Јас колку што знам братот и жена му би требало да канат луѓе да прослават/видат тоа бебе , дечко ти би требало да ти само пренесе ако има покана. Можеби едноставно не сакале да те поканат сега, тоа со превозот е само изговор, не е правило дека цело негово семејство мора да те сака еднакво, како што кажа уште сте во фаза на дечко и девојка во врската.
Јас тргнувам од себе си, затоа што девојката со која сметам да сум сериозен и да одиме кон брак целиме, ако некој не ја почитува мојата девојка не одам и јас воопшто. Па камоли јас да не ја носам, а јас да појдам, нема шанса.
А ако си останат дечко и девојка за навек, има луѓе на кои хартијата ништо не им менува. Тогаш што правиме?
Сакаш да кажеш дека нема внук да видиш и ќе се скараш одма ако снаата и брат ти не сакале да дојде твојата девојка? Девојката прочитав сега веќе му раскинала, а ти како после ќе продолжиш со своето семејство? Значи има разлика во фази во врска помеѓу девојка, вереница и сопруга, едноставно не е све еднакво за одма да се откажеш од твојата фамилија.
Хах не ми нафрлај такви или-или ситуации затоа што јас не дозволувам некој да не ја почитува девојка ми мојата идна сопруга, па да не ја викаме пошто е рано... нема рано тоа е, само гледам повеќето апатични ми делувате и ладни и ко некој процес да е рано-доцна, наместо да има блискост, љубов, почит... помеѓу луѓето.
Кој спомна откажување од фамилијата? Ама поставување здрави граници и те како, фамилијата ќе ми го множи мојот животен избор со нула и јас ќе си се правам при очи слепа. Додуша ако и јас не си го поштувам партнерот и јас ќе си се правам слепа како мисиров на женскава. А и уз пат ќе и набивам неа вина што реагира и се бори за нејзина валидација и на нејзините емоции, мислам ако се смират тоа ја очекува.
Еми така де, и 100 години да сте у врска, не си му ЖЕНА па да те еспаи. Затоа дејтање минимум 3 месеци, макс 2 години за брак, и пред тоа никако онадење. Па нека си ја носат Десанка кај фамилијата.
Грешиш чедо Божје, се веруваат, па онадење, невестата малце трудна па тогаш можеби свадба и тапани или бар граѓански, се да си е по закон. Што си е сигурно, сигурно си е во новиов и модерен 21 век.
Како сакате, јас си го кажав моето мислење, брат му и жена му канат луѓе, нивно бебе, нивна привилегија. Може да прифатите дека не ве поканиле или не, девојката не можела да се помири со тоа и раскинале, не викам дека е грешно да сакате цело семејство да ве прифати па да поминете во посериозна фаза во врската, секој со своето. Лично мислам дека ако само ова е причината за крај на нивната врска дека бил во право дечкото што не направил поголем проблем кога не ја поканиле (фрлајте камења по мене), едноставно не биле во толку сериозна врска иако иделе 5 години, веројатно станува збор за млад пар.
Ти биди си цел живот врзан за семејството тие нека ти одберат со кого да се жениш, и колку да ја почитуваат твојата жена, можи куро те боли сега, ама веројатно ти го множа и твоето мислење со 0 ама ќе ти текни еден ден. Можеби не е така ама твоиве мислења ме наведуваат да мислам така. Јас сметам ако со некого си во сериозна врска, барем ќе и објасниш зошто е тоа така, а не така себично апатично да ја изоставиш и да ја правиш будала дека претерала со цмиздрење..
Ти прочита што таа пиша или прочита тебе што ти одговараше? Не дека било до толку спорно дали да дојде, туку неа најмногу ја повредило што него му било мака да повози пола саат до кај неа дома, па вадел изговори као демек ни таа со бус не би идела. Се си е тоа супер, ама му(им) чинело кога таа давала пари да учествува во купување подарок. Па сега види ако им било убаво да ги користат нејзините пари, читај нејзин вложен труд и време да ги заработи, најмалку што можеле да направат е да ја поканат, ако не тој мисирот бар тие да дигнеле мобилен да прашаат каде е. Пишав тешко на девојката со вакви, па уште се килавела да ги трпи и толерира толку време.
Ова е еден од помалите проблеми од членката,за разлика од претходните изјави што ги имаше.Дечково не е сериозен и членкава до сега не знам колку пати му простуваше секакви глупости.Врската не е сериозна барем тој не ја доживува така без разлика што трае 5 години.Се дури не се освести и не стави крај,ова ќе се повторува
Епа ја немам читано членката, тогаш нека си го клај малце прстот на гла и да се запраша за кого троши залудно време, пошто овој е идиот чим ова не му е прв испад вака..
Момче, ти нешто не си арен изгледа, или некој 15 години имаш, ама малце пробај да водиш разговор покултурно, без навреди и глупи претпоставки, иако е анонимен форум, малце култура не е на одмет кога се води дискусија.
Па ако имаш не океј семејство, време е да си повлечеш црта и да ја заштитиш девојката од вакви ствари, да не може да си игра секој со нејзините емоции ко шо ќе му текне само дека ти е фамилија. Али добро, сфаќам, некои мажи вечито сакаат да си бидат врзани за мама и тато, бар не им го трошете времето на девојки кои ве сакаат искрено.
И ја така помислив, ама ме мрзеше да барам и од ново да напишам. НЕ ДА НЕ ЈА САКААТ, ами правила си се правила и треба, пред СЕ, она да биде СВЕСНА.
А мислиш на таквите им е гајле дека трошат нечие време и повредуваат туѓи емоции? Ај тој што е таков, ама пишав сите се дебелокожци, ама радосни биле кога таа донирала за подарок, ја мајката свесно ја молзеле и после пу пу не ја рачунаме за наша, преваранти.
Мислам дека ваква осуда и навреди без да знаеш точни информации е безвеза.Можеби едноставно тој не сакал таа да е таму.Ако јас не сакам мојот партнер да е некаде со мене може некој тоа да го смени,НЕ.
Тебе ти е безвеза, мене сосем на место. Форум е да стекнеме впечаток и споделиме мислење, ако не сте способни да се носите со различни гледишта пишете си го вашето и терајте си така, па нека ве молзат кога давате пари и веднете глава кога никаде не ве канат, оти така треба. Не сакал тој, ама не ја спречил и да купува дар. Тој нема елементарна култура и почит спрема личност, а не па кон долгогодишна девојка.
Јас ќе кажам зависи колку биле сериозни и си биле инволвирани во животите и своите фамилии. Особено ако не живееле заедно. Не викам дека мора да имаш папир за да бидеш фамилија, но кога не се во фаза на заедничко живеење, значи можеби не се до тоа ниво на "сериозност" стигнати. И јас имав 5 годишна врска и не се вклучувавме меѓусебе во фамилијарните настани. Не живеевме заедно и ниту он ме сметаше за фамилија ниту ја. Таква ни била динамиката, така сме наредиле од старт и немало љутиш. Ако живеевме заедно ќе беше сосема подруго секако. @natashaaz.09 спомна дека за све те викале до сега. Прашањето ми е дали и ти исто го викаше него на сите твои фамилијарни настани со твојата фамилија? Ако тоа ви било норм до сега, тогаш не е океј од негова страна што тоа го прекршил за прв пат и валидно е што си се почувствувала така.