Ако после 5 години со некого моето семејство не го смета за битен да дојде некаде каде што сум јас поканета, прво ако се толку блиски (брат/сестра) сама ќе се расправам со нив за нивната непочит најпрво кон мене, а потоа кон него, и не, нема да отидам. А и дечко да имам вака да ми се испонаша, дечко нема да ми биде веќе сигурно.
Ако ти не го сметаш за битен, нема ни твоето семејство да го смета. Што се деси? И аман, не се години пропаднати во вода, искуство е. Преку искуства учиме.
Ако не ти ја почитуваат личноста со која ти гледаш иднина или како и да кажам, што бараш и ти да одиш? Од вакви како тебе што не знаат да функционираат без домашните и не знаат да стават зрели граници доаѓаме до проблеми. Какви правила де, и претходно те цитирав дај ми зрел нормален одговор не како киша око Крагујевца да ми вртиш.
Јас го разбирам чувството на болка, нормално е, ама да речеш години фрлени во вода е као за џабе си ги потрошил. А не се за џабе, имало моменти на уживање и сигурно целокупното искуство не прави поспремни за наредната врска, повеќе знаеме што сакаме, што не сакаме, кај ни се црвените линии...
Тогаш сите виши сили нека се со тебе ако не препознаеш за себе си шо е арно а шо лошо, тежок живот ќе имаш..
Жалам што ќе ви кажам, ама да раскинеш 2 ипол годишна врска, која не била доволно добра за тебе, не е нешто најлошо во животот. Луѓе во брак се разделуваат, чуваат деца сами, се снаоѓаат како знаат и умеат, па сега за врска ќе се тресам, посебно ако врската била лоша, а вие млади... што подалеку од такви врски, за неколку години од сега ќе си бидете благодарни што сте искочиле од таква врска. Сега е свежо и ново, ама ќе помине, не е крај на светот, сите сме поминале низ тоа, и еве одговорно тврдам дека има милион пострашни работи, што ќе ги поминете во животот.
Не беше врската лоша. Не знам што му се деси, изговорот беше не е среќен, сакал да биде сам. Не ме соатава за друга ниту пак сака да иде со друга. Ме сака, го сакам. Ми доловува дека се уште е до мене и ќе биде во било кој момент и можам да му се обратам. Скршена сум на милион делчиња.
Не е среќен е легитимна причина.Дури и за развод. Не дека разбирам баш, ама сум чула и видела. Секој различно дефинира среќа, ништо со тоа не можеме да направиме.
Оној што се сака не се остава. Во врска ако не ти е поважна среќата на другиот не сакаш доволно. Се случуваат караници во врска до тој степен да посакаш да раскинеш, ама ако знаеш дека другиот би бил несреќен така нема да го оставиш.. Колку што те прочитав не бил некој сериозен проблем, само тежок период, а ако некој не може да издржи со тебе и кога е тешко не ти го треба. Не се пропаднати години, сигурно ти било убаво, си научила нешто од таа врска..
Некогаш кога не си среќен и добар сам со себе,не го мачиш ни тој крај тебе.Можеби му треба време сам со себе да се среди,не знаеме каков проблем има дечкото на членкава.Можеби пробува да се најде сам себеси.Не мора да значи дека не ја сака
Комплетно те разбирам. Други околности ве имаат разделено и знам колку е тешко, бидејќи истото го преживеав и сеуште преживувам. Можеш само да се помириш и да му дадеш време на времето, да одиш на работа,да најдеш мотивација. Да помине некој период па да разговарате смирено и отворено, можеби оваа луфта ќе ви годи, да видите каде сте грешеле, каде можете да поправите итн.
Па тоа времето ќе го покаже. некогаш треба време и одалеченост за да се сфатат некои работи.Можеби ќе је продолжат врската,можеби ќе стават крај
океј и? кога ќе пишете нешто вакво, ко да не сме свесни дека има пострашни работи. нормално дека е тажна, не мора и теткински коментари.
Биле одалечини, не се гледале доволно тоа било и проблемот затоа што раскинале.. Тој не бил среќен во таква врска а не дал ништо од себе за да го смени тоа само се откажал. Мислам дека не ја сакал доволно кога се откажал. И колку и да и сака срцето да му се врати кога тој ќе рече "да пробаме пак" мислам дека не треба да му се враќа, затоа што секој пат кога ќе наидат на пречка тој ќе се откаже и постојано ќе и го крши срцето..
@Harley Quinn Не е до тебе, те оставил и ти моментално си скршена. Така што, нема што да ти доловува и да ти вели дека можеш да му се обратиш кога сакаш. Вака е само полошо за тебе. Ова ми е толку познато. Во превод, сака да е сингл, да си ги истражи опциите, особено ако се повел по тазе раскинатиот другар - борачите на демони. Ама истовремено, не ја затвора целосно вратата на комуникација со тебе, во случај да посака да се врати. Ма таа врата треба најсилно што можеш ја треснеш до крај. Како што вели @Mr.Limonko, ќе се вртите во круг и ќе те остава кога ќе му текне, сваки Петак изузетак? Утре ќе имате деца и татко им нема да бил среќен, па ќе ве остави така, да се луфтирате. Така било тоа, без разговор, без причина, без борба се остава личноста која ја сакаш, како не. Цени се себеси многу повеќе! Тој не бил среќен, а ти си? Или ти си тука закачалка да бидеш?