@МерлоМерло Одењето на гости не е исто како со живеењето заедно И одењето таму за време на викенди и не е баш 99% од времето, ама ај Воедно, "Оваа година до сега бевме на 6 свадби од кои 4 беа наши другари и другарки и почнав да добивам страшна желба за брак" - кажува сè, но ти си најдобро знаеш. Освен да го седнеш уште утре и да му го кажеш ултиматумот до кој Петок има време да клекне , друго и нема решение
Мене па никогаш не ми биле јасни вакви парови. Значи ете со години заедно, вработени ама увек чека принцезата од принцот да ја запроси или немаат појма ДАЛИ воопшто сакаат брак или нема никаква иницијатива од ниеден да живеат заедно. Него се влечат така и се туфкаат да се спомне таа тема. Се ебат со години, ама срам им е за брак да зборат или заедничко живеење. Абе немој да ме јебеш И @МерлоМерло он да те запроси и кај него да живеете сакаш. Океј. А ти што нудиш од твоја страна. Живеалиште имаш? Зошто не живеете неколку месеци под кирија прво?
Се зезнав дадов број на еден дечко ми беше интересен за муабет вака ,ама не требаше број да дадам не ми се свиѓа ама понашањето ми се свиѓаше ама за број не требаше да дадам ,еднаш ме замараше еден и памет не ми дојде ,не требаше да дадам број ама ете понашањето ме привлече и сега ? Како се исчезнам кога ќе ми здосади да пишувам или да ме викне да се видиме , да ме нема и снема с да не ми пишува
И сега, кажи му културно дека не си заинтересирана, не кревај на телефон, игнорирај, ама првично напрај муабет дека не си заинтересирана, чисто да си знае дечкото на што е со тебе.
Леле леле лелле. Јас ем на 50 години здравје уште ќе одам на родителска, ем веќе 10 години во брак незапросена сум. Прстен се купи после потпис мислам. Невенчани уште сме, бурми немаме. По кој стандард сме не знам, ама многу ни е арно. Ако со некој си заедно 4+ години и уште не знаеш на што си, не му веруваш на пратнерот на кажаното, немате дефинирано накаде ќе се движите, сакате или не сакате деци, кај ќе живеете, кој ќе жртвува работа за да гледа деца и слични животни прашања, треба да се замислите дали вркста ви е толку добра и стабилна, колку што си мислите. Одговори на форум за интимен жиовт нема да најдете. Парнерите треба да си ги познавате во најмала рака малку подобро, а не да велите дека не сте буквари, па не може да ве прочита. Најголем пробем да ви е утнат веренички прстен, на пример, пошто со 200евра се решава. Ама кој да ви каже нели.
Јас живеам сама во своја куќа која ми остана од родителите кои патем се починати. Цел живот скоро живеам сама, имам потреба од блискост и фамилија. Студентските денови сакав да ги поминам во дружба иако имав дечко не сакав да бидам 24/7, и двајцата бевме на тоа рамниште. Лани како што кажав дипломиравме и се вработивме за среќа во нашиот град. И тој доаѓа кај мене, но јас почесто кај него бидејќи таму се чувствувам посреќна кога сум опколена со повеќе луѓе. Дома немам никој и се е празно, затоа немам проблем да живеам во "заедница" која патем не е дека ќе делам спрат со некој, исто како во посебен стан. Ви благодарам на сите за мислењата, иако многу беа злобни и полни со понижување. Дека некогаш во животот ќе клекнам да просам маж, нема да се случи. Ако дојдам до тој степен ќе просам девојка. Барам маж, не дете од 15 години. Кога немав работа и немав финансии многу тој ми помагаше и беше мојот ветар во грб, за мене тоа е човек на кој можам да се потпрам за се во животот понатаму. Првичното прашање мое целосно ја смени насоката со одредени буквално прости коментари. Едино што сакав е машко мислење за тоа кои се знаците дека ќе те запросат, не барав да ми солите памет како 27 год е рано за мажење и деца. Еден ден да сте на мое место без брат, сестра и родители нема да размислувате така. И не знам зошто толку многу ве погодува кога некој сака да се мажи на 27 години и да има деца како крај на светот да е. Како што некој сака да ужива до 35 еве јас до 27 сакам и тоа е мојот животен план (кој замисли разговаран е со партнерот за некои што читаат меѓуредови). Немам веќе што да пишам, се надевам злобата си ја истуривте овде и утре ќе се разбудете за нијанса посреќни. Што зборуваш и посакуваш, секогаш те снаоѓа. Поздрав
Ноктињата да се средат на време пошо иначе како ќе си мавнеме фотче Многу глупости прочитав у еден пост кој шо може да се реши со - Земи му димензии и запроси го ако сакаш брак одма и сега. Нема круната да ти падне, ќе крунисаш љубовта. Иначе јас имав купено прстен за мм, ама ме претрка тој за маааалку. Во исто време ќе се запросевме иначе И на слично место ги криевме прстените
Јас заборавив тогаш да постирам на инстаграмДодуша ноктите не ми беа направени,ниту лакирани. ,па немаше смисла.
Девојче, контрадикторна си на самата себе, ниту е некој злобен ниту прост кога ти го посочува тоа. Ако можеш да се потпреш на него за се, (што верувам дека е така) и разговарен е твојот животен план со него, зошто ти се знаци дека ќе те запроси? Ти кажаа и машки членови- нема знаци, не е ова гледање на кафе. Буквално го притискаш да те запроси, си правиш непотребен притисок и себеси и од толку притискање можеш да ја оплескаш работата. Мене некој толку ,,дискретно,, да ми кажува како и кога да напраам нешто, па ќе се изнервирам и нема да го напраам. И толку глупости имате како фиксации, дека маж требало да ,,проси,, и никако поинаку (не само ти, очигледно некој тренд ви е), па да било изненадување, па да било некаде специјално- што не може човек поинаку да ви реагира. Стапувате во брак вие двајца, не мора да биде со просење, не мора да биде со прстен, и...сега, најшокантното- не мора да биде на инстаграм. Никому не му е гајле искрено, освен тебе и нему. Замисли, може на доручек во бурекџилница да те запроси, без прстен, со збор. What a horror movie.
Зошто не му предложиш да дојде тој кај тебе да живеете? Зошто мора прво да те запроси за да живеете заедно? Ете буквално имате каде. Луѓе одлагаат вакви работи баш зашто им треба време да заштедат доволно за свое живеалиште, ама ти веќе го имаш. А се инаетиш само зашто морало со прстен, кај него и слични ми ти работи. Комплицирате без везе И нема ништо лошо да сакаш брак на таа возраст. Лошо е да се мажиш само зашто сметаш дека ти е касно, така ради реда, дека менопауза ќе те фатела на 30, лошо е да форсираш да мооора тогаш и тогаш да те запроси, а да не сакаш ти да потегнеш прва. Едит И не си спремна ти за брак ако ти е полесно да сте повеќе луѓе него вие двајца, ако сакаш брак само зашто неќеш да си сама. Ако живеењето вие сами те прави да се осеќаш осамено и си ја бараш фамилијата негова за друштво, најтопол совет да посетиш стручно лице. Тоа што немаш никој така влијае на тебе, ама ако сакаш брак со некој, мора да се помириш дека на крајот сте вие двајца.
Не е понижување да го побараш за маж човекот со кој сакаш да градиш иднина и да имаш семејство. Не го прави помалку маж ако ти направиш прв чекор. Убаво ти кажа членката над мене, си создаваш непотребни притисоци и очекувања и големи се шансите да се разочараш еден ден. Јас пак ќе ти кажам, не чекај, прашај го, пред се' за да знаеш на што си. Иако сте разговарале за тоа, ништо не сте дефинирале, само дека сакате да остарите заедно. А тоа не е гаранција дека ви се поклопуваат плановите за иднината. Ако сакаш брак и деца, супер, твое право, ама може тој не се осеќа спремен сега или било кога. Може ти кажал дека сака само за да те откачи со муабетот, па да си бараш чаре со време. Биди практична, тоа ти го кажувам, нема тука понижување. Од мој личен пример, никогаш не сум се почувствувала понижена кога сум направила прв чекор. Да не правев така, ќе бев заглавена во нешто што не го сакам, или полна со бескрајни очекувања и постојани премислувања. Ама ако ти мислиш дека вака да мислиш и очекуваш ти е подобро, океј, повели. Ова може и со години да потрае додека не ти пукне филмот, а ќе ти пукне, верувај и ќе си заминеш. П.С. И добра е идејата да живеете заедно. Барем ќе знаеш како би било, оти сега не е исто, колку и да поминуваш време кај него.
Малце ја претерувате и сите вие со она дека ќе сте проселе, или сте проселе маж.. Абе ај луѓе, и за тоа да не ги бива? Не дека машка работа е него гестот, гестот е најбитен од се, внимание, знаеш сака, се труди за тебе, те почитува.. Не за џабе тоа се посебни моменти, не зборам тука за сликање и објавување, па знаење пред време, наместено, испланирано и гламурозно за да се покажеш пред другите, зборам за спонтани и природни моменти. Ако не му текнува со години, и сака да се влечка, а вас не ви одговара тоа, секој по својот пат.
Леле ме врати во времето Мм ме "запроси" една обична саботна вечер кај него дома.. "Ќе се земеме ли?- Да." Ниту прстен имаше, ни романтика, ни камери, ни сведоци.. Не ни имам прстен, немам ни слики од таа вечер, имам 15 години брак со добар човек. Тоа беше поентата на "земањето", нели?
Како може да е гестот, тој еден гест, израз на се наведено- израз дека го бива, дека ме почитува, гест на внимание? Замисли, за ништо не го бива, ама ете те почитува и сака да те жени, ќе се префркне со гестот и одма почнува да го бива. Очигледно, пред 10 и повеќе години, не живеевме во амерички филм, и луѓето разговараа, се договараа, и бракови склучуваа без фамозното ,,он мене ме запроси,,. Пошто ништо сензационално не е битен тој момент, во споредба со многу пред тоа (пример пеперутките на првиот бакнеж) или потоа. Буквално правите дека машната на поклонот е побитна од поклонот, или дека поклонот (еве, и во буквална смисла) е доволен за искупување од направено срање. И не само за ова, општо, формата ви е побитна од содржината и се замарате со глупости. Ама, не украсил дома со балони за бебе. Ама, ме запросил без огномет (а Митра со огномет ја запросија). Ама од Митра прстенот поголем. Љубовта и последователниот брак, имаат толку многу различни форми и содржини, ама тоа не се доловува на филм, па ајде, според ,,потврден,, рецепт, ако ме запроси, ме сака. Не мора да те запроси, може да се договорите на пример, ко луѓе. Зошто да чекам побогу, он да отвори муабет, да му текне. Еве ко Рапунзел ќе се чешлам и ќе чекам да му текне.
@Biljarkata а не, ако не го бива за било шо, поготво за битни ствари, клоца добива и тоа е тоа. Не не, никако тоа, ја за мене си кажувам. А срања напраени ни миљон долари не ги оправа. Не реков да украсува и да се фалам пред народ, ме заболе за народ, мене ми е до вниманието негово и толку. Спонтаност сакам и нишо друго.
Колку ќе се потруди толку почит има и значи дека му значиш ти и твоето мислење. Али знам на што алудираш дека има такви што ќе изглумат за вакви ствари па ќе бидат дно дна у брак што е точно има такви али ако не се потруди секако е дно уште од почеток без никаков сенз за внимание каков ќе биде тек у брак
Ама јас не зборев за тебе, општо зборев, што се имам видено како, ,проблем,, на форумов, како слика на едно општество. Една тенденција на пасивизирање на жената, едно идеологизирање на бракот како крајна животна цел (на жената). Замисли, имам дечко 6 месеци, и му текнува да ме проси. Треба да се подмочам или да размислам што сакам јас уствари? Можеби не сум спремна, сигурно не сум сигурна дека го познавам доволно, за да се замислам со него до крајот на животот (пак општо зборам, никој да не се осеќа прозван). А сигурно нема да се омажам оти сите другарки се омажиле, оти имам извесна возраст, оти е општествена норма да бидам мажена. Мислам, бројот на растечки разводи последниве години нешто кажува, а тоа не е дека сега го измислија разводот. Вистина, некои работи не можеш да ги предвидиш, ама некои работи па и можеш да ги размислиш со време. Пример дека живеење пред брак е многу добар пробен период, а не ,,модерна,, измишљотина на либералите. Мислам дека со закон треба да се воведе
@МерлоМерло а што ако не те запроси на 27 години до Нова година ќе му раскинеш ли ? Додека го преболиш, претпоставувам дека го сакаш и ќе ти треба време, додека најдеш нов се вљубиш и дојде време за брак пак ќе помине време. Твојот рок ќе биде секако пробиен. Многу е поважно да се омажиш со вистинскиот откако да се омажиш "навреме". Ова ти е една од најважните животни одлуки. Кога сме на темата мислам дека порано со договор било многу полесно. Си разговарате, знаете на што сте. Сега новото време т.е. новата мода донесе непотребни притисоци.
@МерлоМерло мислам дека стварно овертинкаш. Можи чека момент, можи само собира информации оти знај кога сака да те запроси ама знај дека дур собира информации ќе сфатиш па нема да е изненадување. Ако сакаш запросување сега - искомуницирај го то со него или ти побарај го. Ќе знајш дали исто мислите и дали имате иста замисла за иднината. Вака џабе. Тој (ваљда) собира информации, ти овертинкаш и се нервираш. Уз пат чачкаш во телефонот негов. Никогаш не разбрав задоволството од роварење во телефон на партнер. Исто не можам да се согласам со коментарите дека тој мора да одлучи. Лол. За брак мора двата да одлучиме. Тој можи да го прај запросвањето ама ако то запросвање иди од нигде никаде - е проблем шо чека да се случи. Втор проблем шо чека да се случи е нервирање за нешто, воедно не комуницирање на то нешто - едноставно немаме телепатија. Не е исто да одиш кај него најголем % од денот и да живејш таму (да делите обврски, да плаќате сметки заедно, да се грижите за домот). Небо и земја е одење на гости и живеење заедно. Убав совет даде членката за заедничко живеење.
Ние па изгледа одамна се запросивме. Буквално го прашав онака Сакаш да живееме заедно, па после да се земаме па евентуално деца и тако даље? Сакам. End of story И моментално ни се реновира станот кај што ќе бидеме и затоа уште не живееме заедно, а и не можеме да се ставаме многу во плус трошоци засега А овие имаат све, куќа на готово, ама морало кај него оти осамена била. Буквално од утре може он да собере парталите да дојде кај неа. Ама ако не било офишал со прстен со свечен пречек од свекрвата, не се важи. Абе ако сакате со некој да сте заедно, прва прилика ќе ја искористите. Едно е да чекаш ради финансии, друго е од инат.