Не му прави притисок, затоа што еден прстен не ти е никаква гаранција за вашата иднина. Остави да си течат работите сами од себе. Затоа што на ваков начин може само да му создаваш дополнителен притисок и тој пак да не превземе ништо по тоа прашање.
Ако јас барам тоа вие што барате? Принцеза со пенис? Ниту една од вас нема запросено маж, нит ќе запросува. Ама за глупи идеи и лајкови во коментари сте први. Нит ќе донесете маж во ваша куќа нит ќе му клекнете да го просете. Не знам која е потребата од вакви филмови. Тоа е кога некој сака нешто да пишува по секоја цена и да ствара горчина. - као млада си што ти е тебе 27 мислиш уште сум тинејџерка - па како може да му кажеш каков прстен ако те сака ќе знае - ти клекни му - донеси го во твоја куќа да живее Само црнина во секој коментар, колку да се пише нешто негативно безврска.
@МерлоМерло Искрено, не мислам дека си спремна ниту за брак, ни за деца. На 27 години да не знаеш да прифатиш конструктивен совет и упорно да ги свртуваш или игнорираш мислењата само затоа што не си добила одговор каков што си си замислила, е благо апсурдно, како мало дете. Само 2 членки на почетокот на шала ти напишале да го запросиш ти него и толку, останатите 100 од нас ти дадоа квалитетен совет. Абе криви сме ние што одговараме
Гледаш како ти се си знаеш, не знам ни зошто бараше совет(и). Како и да е, уште одма проценив дека се глупости.
Сметам дека непотребно се замараш, премлада си верувај. Но сепак, штом веќе го имате муабетот околу прстен димензии ова она, значи е сепак сериозен и кај и да е ќе биде. Мој совет, остави спонтано да течат работите, не си прави овертинкинг, ќе биде. Најважно е да ви е убаво да се сложувате поддржувате еден со друг, и еден ден ќе те изненади, кога најмалку ќе очекуваш
Жими се, за мис контрадикторност ќе те кандидирам. Нормално ќе тепа и ќе ти кажат тоа е, ако издржува 5 души и зависиш од него. Ете, зависиш од него, да те запросел па да го живееш својот план. Маж што ќе пазарува и помага!!! по дома е многу висок критериум, супер ти е испланирано, терај. Иди беснеј му на тој твојот, таму пукај фрустрации. Остај не нас, мажени, незапросени појма немаме од животот.
Побара мислење, доби. И биди доблесна да прифатиш различно мислење кое можеби не се совпаѓа со твоето. Ако не можеш, тогаш зошто воопшто го бараш и плукаш по тие што одвоиле време да ти одговорат? Нормално дека ти најдобро си знаеш што сакаш, ама биди реална во твоите очекувања. Не испаѓа се секогаш како што сме замислиле... и не значи дека ако не испадне така е крај на светот. Чисто за пример, и јас отсекогаш мислев и сакав порано да се омажам (порано зборам докај 31-32), да имам деца итн. Исто сакав прво да живееме заедно, па да бидам запросена, па да останам бремена... Од сето тоа ми се оствари само заедничкиот живот пред брак, другото се случи по некој различен редослед од тоа јас што си го имав замислено. Посреќна во животот не сум била, знам дека го имам правиот човек до мене, бев трпелива и оставив работите сами да се случуваат. Забременив па ме запроси, на 36 години. И многу ми е гајле дали луѓето ќе зборат и ќе мислат ааааа само затоа што е бремена ја побара за жена. Притоа, он дојде да живее кај мене, такви ни се околностите, фала богу имаме кров над главата и не патиме од комплекси дека е домазет. Мене ми е доволно што ние имаме соживот, се разбираме и се прифаќаме такви какви што сме. Во врска со просидба само еднаш му имам дадено хинт дека повеќе преферирам злато, ама да не се замара да биде богзнае каков прстенот и којзнае колку да кошта пошто тоа ми е најмалце битно. Поентата ми е дека ако го имаш човекот до тебе и знаеш дека е тоа тоа, остави да си течат работите по природен тек. Се ќе си дојде кога треба. И ништо никогаш во животот не ти е гаранција.
Hilarious. Родови улоги, love to see them. Зато после гла чукање зошто, кога, како. Уствари кога советуваме тука не очекуваме другата страна да не послуша, лол. Можи глупости тресиме. Ама, се очекува во најмала рака да го уважиш и да не го навредиш поразличното. Најчесто советувањето е претходно искуство или проста логика. Никогаш, никогаш не сфатив како се впирвате во една вистина и се шо е различно не можи да го искритикувате конструктивно, туку го вреѓате. Ок принцеза со пенис, и? Олесна?
Сега најди локација и ден, и тоа сигурно не знае како за прстенот,не може да те чита како буквар.Не може така тоа е за цел живот,што ако не ти се допадне.И во меѓувреме направи еден животен план и ред,за да знае кога и што.И нормално не носи го кај тебе,се знае снаата дирек кај свекрвата,таков е редот.
Благом оном кој ќе те трпи. Прво скокни па речи оп. Мрдни тоа гзот,земи работи нешто,едуцирај се прво, научи што е брак, улогите. Мислиш ќе те третира како кралица тој да работи а ти да се мзгачиш дома како магарица? Тоа да го заборавиш. Барем во таков свет живееме, дојде на форум и очекуваше дека грото ќе те подржиме. Еве, кралицо на незрелоста верувај во розевите бајки кои ги имаш имагинирано во твојата глава. Што и да кажеме веќе ти мислиш дека сме злобни, љубоморни. Тешко е да се прифати реалноста и тешко е да се оди по план.
општествено наметнато е тоа дека морало маж да запроси, длабоко индоктринирано е во нашите мозоци, малку аут оф д бокс треба да се размислува порано мажите носеле штикли и сукњи, ако пак почнат сите да носат по некое време ќе биде опет нормално
Мхм, бара мислење а кога ќе го добие одговара дрско и арогантно и скроз незрело, па уште и со потсмев... какво уважување, она само бара некој што ќе и го каже тоа што сака да го чуе. Не знам стварно не разбирам, однапред све осмислено по некоја замисла како од бајките, не дај боже да утне нешто дечкото готово пиши пропало...
Ти уствари сакаш некој да те чува и издржува оти "така треба", не сакаш да се мажиш за него оти го сакаш. Да го сакаше, ќе му речеше еве дојди кај мене ќе живееме. Кога некого сакаш, секоја прилика ја користиш да сте заедно. Еве во мојата ситуација, станот се уредува претежно од мои пари оти поголема плата земам. Па живи здрави да сме, најмалку битно кој колку дал, на крај е битно да имаме нешто наше, рај, да сме сами и убаво да ни е. Едит За 5 члено семејство да живее удобно од една плата, во денешно време, таа плата треба да е најмалку 1200 евра. Ти толку земаш? Ма и тоа е малку
Советиве ви се стварно, човек да не побара совет Нема ништо лошо да сакаш на било која возраст да си во брак. Дали сакала на 21, дали на 50, нема никакво правило. И што е лошо на 27 да се омажиш. Да го имам овој памет и јас би тогаш. Ко демек нешто повеќе ќе направиш за себе ако чекаш. Јас повеќе направив од кога сум во брак и од кога имам дете. Едноставно добив поголема мотивација да одам напред. Не ради менопауза, може и на 20 години да имаш проблеми, туку па и зошто да не дочекам да видам како ми изгледа детето на старост. Мене искрено ова движење во денешницава што веќе сите го правиме, не ми се свиѓа. Ќе чекам. Што ќе чекаш, лото да ти падне. Ќе патувам. Па можеш и во брак и со деца да патуваш. Ќе правам кариера, можеш и така да правиш кариера. Не се тие работи пречка, туку себичност е во прашање за сопственото време. Што е и легитимно. Барем си свесна дека ти си на прво место. Друго, мислам стварно ми е дебилно како женско јас да клекнам на колена и да го запросам. Во право си е за тоа. Кај глумиме и жени и мажи и мајки и тетки и кариеристки и домаќинки и се во едно, па за едно мочано запросување, уште тоа да го правиме. Не ми е мене работа да клечам, на друг му е. Ако тоа му е тешко, нека си тера ергенски живот или нека стриже друга овца со години. Советот ти е, барем од мене, ако толку сакаш да си во брак, ќе си разговараш пак и ќе си дадеш ултиматум. Па он нека му ја мисли. Сепак тоа е твоја желба и ако он не се носи со твојата желба, тие ти се опциите. Или седиш и го чекаш Годо или ќе си најдеш друга љубов на иста бранова должина. Бидејќи никој од нас тука не може да дојде да му каже, оди проси ја. Колку што тебе ти е силна таа желба и тој треба да ја размисли, можеби и ти треба да размислиш која пак е неговата желба. Ако не најдете пресек, ете ти го одговорот. Со сила ни едното ни другото не бива. Ете така.
Абе претеран феминизам не е на арно. Денеска ќе ги просиме мажите, а утре ќе треба и улошки да им купуваме.
Мерло всушност американските филмови се тие кои ги наметнаа новите стандарди. На неверојатно патување, евентуално "битен" настан како Нова година клекнува мажот на едно колено задолжително со прстен кој чини најмалку "5 плати". Конзумеризмот на дело, што повеќе да се потроши, да се направи моментот спектакуларен како да не е доволно фактот дека ќе се мажиш за човекот на својот живот. Добрата комуникација е решение за многу проблеми. Не да го запросиш ама можеш како што напиша овде да му кажеш дека сакаш во најскоро време да се мажиш и што мисли тој за тоа 2026 година да се венчате. Ама зошто да биде едноставно кога може да биде комплицирано......
Па ко за пол кој важи дека не трпи жени, не сака да се жени, и се жени оти така мора а и да има која да го испере и исчисти, ја да го молам за брак а камо ли да го ПРОСАМ ќе си ја прашам. Не викам дека ги нема поединци што се асални и од коа биле запросени, али тоа се статистички грешки. Кај и овака се тешки комплексаши со синдром на мало куре и синдром на метро и жилет висина, уште овој комплекс да им го туриш и сме го обрале бостанот. Да праам муабет за брак, да работам, да делиме живот и леб ок, али он да запроси, а она да раѓа е сасвим у ред. Мислам не е некој екстремизам според мене.
Никому не му е работа да клечи, освен ако не си средновековен витез кој бара рака на благородничка. Татко ти клечел кога/ако ја просел мајка ти, или дедо ти баба ти? Ова е буквално филмање, без историски ниту културолошки контекст, оти така било на некое стори последниве години. Ако сте толку по традицијата, автентична, оди мажот кај машки член од твоја фамилија и се договараат за колку златници ќе те дадат. Од златниците бар некој ќар имаш, имаш жив капитал во рака кој можеш а)да го како обетки или околу врат б) да го продадеш во лоши времиња ц) да остане за твое потомство. Ама не ви се свиѓа тој филм. Најдобронамерен совет- пошто од некои филмови се пати- жена во денешно време треба, ако може, да има барем свој капитал. Да не ја продаде сопствената куќа, за да инвестира во спрат од свекрва. Пошто се знае, маж е да биде главен и ќе се грижи за неа, шо ќе и имот на жена. Да не биде од филм- плачка. Толку, другото whatever rocks your boat.