@ArabellaStarfall , ја притиска околината очигледно, мисли како сите така и она треба. А и не знам кој се тоа сите, ко мислиш сите на тие години веќе семејства свои имаат. Лошо е што очајува. Ништо не се постига на тој начин.
Постојат многу места кај што може и пријатели и потенцијални партнери да запознае, а да не е преку со мрежи и сама да излезе. Да почне да спортува, трчање, теретана.. Може куче да си земе, па да го шета.. Може во црква да почне да оди.. Може колеги од работа да покани на кафе не мора кој знае колку блиски да се..
@Sweetie444 Според мене, Имаш еден живот и наместо да си го живееш како главен актер истиот, ти велиш тешко е да го живееш бидејќи сите околу тебе се во брак? Make it make sense. Ти со тие луѓе си легнуваш во кревет, доручкуваш, слушаш музика или како, зависиш здравствено од нив, па е тешко? Не посакувај нешто што го гледаш во туѓиот двор, додека стварно не си го добила, бидејќи работите никогаш не се така како што се чинат, особено не па денешните бракови Советот е дека мораш да работиш на себе многу и да си ја смениш околинатa на влијание. Што ако дома така велеле, големо чудо. Игнорирај! Ако можеш и пресели се Мораш да се сакаш многу повеќе, да си инвестираш во себе, да си го пополниш времето квалитетно и само со ваква правилна енергија ќе си го привлечеш тоа што е вистинско за тебе, вклучувајќи го и вистинскиот партнер. Бидејќи ако си очајна, се споредуваш и психички се тепаш самата себе, бргу ќе привлечеш работи и мажи кои само ќе ти го направат животот помизерен
Да, околината ме притиска, тоа што сум единствена црна овца останата сама. Ме жалат луѓево, во буквална смисла. Сето тоа ствара осаменост, затоа што немаш со кој да излезеш, да направиш муабет, да патуваш.. Тоа ми беше целта на постот, осаменоста и како да се справам со неа во ваква околина..
На нивните желби им нема крај уште немаш влезено во loop-от и подобро, после ќе биде кога дете, па зашто не две итн итн. не се замарај со себични личности.
Во помалите места менталитетот е посебна приказна. Сум била по свадби се 23-24-25 год. дел од нив се уште недипломирани, ама стан обезбеден, свадба платена од други нивно само да се појават и побрзо да се скрасат, друг/друга да не им украде. Ај што пола од овие бракови се тешка грешка, ама што ќе речат во малото место нажалост побитно од се. Друго да се шушне муабет за тој/таа по некојси замислен основ сите почнуваат заобиколување. Да од култура ќе те поздрават демек во стилот секој со секого си живее, ама да те дружат тешко. Совет до членката да прави тоа што искрено ја исполнува, да цели кон нешто што вистински и ја полни душата со позитивна енергија и секогаш да не идеализира врски/бракови често не е се идеално во нив. И подобро сама, среќна и исполнета отколку да се исполнува нешто што е наметнато и клише. Се си доаѓа на вистинското место со тек на времето.
А зошто само не се преселиш сама да си живееш макар и под кирија, можеш и во друг град? А и да имаш деца секогаш ќе се најде некој да ти каже што ти фали.. Ете мене една рандом баба ми кажа како девојката моја не била за мене затоа што сум бил висок требало да најдам некој по висока, поради мене високите девојки ќе останеле немажени и што сега треба да ја послушам?
@Sweetie444 Можеш и да посетиш психолог, ако мислиш дека би ти било потешко сама да изградиш цврста самодоверба и посилна психа. Ама дефинитивно веќе не барај изговори зошто подлегнуваш на притисоците од околината. Сама одлучуваш како ќе се чувствуваш и што ќе прифаќаш. Нивно е што притискаат, твое е да не ги перцепираш. Плиз, 2025 е, мало или големо место, people talk always & forever, зошто им се тресеш на вакви будали? Да знаеш дека можеш да си 25, омажена со 3 деца во првооделение, да работиш и да готвиш и да си најубава и најдобра и пак ќе се најде некоја Славица која ќе рече дека џабе ти е сè, бидејќи нејзината Славица Џуниор има 5 деца и сите се на Хардвард Значи пронајди си го своето "Јас" кое си го закопала таму некаде во себе и почни да го користиш
Обавезно, ти па како не си ја послушал до сега? @Sweetie444 не може никој на светот да те сожалува ако првично ти самата не се себесожалуваш. Еве пример една познаничка ми вели те сожалувам...јас поима немав дека така и сече кликерот. И кажав дека поима немав дека до толку се потресувала на тема која мене лично не ме засега на начин на кој неа ја засегнал во туѓо име. Ликови со празни животи ми се само изгубено време и ако порано сум премолчувала сега им го покажувам местото, па се држат понастрана. Биди среќна со своето и сите нека се со своето. Спомнаа погоре притискало ова-она, не притискаат личностите туку желбата да се поистоветуваме со нив, нивното, туѓото без да знаеме дека можеби тоа не е за нас. Исполнета личност нема време и простор за тоа, вложува во себе, размислува и работи на друга фреквенција. Со тоа се менуваат и креираат нови животни околности.
Немој да дозволиш околината да ти го искреира животот што не го посакуваш, баш заради тие притисоци и коментари. Седни и размисли убаво што посакуваш од животот и постави си цели и исполни ги. Ама тие работи и желби што ги посакуваш нека доаѓаат од твојата душа, а не од коментарот на другаркати, таткоти или стрина ти. Твоите чувства се нормални кога живееш во таков притисок од околината. И јас ги гледам секој втор ден како се мажат, раѓаат второ дете па нек им е со лесно ми е гајле мене шо јас не сум уште омажена( помалце едно гајле) има време за се ако се има желба. Побитно е партнер да најдеш што е на место и што ќе ти одговара на тебе,а не да направиш фатална грешка од брзање само да не останеш покуса да ги исполниш општествените правила и норми. Секој има различен пат во животот и тоа е сосема во ред. А, осаменоста и не толку лоша кога ќе размислиш, има големи бенефиции за развиток на твојата личност. Отргни ги туѓите гласови во твојата глава и почни вистински да се слушаш себеси.
@Sweetie444, малце вака директно ќе ти кажам ама фамилија и другарки што лупале глава од ѕид, те сожалуваат и тако даље, не ти се ниту другарки, ниту фамилија. Појди од тоа, дека они НЕ се во право што ти вршат притисок и затоа нема ни ти зашто да се осеќаш лошо и неисполнето ради ова. На другите во животот нема никогаш да им угодиш, ама никогаш. Секогаш некој ќе ти најде маана, колку год да бидеш идеална Ако не си го запознала вистинскиот, значи уште не се појавил. Не знам колку излегуваш, на работа како ти се односите, али твое е да речам да ете се дружиш со прави луѓе (не ко овие што те жалат), да си живееш како ти се осеќаш најубаво, без да форсираш и брзаш ништо. На крај на денот, иако ти се чини страшно да си сама, поарно сама и касно омажена него со погрешен партнер. Страшни хорори се дешаваат оти жени седат во врски и бракови заради комшиите, така да верувај ми, самотијата и не е толку страшна како што мислиш. Јас и сама одам по некои јавни настани, еве пошто сум рекреативен тркач, имам и така запознаено луѓе али моево чисто на муабет останало. А ти зависи каде сакаш да излегуваш ама ти кажувам, и сама да отидеш некаде за да запознаеш луѓе, скрос нормално е.
Прво, најди си стан и работа во друг поголем град. За да се тргнеш од заостанатите сфаќања на твоите дома. Друго, смени ги другарките. Чим те жалат шо не си омужена, не ни ти се другарки. Ма одјеби ги сите и терај патот, живеј си го животот.
Најсериозно, смени ја средината. Не мора ни физички, барем умствено почни да се изложуваш на други ставови кои нема да бидат...ова. Треба да се опкружиш со луѓе на кои не им било цел на 18 години да се омажат и тоа да им е секојдневието. Не знам дали работиш нешто и каде живееш, ама можеш да почнеш барем со некаква мала промена. На пример некаква независност од твоите, барем во советите за твојот живот. Крава на 25 години зашто си немажена? Немам коментар, тоа не треба ни да го перцепираш како звук колку е заостанато. Инаку и јас сум твоја возраст и мене ова што го пишуваш ми е многу страно. Не те осудувам што се осеќаш вака, нормално е кога си под таков притисок, ама не смееш ни да дозволиш да попримиш менталитет на 75 годишна вдовица. За твое добро, стварно не очајувај.
Девојче, те замолувам да си најдеш некое хоби и смени го друштвото. Немаш потреба да се осеќаш вака, тоа ти зима енергијаБило што запиши се на спорт, курс за странски јазик, хор, свирење инструмент, глума. Има прекрасни активности што можеш да ги правиш во текот на денот. Зошто да си несреќна поради другите? И да се споредуваш со нив? Искрено, ми е жал што се чувствуваш ужасно. Но, млада си уште, ќе си најдеш некој. Трпение треба и сеуште не си го пронашла вистинскиот и не е страшно тоа, нити е срамота. Уживај во животот. Мој совет е: Не се споредувај со други - битно да си ти среќна
Барај стан под хитно и отсели се, чим идеш на работа си финансиски независна. Инаку ништо нема да се смени, за жал! И редуцирај го контактот со нив, се гледа дека твоите психички те ставаат под притисокдо нив е проблемот. Зошто си го дозволуваш ова? Доволно си зрела да одлучуваш за себе. И нека престанат твоите да се понашаат како да си мало детеколку се нервирам со такви прости луѓе (извини вака) И шо сеа?! Ќе пропадне светов. Колку страшно, сите биле мажени само ти не! Ај трк првиот што ќе го сретнеш На улица да ти стане маж и однеси им го дома. Бог да чува. Еве мајка ми знае дека не ни размислувам да имам деца. Нема ни да очекува толку, ти одлучуваш кажа. Многу си е кул женатаНе правеше драми како твоите дома!
Не се преоптеретувај со тоа и не потпаѓај на туѓо и домашно влијание, бидејќи така само повеќе стрес ќе имаш. Не знам колку години имаш, но и да си над 30, не се оптеретувај до толку. Секогаш оди со позитивна мисла, биди расположена, дружи се со луѓе, запознавај нови и уживај во животот.
Познавам едно типче сака да се жени што поскоро. Оди на работа, па во кафана сака да пие, редовен е и во кладилници и казина зашто сака да се коцка. Прашај го татко ти што мисли за типов ако одобри да средиме работа /сарк
@Sweetie444 Тебе околината ти влијае, ти ствара притисок и веројатно успеале во намерата да форсираш нешто што не е толку едноставно. Не е само да се омажиш, не е само да најдеш партнер колку да не си сама, туку поентата е и да го најдеш и вистинскиот а не првиот што ќе ти симне звезди и готово, тој е тој. Кога ќе дојде вистинскиот, кога ќе кликнете, се ќе си дојде на свое место а до тогаш цени си ја својата слобода. Велиш дека имаш работа што е супер што си финансиски независна и не зависиш од други, и ќе те советувам како што те советуваа и другите: Замини си од таа токсична средина додека не те уништат, пресечи контакти, поработи на твоето здравје, и игнорирај ги коментарите од околината. Прочитав дека си од мал град, и јас сум, и знам како ти е, мал град малку повеќе затуцан менталитет со заостанати размислувања. Јас одамна престанав да ги слушам, воопшто не посветувам внимание и си терам како сакам со мојот живот. Ти управуваш со твојот живот, не околината.