Во истиов момент заборави на минатото, како и што било и не се потпирај врз тоа - неговите ме сакаат и му викаат да се смириме. Таа сламка за која се влечеш за да не се удавиш не ти е гаранција за ништо. Мојата претпоставка е следна: можеби и му значиш навистина на момчето, но тој си видел парче од белиот свет, прошетал, свртел некоја паричка, му се допаднало и сега не сака да се врзува за една. А можеби во Швајцарија го чека и друга. А можеби и не постои друга, едноставно е - сфатил дека е млад, дека не сака да се врзе. Ако гаи некакви чувства за тебе - затоа и му е тешко да се оттргне, па ти се јавува и излегувате. Но, не сака врска. Ако не чувствува ништо за тебе - знае дека ТИ ЛУДО ГО САКАШ, дека ќе потрчкаш како кученце на неговиот повик, дека си патиш и плачеш и си го врти тоа во својот корист. Но, не сака врска. Заклучокот во обата случаи е - дека не сака да се смирите, не сака врска и очигледно не те сака за девојка. ЗОШТО ОДРЖУВАШ КОНТАКТ со него? Сакаш ли да си крпа пред вратата, second best choice, златна резерва, девојката на повик која ќе му биде рамо за тешење, потсетување на едно кратко убаво минато, се додека не си го направи ќејфот и не си летне за Швајцарија? Оддалечи се, прекини секаков контакт, откачи го, игнорирај го, ако треба и замрази го. Ако воопшто му дојде некогаш памет, ќе тропне на вратата и ќе се извини, иако според мене и тогаш не би требало да го сослушаш. Во секој случај, си губиш време и нерви за овој дечко. Со вакво незрело и себично однесување, не му значиш воопшто. Зошто па тој би ти значел тебе? ЦЕНИ СЕ МАЛКУ ПОВЕЌЕ, Т.Е. МНОГУ ПОВЕЌЕ, АКО САКАШ ДА ТЕ ЦЕНАТ И ДРУГИТЕ. ЕДИТ - Сега видов дека си 17 годишна. Колку години има дечково ако не е тајна?
нема шанси да замине швејцарија..затоа што нема каде.. немал тамо никоја се распрашав...сега ги наполни 18години...и мн е љубоморен ако зборувам со други и слично..ми вика не биди со овај со онај не излегувај вамо тамо..иако не сме ништо..мн добро се однесува кон мене..само мисли дека заслужувам некој подобар за мене..и дека е премногу рано за да знае дека ја су таа вистинската.. тешко ми е не ради тоа што го сакам..едноставно незнам да сакам..и додека бев со него ми забрануваше со некои машки јас пак продолжував знајќи дека на тие машки им се свиѓам..а тоа му пречеше.. тој сака да има девојка што ќе го слуша за се..а кај мене не го добии тоа... тешко ми е само ради тоа што мислам дека 9месеци ми се изгубени за безвезе.. му викав да се скараме одамна..но кога ќе му спомнев ми викаше ако останам без тебе ќесе самоубијам..и етте сега до каде стигнавме..
Мис ШвЕјцарија...јас имам изгубено 4 години, а има луѓе што изгубиле и децении во брак. Можеби не ти е лесно, но кога веќе не го ни сакаш, тогаш опушти се, проблемот ти е преувеличен во главата само.
можеби бевте во право ..но сега разговаравме и ..ми кажа дека тоа го правел само за да сум почнела да го сакам..мислел дека .Не трчај за неа..свртии го грбот и ке те сака..но видел дека јас сум пак ладна ..и дека многу ме сакал..ама сепак ќе размислам дали сакам да бидеме заедно..овој пат јас да вратам
Не ме сфаќај погрешно, ама мислам дека овој те мафта малку и на твое место ја не би му се вратила во прегратки а тоа што го учеле дека не треба да трча по женско туку грбот да му го врти и демек ќе го сакала, тоа му е ептен паметна школа Значи типов по мое е премалку паметен да размислува со своја глава туку следи школа на очајни другари, веројатно изгорени од некоја о*оспија зашто другите девојчиња биле премалку интересни за нивен вкус. Не се сите девојчиња исти и не може тој така да си игра. На твое место, па уште после оваа ниска одвратна изјава, би го баталила па нека си најде некоја која ужива во тоа да и се врти грбот.
Мн девојки сте во врска со некој што не го сакате,зошто дозволувате да бидите со некој што не го сакате и само си го повредувате и навредувате,после цела приказна сватив дека ти сама си крива што сте скарани затоа што ако го сакаш требат да го почитуваш и да правиш како што тој ти вика,како што ти несакаш да се дружи со други девојки,сфати дека и нему му е исто.После се жалите вака прави така прави,дечкото те сака кога после се што му правиш се враќа кај тебе.Преиспитајтесе девојки!
се запознав со едно дете на одмор,му се свиѓавмногу.. но не бидна ништо јас си имав дечко,сега се преселија одма до нас и многу ми се свиѓа му раскинав на дечкоми ради него..незнам како да дознам дали сеуште му се свиѓам јас.. помош..
Хм ако живее до тебе имаш одлична шанса.. Викнете ги неговите родители на утринско кафе или нешто спријатели се со него и стекни ја неговата доверба .. сигурна сум дека ќе ти признае
Kажи му дека си оставила маж и 3 деца дома, само за да бидеш со него. Ако треба и жЕртва ќе се поднесе, ќе се заколе некоја свиња, само за да бидеш со него. А сигурно ради тебе се преселил. Радувај се!
One more time Хеј девојки...не сум баш некој тип на онланј барач на совети..ама сеа ми е навистина битно... Вечерва сум на журка...и не било која туку веќе на роденденската на мојата најдобра другарка...се е ептен совршено од подарок до гардероба...освен...мојот бивши кој многу ‘‘случајно‘‘ и е најдобар другар...што значи ќе биде таму 200%...поентата е што јас....уште го сакам (верувајте се мразам ради тоа) и што најверојатно нема да можам да поднесам да бидам во иста просторија со него...имам некое крипи чувство,не сум сигурна дали ме сака...(а што се однесува до нашето раскинување беше многу тивно,речиси бесчујно...со тешки последици од двете страни (под ова подразбирам страдање)).Јас стварно незнам што да правам...неможам да ја избегнам забавата во ниеден случај...а нема шанси да ми се случи да ја уништам бидејќи нема да можам да си простам... Девојки ве молам навеќе на целиот свет да ми кажете што да праам вечер...ќе ви бидам најблагодарна...стварно се чувствувам за никаде Фала однапред
One more time Од ова што го имаш пишано, можам да заклучам дека уште го сакаш, а ако и двајцата сте страдале многу има шанса и тој уште да чувствува нешто за тебе, така? Е сега, не гледам кој е проблемот тука. Не знам зошто сте раскинале, но ако го сакаш уште, ете ти шанса да се смирите. Оди на забавата, помини си најубаво
Нена не знам што толку паничење па стварно нема потреба. ке идеш таму ке се забавуваш без разлика што ке се случи помеѓу вас.. Ако дојдете до ситуација да разговарате можеби и ке ги решите проблемите и можно е да се смирите но јас ниту сум баба ванѓа ниту гледам на грав за да видам што ке се случи.. иди на роденден без такви песимистички идеи и врати се па ако има нешто пиши. тука ние не можеме пред време да знаеме што би се случило
Нена имаш 2 опции . 1) Ако сакаш да бидеш пак со него имаш прилика да му го предложиш тоа , нормално ако мислиш дека и тој би сакал . 2) Ако не го сакаш назад , исто ко што би се поздравила со другите , поздрави се и од него . Најнормална биди си . Без глумење .
Ма не ми е страв мене за тајните воопшто зошто не знае ниту една моја тајна колку што се секавам,имавме други муабети и никогаш не зборевме за личноста која ја сакам туку само во последно време ме прашуваше за него а мене тоа ужасно ме нервираше.Би можел да го стори истото ко и тоа девојчето кое му ја полнеше главата претходно на личноста која ја сакам(токму и тоа ни беше проблемот да те потсетам).Е сега се прашуваше ти зошто го спомнав тоа со личноста што ја сакам дека сме заедно значи дека не сакам некој повторно да ми се испречи во моите односи со него Му кажав дека мојот живот е мој и дека не треба да се интересира за тоа а тој почна да ми се заканува дека се ке направил да не раздели.Го блокнав како што ми кажа но помислата дека може навистина нешто да превземе се ежам.Фала ЕлеМентал.Ке го избришам од секаде.Па ке видиме натаму како ке биде.Нејсе чудно ми е ако ме засвигал зопшто има врска од 4ри години
МаlataNena Па заради некој си бивши да не одам на роденден кај мојата најдобра другарка, па нема шанси.. јас би отишла поради негов инат, а пред се и да му ја видам реакцијата.. Дотерај се,среди се за да направиш со самата твоја појава да остане бз здив, прај се како да не го приметуваш воопшто, ќе видиш на свртен грб како ќе дојде по тебе
Пред неколку недели отприлика три недели, бивсиот ми се јави као сакал да ми се извини као гресел као ај на кафе и на кафе као ми збори ајде пријатели другари за поцеток. После ми писувасе на мсн на скајп еден викенд бевме и во заедницко друство,за да после ми реце као сум се понасала како зенска како не знам како и му реков сто сакас од мене и он само другари и кој му реков епа засто ми реце така и ми вика епа сум ти рекол другари. И сеа не знам сто да правам
Имам симпатија и сакам да ја повикам на кафе. Интуицијата ми вели дека и таа не е стрејт (само се преправа) но сепак не знам како да реагирам да не ми мавне корпа и да се расчуе низ цел град. А инаку се дружиме.
Сум пишувала многу пати, на форумов, ама проблемите за кои тогаш пишував сега ми изгледаат банални кога ми се случува ова. Можеби има посоодветно место да го сместам, овој пост на форумов, ама моментално не сум во ситуацја, да се занимавам, со тоа, бидејќи имам желба да умрам, и да оживеам по 3 месеци. ох од каде да почнам, со мојот дечко одиме година и скоро 4 месеци. Сме имале и подеми и падови во врската, за мн проблеми во врската сум пишувала и тука, но тие за среќа брзо се средуваа. Овој пат е нешто навистина посериозно, јас и тој сме, принудени да се разделиме, тој денес заминува да студира во странство, а јас останувам во Скопје. Навистина многу го сакам и тој мене и ни беше многу убаво заедно секогаш, најчесто се каравме преку телефон, во живо тоа баш и не ни успеваше, последниве неколку денови, ми кажа многу работи кои пријатно ме изненадија , во врска со нас и со нашата врска, нашата заедничка иднина, доколку можиме да се сносиме, со сите предизвици за време на студирањето. МИ кажа дека ме сакал најмногу, дека иако тоа никогаш не ми го кажал, ме сакал од ден на ден се повеќе , дека оваа година му била најубавата година во животот, исто така, во текот на врската ми имаше речено дека и да не се видиме, тој ќе се врати ко ќе заврши факултет ќе ме побара, ке бидиме пак заедно, но да не го чекам и да уживам, во студентскиот живот и да бидам среќна, да не се затворам, во поглед на љубовта дека можеби ќе има и други кои ќе ме заслужуваат повеќе. сепак, едвај се разделивме, и знам дека и нему ќе му биде тешко, дури и потешко отколку мене, бидејќи тој не познава никого таму кај што заминува. Но тоа не е се, навистина немам кој да ме утеши, мојата мајка е последниве неколку дена на болница поради итен хируршки зафат. јас сум скоро сама дома, треба денес да заминам, на студии во др град, а имам премн болна менструација и едвај се подготвувам. сите мои поблиски другарки се веке 3-4 дена заминати во Скопје. И навистина немам врз кој да се потпрам, тука е татко ми, но и тој не можи баш најмногу да ми помогни, ме советуваше да не жалам, по дечко ми дека се ќе биди во ред, дека пак ќе се видиме за 3 месеци, па макар тоа и да е на кратко, дека знаел многу врски како мојата кои преминале во бракови, но и многу кои се распаднале. знам дека ке имаммногу за учење, дека ќе имам многу колеги и колески нови, многу дружење. Сепак, моментално немам волја за ништо. Последниве неколку дена не спијам, повеќе од 2-3 часа во едно деноноќие. навистина, не знам од каде да почнам, да си помогнам некако себе си. Доколку имате некаква идеа, како да гос редам овој личен хаос, ве молам, кажете ми. Навистина, ќе ви бидам благодарна.