Да де, ќе ја читаме после у Снаи и свекрви како вештерката им се качува на спрат, како ѝ се меша, како девери и золви доаѓале на спратот кај свекрвата ама пуста гордост нема да ѝ даде да иде у своја куќа у свој мир да седи. Ако сакате некого, не чекате САМО на него. Он да купуе дом и кола и да планира све. Тој шо го сакате, со него едвај чекате да имате дом, да патувате, да све. И секоја минута ја користите за тоа. Ако ве боли гордоста да потегнете први, ондак не сте за партнерство. Живејте си сами. Фмп И не барајте нешто што не можете сами да го понудите.
Нема ништо лошо во таа да сакаш да се омажи и да имаш деца. Ама важно е и тој што сака и кога е спремени. И ти рече дека сакаш он да те финансира и да може да издржува семејство со 3-4 деца, може нема толкава финансиска моќ во моментов. Може нема доволно за таков прстен каков што сакаш ти. Скоро излегол од факс, една година само работи.. Подржувам фемизам ама некогаш е претерано, не е веќе ни феминизам.. Незнам зошто очекувате секој маж на 20 и некоја год да има и куќа посебно и да може финансиски да се грижи за цело семејство, плус дома да работи, да чува деца, да ви купи прстен онаков каков што вие сакате. А што нудиш ти? Имаш куќа твоја на 20г? Не работи секој за 2000 евра па од година стаж да може се да постигне, на некој не му се насмеала среќата.. А може не можел да работи во тек на студиите, не може секој да издржи и факс и работа, ако е машко и тој се измори.. Морало да те запроси незнам каде со незнам каков прстен.. А тој од тебе да побара 10 деца да родиш?
Леле споредбава Да родиш 10 деца споредено со еден мал момент на внимание Се повеќе ги спуштате критериумите под превезот на феминизмот а уств тоа не е ни феминизам, демек ако ме побара за жена клекнат на колена со дијамантски прстен помалку феминистка ќе сум?
Епа ако не, се роботски да правиме во животот. Сакаш да се земеме, сакам. Нема прстен, нема ништо, директно во матично по папучи и маица за спиење. Мислам стварно се иде во денешницава во крајности и губење на секаков сенс за моменти. Нека не ти клекне, не си го сликај детето пошто направило 6 месеци, не купувај торта пошто тргнало во прво одделение. Што мора да славиме и да градиме спомени. Да се умре мора само. Ништо друго. На крајот од краиштата, тоа е твој живот. Ако сакаш опсипи го со сивило и една рамна линија. Јас си сакам, еве нека биде и филмање според тебе, романтика. Ко многу да барам. Да клекне, да купи прстен. Бре, го расчеречив. Ако тоа му е тешко, можам да замислам другото потешко колку уствари тешко би му било.
А што ако нема пари да и купи со дијамант и да ја одведе некаде на скапо место? Традиционалното воспитување не ни има запросување само венчавка и свадба. А исто така патријахалното воспитување зборува за тоа дека жената треба да седи дома, да биде домаќинка.. Ако излегуваме веќе од ова патријахалното воспитување треба целосно да излеземе. Што мора мажот да е должен да обезбеди куќа? Ако има женат веќе посебен дом (без разлика од каде и е заработен или наследен) може и таму да живееме. Кој има подобри услови кај тој, ако нема никој ништо заедно ќе обезбедиме не е важно кој ќе вложи повеќе. Неможеш да очекуваш од некој што работел само една година да може да обезбеди посебен стан, во меѓувреме да закаже запросување некаде надвор, да купи прстен.. Ако те сака да ќе се потруди да ти го направи тоа запросување посебно и незаборавно, ама не можеш да очекуваш луксузно да е тоа ако знаеш каква му е финансиската состојба. И тоа не поради тоа што така треба, џентлменски е тоа.. Исто важи и за обврските после дома ако е заеднички дом, ако се заеднички деца заедно се грижиме и за домот и за децата, не може да остане се на жената или да очекуваме да е жената наш готвач и да знае се да зготви.. Нормално е мажот кога ќе има физички потешка работа да ја врши тој исто не затоа што така треба, туку затоа што физичката градба му е таква..
Пред да излези темата од контрола (зошто полека оди натаму) ве молам одете во соодветна тема каде би зборале за живеење на партнери во заедница или кај жената, феминизам и сл. Неќам да дојди ситуација да треба да бришам. Темава е за совети. Фала.
Мене лично не ми е.. Сметам дека треба да живееме таму кај што на двајцата ни одговара. Можам јас само да предложам да живееме кај мене, ако таа не сака( дури и да живеам сам) ако на неа не и одговара локацијата ќе бараме заедничко ново решение.
Па и вие сте буквалисти што се трескате од земја на тоа што кажавме таа да го побара. Никој не рече да клекне на колена пред него, туку да биде практична, оти животот е краток. Знаеш, вака се' може да е ок, да тераат до недоглед, демек се на иста бранова должина, таа упорно ќе си чека и ќе чека тој да ја запроси, а тоа може и никогаш да не се случи и оп троп, животот во чекање поминал. Ама деца сте, ќе сфатите кога ќе пораснете.
Од дрвјата не ја гледаме шумата, ама у реду- дефинитивно, рецептот за одличен маж и брак е он да клекне Whatever rocks your boat
Не е, но е вовед на една нова приказна. И нешто за паметење и убава меморија. Зошто да не? Рецепт за добар маж и брак, по твоево е воопшто да не клекне, не сфаќам. Кој е рецептот?
Леле се изнасмеав сега излезе дека и дијамантски прстен сум сакала хахах ај да појаснам за некои навистина неписмени - не не сакам дијамантски прстен, напротив тој што го сакам е околу 150€-200€ - не очекувам да ме запроси на уау место, ме изиритира коментарот од другарката дека морално на далечно патување да е - според мене не - јас во мојата куќа не сакам да живеам и да стварам спомени со мојот маж, во таа куќа имам починато блиски луѓе и после мажење ќе ја продадам бидејќи таму имам само лоши спомени, доколку толку сте запнале за таа куќа можам да ви ја продадам па вие живејте таму - не не барам да ме финансира, моментално земам плата над 2000€ и сум магистар за тие што кажаа прво образовај се, имам супер професија и финансии, фала му на Господ не зависам од никого. Но животот не знаеме каде не носи, можеби тој или јас ќе останеме без работа, тогаш да земам брз кредит за влошки и тампони бидејќи тој не смее да ме "финансира"? - не барам неговател, чувар и слично - не не може никој да се качи магично на спратот бидејќи нема внатрешни скали, исто како вие што живеете во зграда не ви се качува никој. Не знам кој е буквалист и кој не разбира, но навистина се правите некако прости. Дури е и трагично самото ова да го чита некој како пишувате па побарај го ти, запроси го, ама како ти ќе одиш кај него, од него прстен, па тој да те запроси, па кај него да живеете а ти што нудиш? WHAT? Ти што нудиш? Матка. Тоа е доволно за се. Јас сум таа што него ќе му ја подари татковската љубов, а тој цел свет да ми го купи и 100 дијаманти нема да е доволно. Да раѓам, 9 месеци да се мачам и да минам низ пекол при пораѓај а тој да не клекне и да не може да обезбеди дом???? Па јас да го просам и да го носам дома? Ако сум лезбејка може, се ќе направам, ама ете не сум. Сакам маж, не педер. Тоа е.
Абе готово. Јас што не објавив на Инстаграм, што праиме? Не знам, мене ми беше преубав момент, ништо екстравагантно, туку слатко, скоцкано, мило и уникатно. Комплетно по мој стил. Нешто што го памтам како вчера да беше. И сега бидејќи ми клекна, бракот лош ли ќе ми биде? Така па испаѓа по муабетиве.
Тој што им прави ќеиф на двајцата, нема никаков стандард, не треба да има. Мојот екс проба да клекне и го станав затоа што за мене беше супер awkward, другар ми ја запроси жена му на тросед у дневна (а имаат пари и светов го прошетаа), другиот другар не се ни запросија, не постои запросувачки прстен, се договорија меѓусебно за венчавка. Другарка ми незапросена и немажена, две деца има со партнерот, другата другарка со скриена камера и сите салтанати ја просеше дома маж и'. Нема ништо спорно во ниту еден начин, туку да смислуваш "правила" дека мора вака или онака, мора патување, мора клечење, мора свашта нешто. Не мора ништо освен како возрасни меѓусебно да научат да комуницираат кој што сака и очекува, па врз основа на овие разговори да носат одлуки.
Е како бе да се договорат како да ја запроси. Нека си организира сама, он само нека го донесе прстенот и по можност да праша Самата си изјавила дека сака брак. Ако толку ја познава ќе знае дека сака да биде запросена со прстен, а не формален ладен договор и терај живот. И на крајот, што ме боли за тие што ги наброја, што сакаат нека прават. Но, ете не има и такви што си сакаме лигавење и романтики. Па и за нас има некој на светов. Не ти чини, чао. Ти чини, супер.