Апсолутно. Мене ми е многу чудно да раскине некој ако има љубов и чувства кон партнерот. Е сега, доколку некоја трета личност извлијаела, се вмешала, тука се мења ситуацијата ама пак, ако сакаш кај би дозволил да страда саканата личнот па и ти самиот. Тежок период не е и не може да биде изговор. Баш ако е во тежок период, би требало да сака заедно да се изборат, и да го надминат, а не вака.
И да постело проблем, секој проблем има решение, ако се има добра војла истиот да се реши и ако ти значи личноста или доколку ако личноста од нешто не е задоволна во самата врска треба да биде искрена со своите намери и чувства и да разговара отворено со другиот за да изнајдат решение еднакво за двајцата, во спротива се е изговор и бегање од местото на настанот. Можеби во твоите очи не гледаш проблем, но не знаеме каква позадина крие тој што само по себе рекол дека сака да биде сам. Нема човек на земјата што сака да биде осамен. Да, да бидеш сам со себе еден период да ги консолидираш опшествените работи и притисоци шо ти ги сервира животот, но да раскинеш врска од 2 ипол години за да се биде сам и тоа да биде причината, нешто говори дека не е во ред а и ова само по себе говори дека и не те сакал, залудно изгубени две години со погрешна личност.
Нормално е сега така да се осеќаш, сѐ е свежо. Но не сфаќај го буквално тоа што го вели. Ако те сакал навистина нема да прави вака. Точно знам како е, и од искуство сакам да ти кажам човек што вели дека сака да е сам, се бори со демони итд. воопшто не е на арно да продолжуваш со него. Неговите скршени парчиња тебе на крај ќе те исечат. Тој со себе нема разрешено и не си ти должна да страдаш покрај него. Исто така не е добра идеја да му се обраќаш како што ти рекол. Нема да можиш да преболиш долго време ако имаш надеж, макар и најмала. Сега ти треба скроз no contact и да ги почувствуваш чувствата, да ги поминиш нормално фазите на преболување, ќе ги имаш неколку. Но на крај навистина сѐ ќе биде ок, не е незаменлив никој на светов. Зборувај со пријатели, побарај помош од психолог ако ти треба. Но концентрирај се на здраво преболување. Нема вечно вака да се чувствуваш.
И ништо, каков сакам ќе дадам совет, тоа е реалноста, колку вие ќе ја прифатите е ваше. Секој некогаш поминува низ тежок период, и?!
Многу јасно. Но дури и моето семејство да има поинакви сфаќања "кој е битен", на мене останува да им објаснам. Имав и љубов и чувства, не опстанува врска само од овие две. Има тука уште многу нешта кои или можеш, или не можеш да ги прифатиш. Но, оставање без легитимна причина - "не сум среќен", е многу манипулативно. Затоа што не објаснува ШТО не го прави среќен. Поферски е да каже: не те сакам повеќе, тоа и тоа кај тебе ми смета, што да е, ама "не сум среќен" е easy way out, или сам не знае што сака, со себе има проблем. Но вака поставено, ја остава девојкава да лупа глава каде погрешила, со отворена врата да и' се врати. Не им верувајте на вакви "причини" затоа што лажат, оставање без конкретна причина и со полуотворена врата е манипулативно и нема што повеќе да барате во таа врска. Епа темава е за љубовни проблеми и совети, скроз нормално е да ти се сруши светот кога ќе раскинеш и после 2 месеци некогаш или нема ни да раскинеш, ќе заглавиш во situationship. Секому највеќе неговата мака му тежи, ако кажеме "има полошо" не му олеснуваме. Знаеме дека без секој се може, родители деца закопуваат па живеат, не е натпревар кому е потешко.
Ама таман работа да се натпреваруваме на кого му е потешко, не мислев лоши и негативни коментари да проозлезат од споделено искуство, сосема треба некогаш нештата да се прифатат такви какви што се, за жал или среќа. Животот ќе продолжи па колку ние и да сме тажни и несреќни.
Имало и убаво и лошо,ќе се носиш со тоа и ќе продолжиш понатаму Добро ,може е период ,дај му малку простор ,разбирање .Штом те сака иако ти раскинал ,нема да те заборави.Сега ти е тешко ,но ќе помине време и ќе биде подобро.Само верувај во себе,а остави го и него да си ја најде својата среќа .Ако е твој ,ќе се врати пак ,а ако не ,пушти го засекогаш.
Здраво на сите, ве молам за мислење од девојчиња и машки, повеќе сакам да слушнам машки аспект. Ќе пишувам долго за да опфатам се што може за вас е "клучно" за мислење. Двајцата 27 години од кои 4ипол заедно, се е супер немаме проблем. До лани студиравме и немавме сигурна работа, веќе 1ипол година сме вработени и имаме супер примања. Пред 2ипол години се ожени неговиот постар брат, а лани се пресели во друга куќа. Со што во куќата на 3 спрата се останати неговите со дедо му, средниот брат и тој. Пред 6 месеци неговите и дедо му живееа заедно со него на спрат, а сега живеат на друг - што значи тој е сам. За викенди сум цело време таму, а преку неделата кога одам цело време ми кажува да останам но поради работата (станвам рано) не можам баш. Како што кажав во врската проблеми немаме, не сме ни имале. Оваа година до сега бевме на 6 свадби од кои 4 беа наши другари и другарки и почнав да добивам страшна желба за брак. Му го кажав тоа отворено (пред 5 месеци отприлика) на што тој кажа дека исто сака. Пред 2 месеца зборевме за прстен што го купил негов другар за таа што ќе ја запроси и јас му пратив јас каков би сакала. После неколку дена од негов телефон си праќав слики на мојот и видов дека ја зачувал фотографијата од прстенот во телефонот е сега јас сум овертинкер и секој ден од тогаш мислам кога ќе биде ? Дали ќе биде? Што ако не биде? Пред една недела ме праша за димензии, интересно нели? Епа јас му сликав димензии, но ми се скрши срцето кога видов дека фотографијата со димензии не е зачувана во телефонот. Патем оваа недела мајка му си купи кујна и ме повика на кафе да ја видам и и честитав и ми кажа као дај боже со снаи и внуци во скоро време да си ја користеме. Добивам чудни вибрации као да сака, а не прави ништо. А знае дека и јас сакам а нема никаков реален знак. Една другарка неповрзана со ова моево ми вели не знам како очекуваат да ги запросат ако немаат испланирано да одат некаде, епа ние немаме план за такво нешто Сакам брак и деца, секако не со било кој, него навистина го сакам. Но некако во позадина на мозкот си имам дадено рок до Нова година, бидејќи во 2026 ќе полнам 28 години и не сакам да ги губам годините така како некои што се влечат до 32-3 и после раскинуваат, а знаеме сите колку многу е поместена границата за менопауза (колешка влезе на 35 год во менопауза).
Глупости. Прашувате глупости, се оптеретувате со глупости, форсирате… Менопауза па тоа е индивидуално, некои немаат па остануваат бремени. Глупости
Девојко, млада си и животот е пред тебе. И самата кажа дека си overthinker така да мислам дека само треба да се опуштиш и да дозволиш нештото само да се случи кога ќе треба. Со форсирање, со премногу оптеретување мозок и нервоза само штета си правиш, а и него ако го форсираш можеш да го одбиеш многу лесно од себе и да направиш контра ефект. Се си е ок, како што кажа немате проблеми па затоа не ги стварај таму каде што ги нема. Си му дала јасно до знаење дека сакаш, кажал и он дека сака. Е сега остави го другото на него.
Јас мислам дека ти е одлучен планот да чекаш до НГ и после да му раскинеш ако не те запроси да не ти го губи времето зашто цело време се поместуваат границите на менопауза, твојата генерација можеби на 33 години кога ќе бидете ќе почне да ве фаќа! /сарк
Па тој треба да има план за запросување не “Вие”.Не мора секогаш некаде настрана да е запросувањето и нешто спектакуларно.Ти кажал дека сака и ти сакаш,останува само да почекаш да го направи тоа.Искрено мене не ми се допаѓа тоа што сама на некој начин го одбираш престенот,тоа исто би требало да го оставиш на него,па за 4 години го познава твојот вкус отприлика каков е.А димензиите се најмал проблем,прстенот може да се корегира.Опушти се и не го притискај.Со среќа
Запроси го ти него. Млада си имаш време, а и бракот не ти гарантира дека до 32г нема да се разведете, ако веќе размислуваш така.
Ќе те запроси, доволно е тоа што сте разговарале двајцата за тоа и ти потврдил дека и тој го сака тоа и е подготвен на тој чекор, плус сте се договарале за прстен што треба да ти биде зелен индикатор дека навистина го сака тоа. Сега, остави го тој момент да биде спонтан, без брзање, да се случи во момент кога баш ќе те изненади, а според ова што го имаш напишано, кога тогаш ќе се случи наскоро, можеби пa спрема некој special moment/day како Нова Година/Божиќ.
Најфорсираните работи никогаш не излегуваат какошто сакаш. Јас би ти кажала да почекаш, и да си оставиш сe' на своето време. Не знам зошто во ова брзо време и во се' што се случува си даваш рокови до кога треба да се омажиш или да родиш деца. Желба за брак да, нормална појава, што исто така нема нешто многу да ти смени освен на едно парче хартија, чувството за него пак ќе ти остане исто, ама не мислам дека треба да раскинуваш со него затоа што се' уште не те запросил. Можеби планира, можеби не се чувствува сега сигурен дека сака, можеби сака да е на некое убаво патување, да биде романтично а не исфорсирано. Остави си работите да течат природно и какошто треба, никој не ти гарантира ниту кога ќе затрудниш ниту кога ќе влезеш во менопауза, познавам жени што родиле на 45-50 години, нема никакви правила, опушти се и уживај си во врската додека си млада, не брзај зошто немаш никаква потреба да се нервираш со дадени рокови во глава за кога како и шта би било.
Дали само тој дел ти падна ви очи што се понашаш вака или имаш лош ден? ти благодарам за мислењето па мислам дека е океј секој да си има план за животот. Секој знае каде и кога сака да е во животот, како што има луѓе што не сакаат деца и се модерни и се нај нај има и овакви што сакаат брак и деца, за чудо. Во ред е се, за мене е многу важен делот каков е прстенот. Не во финансиски поглед, туку на изглед. Патем сум девојка која воопшто не носи никаков накит, затоа и нема како да знае што ми допаѓа. Не носам саат, менѓуши, прстени, ништо. Затоа подобро да кажам што сакам, отколку цел живот да носам прстен што на изглед не ми се допаѓа. Така и планирав, веќе да не ја отварам таа тема. Бев доволно јасна и директна, моите желби и очекувања се искажани. Доколку нешто не се промени во извесен период значи не треба да имам ниту лажни очекувања. Барем не сум од оние да вртат околу муабет да не знаат што сакаат. благодарам за советот
Па не знам како можи да не ти се допаѓа.Прстенот е само сибмол на чинот.Твое право,ама мислам дека премногу си проптоварена со планирање.
@МерлоМерло Штом веќе те запознал со семејството, пријателите те носи дома е сериозен. Ние ако со девојка немаме сериозни намери и ни е само за забава не ја забознаваме со никој, ја крие, никој не знае дека имаме девојка. Сте разговарале за тоа и не му ја мисли. Мислам дека ќе те запроси, само го чека вистинскиот момент. Можеби и чека малку да се подзаборави муабетот, за да биде изненадување, и да не испадне дека немал тој намера да те запроси па чекал ти да го натераш.. Нема сигурно веднаш по разговорот да отиде и да купи прстен и да закаже место и да те запроси.. Може и не планира да те носи некаде далеку за запросување, може ќе биде некаде во вашиот град, може дома кај него.. Не значи дека мора да те носи некаде за да те запроси, може има поинаква идеја..