Да баш... Пример ние сме 4ипол години заедно за време на студии супер се, полабав живот не се замараш толку со ништо. И тогаш ми беше се супер и сега ми е супер, но сега сум во посериозна фаза во животот. И затоа отворено му кажав што сакам и секако доколку тој кажеше да не очекувам бидејќи тој не сака логично е да прекинеме и да не си го трошиме времето.
Како изброја дека си во посериозна фаза во животот? За нас си незреала сеуште, и пак си бладаш.Ај ќе те читаме во свекрви и снаи за брзо Вака сите жени што се залетуваат “брак,брак..” за брзо време очекувањата им стануват ноќна мора.
И да запросиш некоја, не го правиш само за неа, туку и за себе. Инаку во склоп на она што го филозофираш, сурово е, но и животот е суров. Ако некој толку сака деца, а не може со тебе да има, притоа нема друг начин и не сака да посвои, бедно е да, но може да се случи да те остави. Дали треба, има кој да суди, не сум јас. Ако мене хипотетички би ми се случило, да, ќе го колнам и плачам и ќе го сметам дека е најголемото зло што ми се случило. Но би било негово право да го бара она што го сака. И неговиот живот е единствен. А да знаеш дека не можеш да имаш деца и да знаеш дека тој премногу сака да има свое потомство, нема да биде и твоето себично да го држиш знаејќи дека никогаш нема да биде комплетно среќен со тебе. Многу ти е тешко прашањето и буквално имаш само индивидуален одговор, никаква етика зад истото. И треба да обезбеди мажот куќа, ако не сам, со мене во комбинација. Во спротивно човек што не се бори да има нешто во животот освен комоцијата на своите родители, не е за мене.
Како тоа? И за кого збориш. Ете членката има и имот за продавање и плата и спремна е и домаќинлук да тера. Како инаку се гради дом.
Па и не е избрзано 4 ипол години се доволно за да запознаеш некој.. Ама јас би предложил барем 2-3 месеци без брак да живеат заедно чисто да видат кој каков е кога живеат заедно дали ќе можат да се навикнат на начинот на живот на другиот. Инаку @МерлоМерло прочитав ако не се лажам и дека те поканил да живееш постојано кај него не само викенд, прифати слободно. А и мислам дека ќе те запроси незнам кога, како што ти реков може чека малку да се подзаборавени разговорот за да изгледа како изненадување. Штом те кани на заеднички живот, кажал дека и негов план е брак и има слика од прстенот, планира брак со тебе.
Малце отидовте далеку со муабетот и мислам дека некаде е правен веќе, но имање/немање деца некако ми е муабет за од почеток на врска, како и што во случај да не може. Лично не верувам (не знам, не верувам само) дека и низ ивф би поминувала да треба, не знам зошто воопшто би градела врска со некого за кого деца се пресудни. Никој ништо не го спречува да те остави и да го оставиш, само е малце чкљ ова да е ненаправен муабет и да е единствена причина евентуално, од било која страна.
Среќа во животот не се водам по твоите мислења ти на колку години се омажи на 70? Пак ќе кажам, што посакуваш тоа и ќе те снајде мојата свекрва е мојата мајка што ја немам, а твојат злоба истурај ја на друго место.
Сепак пак ми ја потврди тезата дека си незрела, со оглед дека инаетливо се контраш. Сеуште стојам на тоа дека ова твоите се глупости и прости примитивни размислувања. Премногу си наивна девојко…
@МерлоМерло сосема е легитимно да сакаш брак, деца, дом и се што оди со тоа. Не треба никому да се правдаш за тоа што сакаш и кога го сакаш тоа. Мене не ми е јасно само што совет сакаше да добиеш тука. Ние не го познаваме твојот дечко, колку е спремен за брак и каква е вашата врска. Ние не можеме да ти кажеме кога он ќе биде спремен за наредниот чекор. Сте разговарале за брак, свадба, прстен не ми е јасно зошто не разговарате за временеката рамка кога ќе се случи тоа. Незгодно ли ти е од него не можам да сфатам. Кажи му пример многу од нашите пријатели се верени, мажени и јас го сакам тоа што поскоро. Може летото 2026 да правиме свадба, што мислиш за тоа? Спремен ли си ? Вака директно од него ќе добиеш одговор на тоа што те мачи.
Јас мислам една фотосесија да направат и после секој по свој пат. Еве сега сериозно, мислам дека пиша тука само за да ѝ ги валидираме мислите дека маж ѝ не е доволно маж. Инаку немам идеја како може навистина да мисли дека некој тука би знаел кога ќе ја запроси сечко ѝ повеќе од она самата.
Па проблемот е што таа не знае што тој чека и кога ќе се случи тоа, а и дали воопшто ќе се случи, иако еве и спомнал и тој сака брак. На темава не се задоволувајте со ништо помалку од тоа што посакувате. Ако сами не се вреднувате, верувајте никој друг нема да го прави тоа во ваше име, дури поверојатно е да ве потценува и гази дополнително кога самите не се почитувате. Така што сакате спектакуларно запросување, ок е тоа, искомуницирајте со партнерот. Не сакате никакво запросување, е да и тоа е во ред, разговарајте и за ова. Најбитна е квалитетната комуникација, ако имате исти гледишта уште полесно за двајцата, ако не има и компромис. Но разумен компромис, не компромис од типот како сака едниот, а другиот кој го ферма. За членката јас на почеток помислив е млада и според мои гледишта се уште стојам зад тоа, но откако ја прочитав сфатив таа длабоко посакува се што напишала, но спроти неа има партнер што од некои причини не возвраќа на нејзините желби синхронизирано. И ова знае да прави големи фрустрации што се приметува во некои од нејзините одговори и да создава потајно или јавно незадоволство. И спомнаа погоре, подобро да разреши се со убав разговор и договор, за да не тлее ова вака и пукне после се собирано и таложено со времето.
Девојки… Како се справувате со осаменост? Сите мои другарки се мажија и си имаат деца, имам уште една која е во сериозна врска и веќе се во фаза на земање. Имам 25 години, повеќето од моја возраст и помали се веќе во брак и со деца, воопшто не ми е лесно кога гледам секој ден некој се запросил, свадба правел, веридба, добил дете.. А јас никаде, се чувствувам како никако да не можам да најдам некој за себе. Се чувствувам многу осамено, ужасно, сакам да имам некој покрај себе и да сум среќна.. Од осаменост буквално паѓам на првиот што ќе ми поклони малце внимание, и тоа секогаш завршува исто… Од осаменост буквално почнав да си пишувам и да се договарам за излегување со еден 40 годишен разведен со дете.. Немам другарки со кој што можам да излезам, буквално од што немам што да правам во денот screen time ми е по 10 часа.. Почнав да губам надеж и престанав да верувам во тоа “ќе биде кога најмалце очекуваш/кога ќе биде право време”. Сите околу мене се опсипани со љубов, а јас не можам да најдам ниту еден што би бил со мене повеќе од 2 месеци… Ужасно се чувствувам, болно, осамено.. Ќе речете најди другарки, но навистина нема каде, мало место, плус и не сум многу комуникативна, повлечена личност сум и многу ми е тешко да створам ново другарство, нема ни каде да најдам таква личност. Дали некоја, некогаш била во ваква ситуација? Како се справувате со осаменоста?
Ејјјј више со ова жалопојкиве напорни сте значи. На 25 години колкаво дете треба да имаш ме интересира? Дали бебе или накај школска возрст? Живејте бе живот аман, каков таков, ваш е. Од жалопојките никој аир не видел.
Најди некое ново хоби кое не е само зад екран, излези надвор. Излегувај почесто не мора со некој можеш и сама. Не одиш на работа, факс? По цел ден си дома? Ти сакаш некој дома од фрижидер да ти искочи или да ти тропне на врата и да ти каже "Јас дојдов, дали сакаш да сме во врска". Можеш да најдеш некој и на 15 и на 30г.. Не си престара за ништо, имаш време и за деца и се.
Одам на работа, но само тоа. Лесно е да кажеш живеј го животот, но во пракса тешко е да го постигнеш тоа кога сите околу тебе се во брак и сѐ околу тебе се сведува на тоа. Моите дома буквално глава од ѕид лупаат пошто сите се омажиле а јас сум останала, па и нивниот терет го носам на грб. Не се жалопојки, баш би ми било мило да слушнам некоја што ете успеала да живее среќен живот во ваква ситуација како мојава.
Леле девојче, 25 години имаш, немаш 55, а и да имаш и толку де, не е работата само да се омажиш со првата прилика, па после да си чукаш глава, не ти треба никој за да си среќна и исполнета, најди си хоби, вежбај пример, направи нешто за себеси, запиши се на некој курс, ако си во близина на друг град оди прошетај и таму, ќе стекнеш пријателки за кафе барем, тоа сигурно. И не треба со рекла казала муабети да се замараш.
А зошто да не можеш да живееш среќен живот? Среќата не е зависи од бракот, има луѓе кои што не се во брак и се дупо по среќни, има и оние во брак кои што цел живот седат во тој брак несреќни. Има многу повеќе во животот од брак и деца. Не може да ти запре животот и да се затвориш дома само затоа што немаш партнер.
Добро де, еве некој го афектира кога е опколен со успешни луѓе, а тој тапка во место. Некој е афектиран кога околу него сите имаат пари, тој нема. Некој е афектиран кога сите имаат љубов, а тој нема. Чувството на осаменост нема старосна граница. Сосема и се валидни чувствата. Еве ќе шета, со кој? Сите и се во брак со деца. А пријателства после школски денови се толку транзиторни, што навистина се ретки тие тек што допрва се спријателуваат, освен ако имаат исти интереси. Не е така баш лесно. Јас не знам што совет да дадам, во мое време различно се бркаа дечковци. Ваљда треба да се поактивира на социјални мрежи. Тоа е. Иначе со седење дома и ништо не праење, ништо нема да се случи.
Малечко место, постари сфаќања.. Кога се породи снаа ми, татко ми урлаше дома пошто сите деца имале а јас сум останала така како крава на 25 години, наместо да му е мило. Цел живот сум се дружела со другарки, мало место и сите се дружевме една со друга, сите се омажија, буквално сите до една освен мене, и сега сите ме гледаат како грев, дури и една од нив ми рече жал ми е за тебе, ќе ти барам дечко јас. Лошо е кога си така гледан како црна овца, како да си го разубавам животот во оваа ситуација? Хоби како би помогнало на пример, не знам.. Никогаш не ќе замислев дека ќе останам единствена без никој во животов и ќе бидам на овој начин гледана од сите. Да, и јас сум со тоа сфаќање дека љубовта нема граница на години, и 25 е сеуште младо, но тешко е да си среќен во ваква ситуација. Можеби да имав барем еден, двајца како мене ќе беше полесно. Сама во ваква ситуација е ужасно.