малку.Зошто не го искористиш советот на Трендафилка?Покажи заби,доста беше слаба на него,тој бидејки знае дека секогаш ке му молчиш ке си тера и по свое,а којзнае и дали ке се промени тоа однесување ако продолжиш со исто темпо и понатаму. Стави го на игнор,излегувај со другарки,почни да си го живееш животот а не да мислеш постојано на овој проблем иако знам дека е тешко.Ако забележи промена кај тебе секако ке те праша,а кога ке те праша кажи му се што мислеш.
Анастасијаки, па тие му се роднини и живееле до него?! Е сега па ептен мислам дека безпотребно се лутиш.Во двор седи чвекот и ти се буниш?! Најискрено ти велам, смени го размислувањето, сега мислиш дека не смета зашто е рано, ама за некој месец ќе видиш како ќе почне да ви смета и на двајцата таквото ограничување. Инаку некој што праша за книгата се вика Зашто мушкарци не слушају, а жене не тумаче мапе од Барбара и Алан Пиз, ако добро памтам психолози
femina90 нема врска тоа што седи во двор, мене не ми смета, слободно нека искочи , нека седне некаде , на 2-3 саата, ама седење по 10 саата многу е Поготово кога седи со особи со кои цело време е заедно, не сум сфатена гледам, ама ја навистина не можам да сфатам зашто да седи надвор , да тепа време пиејќи пиво со нив, кога за тоа време може да разговара со мене . Многу ли барам? Цела недела се немаме видено, тешко ми е, и на тој начин се обидувам да го надокнадам тоа
Анастасијаки- потполно те сваќам, ама џабе ти си се трудиш на празно сестро, ЏАБЕ ти е се, ако сакаш до утре лебди у воздух и стој на раце он нема тоа да си го смени.. можеби со тек на време полека ќе оттрпне ама навиките не се менуваат.. Земи и ти врати му на некој сличен начин, и тебе нека те нема,биди недостапна, па ќе видиш тогаш како тој ќе се јавува и ќе му биде досадно..
Значи односите со личноста која ја сакам се се подобри и подобри,дури и сме во врска од вчера да се пофалам се однесува со мене како порано.Се е како сон,се е најубаво. Но тоа не е тоа што ме плаши туку има друг проблем.Во мегувреме додека бев скарана со него имав "пријател" кој го знам речиси 3 години.Виртуелен.Секогаш делевме мислења,разговаравме на разни теми и да бидам искрена ми пријаше неговото друштво.Кога и да ми беше тешко тој беше овде за мене да ме посоветува и да ми даде надеж дека се ке се среди.И кога се средија работите се сменија.Тој стана опседнат со мене.Ги аднуваше на фејсбук моите роднини,се распрашуваше кој е тој кој го сакам а јас упорно криев кој е зошто не сакам пак трета личност да ми ги расипе односите со личноста која ја сакам,па дури и некоја другарка на типот кој почна да ме замара му зборувала некои работи за мене во стил дека никој не го познава тоа девојче(за мене)тој се посомневал и почна да упатува навреди кон мене демек се кријам под други слики и што уште не.Да бидам кратка бидејки не сакав да го загубам(овој што почна да ме замара)му објаснив дека греши и дека не треба да верува на секого.Но ме плаши што постојано се меша во мојот љубовен живот.Тоа навистина ме плаши дека ке дознае која е личноста со која сум и ке превземе некои чекори за да се скарам со него и да останам со (тој што ме замара).Почна да ја полни мојата глава со тоа дека јас ке го барам него за да ми помага,дека личноста која ја сакам ми врти некои филмови и разни други работи.Луге се плашам премногу.Ставив крај со тој "prijatelot"но сепак овде е се уште стравот.Како да го натерам да не ми се меша повеке во животот? Па тоа си е мое право дали ке кажам која е личноста која ја сакам и дали ке му се искажам.А секогаш кога премолчувам(зошто некад е подобро да се прекутат некои работи се лути)
Е добро де, тргнало се ок со љубениот (додуша и не памтам каков ти беше случајот) и сега ова ти е проблем, па ај како се откачува виртуелен пријател во 5 лесни чекори? 3 години си му посветила на Виртуелко, момакот можеби те засвиѓал и сега се понаша доста незрело со љубомората и аднувањето, Јас можам да ти кажам да го блокираш, да му бришеш број, (во случај, не дај боже да си му гo дала), мавни го од скајп или др. чатови, ама тебе ќе те фати носталгија и емоции... А бе Елементал ама јас споделив толку тајни со него, толку длабоки разговори, сакам да го задржам... Било је добро док је трајало, ама тој веќе не си ги знае границите и може да прерасне во демнач. И како што си кажа самата, ако дознае за другиот, ќе сака да ве раскине. Еве уште една шпанска серија. Блокирај го. Виртуелко needs to hit the road!
Абе во право си ти потполно ама како што ти кажаа тешко некој да смениш оснен ако не сака самиот на пример тргни од самата себе ако сакам да сменам некој навики за да ми биди подобро со некој мн.логично дека ќе се потрудам и ќе сменам ама сите не се такви си терат по своето и во главата си ја имар реченицата ако некој ме сака ќе ме прифати каков што сум да во ред тоа но не значи дека си совршен па да те прифати токму таков значи смени нешто и за другиот до тебе да му е убо не само тебе и плус машките денес незнат дома да седат и малку се тие кој се излезени долго време а го користат времето да вредни работи јбг то е реалноста исто тка и јас ќе ти речам не го барај некој ден издржи не моли за негово внимание однесувајсе поладно малку излегвај си и ти кога ќе се јави да те бара нека види дека не си дома па боже мој нека види дека и ти имаш живот и дека не спиеш дома со слушалката враце да чекаш тој да се јави
ве молам за помош.Бебме во врска 9месеции..се што ќе посакав ми беше исполнетоо никогаш не ме навредии и слично.цело време поминувавме заедно ако не сме на мобилен..тогаш на мсн..ако не излезении заедноо...неговите многу ме засакаа.. и уште му викаат да се смириме.. сакаше да оди швејцарија ..замина..пред да се враќа ми рече дека сака да не сме ништо повеќе добро прифатив..ама многу ми е тешко ...секој ден се слушаме ..излегуваме..ме бара..но несака да се смириме..сакал да биде повеќе посветен на други работи во неговиот живот,а не само на женската.сите ми дофрлаат мене зошто му се скара..детето е лудо по тебе.. но не е таа изгледа.. незнам ..ШТО да правам??