Му реков ми рече демек ок и сабајле пак ми пиша ,му реков да не ми пишува и почна да ме прашува ама како што зошто и го блокирав ,свашта више толку досадни луѓе ако ти рече некој дека не сака нешто едноставно не замарај ,се со будали си имам раб
Ама и ти си крива девојче ,не за бројот ,туку зашто си пишувала ако не ти се свиѓал? И јас со некој да се допишувам и се ок и одеднаш да ми рече ај чао , ќе се чудам што му е , не викам некој дека е во ред да те замара ама не ги завлекувај така и после те замара некој
Рече ми беше интересен ама не ми се допаѓа, значи се обидела да даде шанса ама разбрала дека не сака.. А и било само допишување не му кажала дека сака нешто.. Врски раскинуваат кога ќе видат дека не им одговара некој, не па да престане комуникација со некој ништо што не биле. Има машки што од една порака се залетуваат и замислуваат дека сте во врска, без разлика што ти си кажала дека не сакаш ништо да започнеш сериозно пред да се видите.
Мене ми е прашањето дали воопшто он е сложен да живеат во нејзината куќа. Ако се води и он според ова кој е "маж", кој "жена" и каде "треба" да се живее, можда нема ни земено во обзир да се преселат кај нејзе. Еве да не нагаѓам, баш нека пише ако сака зашто ме интересира за да добиеме целосна слика за ова.
Зборено за брак, договорен прстен, договорена големина све арно наредено па ајт од досада да си се усеруеме сами у животот. Земи ти сеа редовно прај си нокти секои две недели за секој случај, знам сакаш да ти бидат арни, а ако не може и на ЧатЏпт да ја средиш сликата, не се замарај. А за тоа дека морало негде на патување да те проси, не се филмајте ве молам. Така знам многу едино патување тоа им било, и еве сеа чмаат дома може идат до Куманово само за 1ви Мај или идат доле туршија да спремаат со свеки.
Па мислам дека се изјанси дека се чуствува посреќна кога е опкружена со повеќе луѓе.Значи нема проблем да живее во заедница,како што и објасни не баш заедница затоа што имаат различен влез.Јас не сум за заедница,ама има ретки примери каде што и тоа функционира
Не, не реков дека е по дифолт проблем, ама еве до сега можеле да искусат заеднички живот ако веќе имаат на располагање една цела куќа/ стан за нив. 4 и пол години се заедно, не се од вчера нели.
Па ете 99% од времето се заедно,барем така кажа,и дека немаат проблеми.Јас овде најискрено не видов никаков проблем,од тоа со го кажа членката.Сама таа си прави проблеми од ништо
Не треба да клекнеш и да го просиш, туку разговор во 4 очи за план за понатаму, само тој знае што ТОЈ сака (или не сака). Убаво е што не очекуваш да те чита како буквар, не можеш ни ти него, освен ако не го прашаш/разговараш, па да видите дали сте на иста страница, немаш баш др. чаре. Ќе помине НГ, Божиќ, итн. ти незапросена, ќе почнеш да си создаваш одбивност кон него, за нешто за што сте можеле како возрасни да разговарате.
Првичното ТВОЕ прашање и нашите одговори и совети воопшто не се во различна насока/конотација. Овде проблемот, пред се, е како ти ја толкуваш ситуацијата. Имено, воопшто не е апсурдно, чудно или невообичаено, некој на 27 год. да има желба за брак, деца итн. Меѓутоа, според твоето кажување во првиот, а и во вториот пост, причините за таа желба се "погрешни" ако така можи да се изразам, односно исфорсирани. Тоа што луѓето во твоето опкружување стапуваат во брак и имаат деца, а ти не, не треба да ти биди причина за паника и аларм дека нешто не е во ред со твојата врска. Исто така, самотијата што ја чувствуваш поради определени околности во твојот живот не треба да биде исполнета по секоја цена и под најразлични околности, само колку да си опкружена со луѓе, односно да си во брак. Овде никој не остави лошо мислење, имено најголем дел од нив беа конструктивни и реални. Е сега, колку си ти спремна да го прифатиш и да се соочиш со тоа, е друго нешто. Не дозволувај стравот дека би останала сама, да те надвладее и да те натера да донесеш нерационални одлуки.
Мајка ми го има запросено татко ми пред 35 години, арен им е еве бракот, шознам. Си го седнала и му рекла оти мисли дека треба да се венчаат, ако на него не му е до женидба да си каже Ова ми е ново некако да треба да сме изненадени од мажите, па на патувања, па специјални планови..
@МерлоМерло Што би рекол @Waverly Raven, не нè читај селективно и не ги до толку земај при срце работите бидејќи никој овде не ти мисли лошо, ниту пак некој напиша нешто толку злобно Јас те разбирам дека имаш некои подлабоки стравови како споменатата осаменост и доза на прикриена фрустрација поради околината и другите парови. Но, really, take a deep breath, бидејќи проблемот не е толку голем, колку што самата ти си создаваш непотребен притисок и непотребно паничиш - оригиналниот пост ти е баш паника од Сава до Морава Единственото решение е да седнеш со дечко ти и смирено и отворено да му објасниш што те мачи, кои ти се стравовите кои ги имаш и сл - бидејќи ако на твојот иден сопруг не можеш да му го кажеш ова, на кој друг? Сте се се изјасниле дека и двајцата сакате брак, веќе тој знае и каков прстен сакаш - ете тоа се знаците на идно запросување кои ги бараш. Но, морате да си направите и подлабок разговор од дизајнот на прстенот. Да видиш и тој каков конкретен став има, дали сака да останете кај него, дали има свои некои стравови или пак желби. Не се брзај за никаде, бидејќи за никаде не ни доцниш. И не се споредувај со другите, сè ќе дојде на свое место
Господе боже ,недајбоже , да се запросува маЖ? Подобро сама цел живот ,од колку да запросувам маЖ , страшно што се нормализира,ужас тешка мизерија Коментирајте што сакате , ненормална работа е , жена да му купува стан и куќа , да му раѓа деца, з'ш очигледно ако ги запросуваме ќе треба да ги прашаме и кога ќе ни направат деца , да не треба уште и да работиме ,а они да седат дома како принцези ?
Не, до маж принцеза ќе се држам , каква врска имаат соковите со оваа тема ? Заебаваш нешто што е ок по здравјето ? Еве многу интересно ,аплауз Па ќе ги запросуваме и ќе ги прашуваме за деца и дали треба да работиме за нив , ако им е тешко на работа ,да не се мачат многу за плата . 21 век е ,модерно време ,не треба да сме ограничени хееххехехехе
Добро луѓе што ви е? Јас или вие сте паднати од Марс? Да сум го запросела, да живеел кај мене, следно да го завртам од позади да му го ставам и да му направам дете. Не знам какви дечковци/мажи имате ама страшно е ова. Може сум примитивна но јас барам и сакам маж. Значи маж, што може утре финансиски да издржува 4-5 члено семејство, што ќе ми биде поткрепа, на кој можам се да му кажам (и сега е така, не скокајте одма), што ќе оде да пазарува, да помага по дома, да знае да сака и да почитува, а не да го просам божеее хахахаха Кој Американски филм ве тепа? Кај на секој чекор тепаат и изневеруваат голем дел од мажите, кај жените се ниска работна класа и понужува и во секој поглед, кај одиш во полиција претепана па и да ти кажат е тоа е, сега па и да сме проселе мажи. Стварно не ви е добро, ајде одете купите букет ружи и запросете го вашиот дечко. Само тогаш нема да ви е дечко веќе туку жена.
Јас потполно ти ја разбирам поентата од почетокот на излагањето. Еднаставно знаеш што сакаш и целиш кон тоа. Знаеш дека сакаш фамислија, имаш човек и тоа е тоа. Добро е што сте на иста бранова должина, знаци може и да нема ама да се случи запросување. Веќе сте разговарале за се и ако е одлучен немаш потреба од период до Нова година. Ако веќе ти е толку битно да е до тогаш пак одоколу спомни му. Не сме се наашле во ваква ситуација повеќето па да кажеме запроси го. Истите тие нема да клекнат на колена, ама битно да се пише. Убаво кажа живеалиште решено, работа решено уште заедничкиот живот. Не бараш премногу, и не се занесуваш како што те опишуваат. Секоја од нас има визија каков партнер сака. Само онаа што успеала да го реализира тоа среќна е. Јас имав 2 долги врски пред да го запознаам сопругот, втората ептен беше блиску до брак па за тоа се тргнав. И не се каам, немаше да го запознаам сопругот. Знаев што сакам во животот. Се реализирав како мајка на 27 год. И така ми беше идеата цел живот, до 30 да родам ама не по секоја цена. Да се надополнам, тој што не осетил како е да си сам не сака блискост со фамилија. Не знае колку вреди маса полна со луѓе кои ги сакаш, и онаа топлина која ти се пружа во тие моменти.