Потполно те разбирам. Не си единствена, многу луѓе се осеќале така и минувале низ ова. Би ти рекла да не се споредуваш со другите и да не се замараш толку која кога се омажила, пошто сите ние сме различни и не го живееме животот по исто темпо. Некоја се омажила на 18, некоја на 25, некоја на 55 итд, сѐ си е тоа океј, сѐ си е нормално и сѐ во свое време што би се рекло. Луѓето секако ќе зборат, што и да направиш, пак ќе се најде некој што ќе има нешто лошо да каже. И ја сум на твоја возраст, и колку и да се осеќаме некад ко да сме ,,престари" верувај дека цел живот е пред нас и ништо не е изгубено. Искористи го тоа време додека си сама да се пронајдеш себеси, да откриеш што те прави среќна, што те исполнува, било каква физичка активност, хоби, било што. Нешто со кое ќе ти биде исполнет денот. И колку и да звучи клише, што е твое стварно ќе си дојде, ама мораш и ти да се потрудиш да го пронајдеш, да не се откажуваш, да не се затвараш во себе и да им дадеш шанса на луѓето. Како што ти кажаа и погоре, нема ништо лошо во тоа да искочиш и сама да се прошеташ за да запознаеш луѓе. Со седење дома ништо не можеме да решиме. Ти посакувам среќа
@Sweetie444 Ако ти е полесено и јас сум во раните 20ти години па и јас немам дечко, всушност и не сум имала врска. Имам една единствена другарка од основно со која што се гледам само преку лето и тоа 5-6 пати. Ама знам да излезам на кафе со колешки од факс и тоа не мора да се дружам кој знае колку со нив. И да тоа од скоро од кога почнав да работам на себе и со го сменив маиндсетот. И јас како тебе често истиве прашања ме мачат, доста пати и јас се жалев на форумот. И ми доаѓало да прифатам било кој само да не бидам сама.. Прво работи на себе, седни исплачи што ти лежи на душа после стани и почни да работиш на тебе. Почни од нешто мало, што знам стани среди си ги веѓите, стави си маска на лицето, нашминкај се, налакирај се, среди ја косата, направи си генералка или било што што те прави среќна. И еден мал совет, мене многу ми помага кога и да ти дојде мисла дека мораш да се мажиш и да прифатиш било кој само влези во темата "снаи и свекрви" или "брачни совети" прочитај 10тина страни нема цел месец да ти дојде желба да се мажиш.
Да. Мислам дека јас ти помагав еднаш со совети на темите. Чим те опоравивме тебе, ќе ја опоравиме и неа. Само со прави мисли и ќе се среди.
@МерлоМерло За 27 годишна особа не мислиш дека размислуваш малку повеќе детињасто? Зошто ги присилуваш работите? Кога и да биде, ќе биде. Тебе единствена цел во животот ти е запросувањето? Или сега гледаш дека сите твои/ваши пријатели се запросуваат, женат, мажат и ајде и ти?! Фокусирај се на себе малку околу созревањето. Имаш куп совети изнапишани, тие што ти одговараат ѓи прифаќаш, тие што не се расправаш. Плус, дали за тебе означува МАЖ само оној кој може финансиски да те издржи тебе и 4/5 деца?
Не се разочарувај. Јас на 25г прекинав со екс дечко со кој што бев во врска од мои 17г. На 26г се запознав со мажот ми со кој после 3 месеци ми даде прстен, се венчавме и се уште немаме свадба правено. Има време. Како и да е, дружи се, уживај во животот, краток е, нема време за разочарување! Продолжи напред, што треба, ќе си дојде!
Прво, тоа е твој живот и никој нема право да те притиска и да ти зборува нешто за тоа како го живееш, дури ни родителите. На твое место едноставно би уживала во животот. Ново хоби, курсеви за усовршување, книги, шетање...се што те прави среќна. Мојот личен пример ќе ти го дадам - на таа возраст моите другарки сите беа омажени и со деца. Значи и јас бев црната овца во друштвото и искрено, многу ми беше убав тој период, оти бев без обврски (не ја сметам тука работата). Во мал град, кај што сите се знаат, сите знаат кој број гаќи носиш, не па друго, мене ми беше супер да бидам се' она што другите не беа. Не се затворив дома, ниту дремев на телефон (добро, тогаш немаше вакви смарт телефони, обични мобилни беа), излегував сама, си најдов ново друштво, шетавме по други градови низ државава (неретко визи требаше за да одиш некаде надвор), а често и сама шетав. Не дека не ми збореа луѓето околу мене, чинам ко да им беше тоа работа, ама јас само кимав со главата и велев дека ќе биде. Еве ме, после 20 години, мажена, ама не со било кој само колку да се омажам. Не се форсирај и притискај себеси дека мораш да бидеш иста како другите по секоја цена, ти си индивидуа со желби и потреби што не се исти како на другите луѓе. Да ми се сега твоите години и твојата слобода, има да се изнашетам по светов. И сама, зошто да не? Па има шанси да запознаеш некого, може и ќе се мавнеш од таа токсична средина што поставува правила како да живееш.
Ти сама ако не се справиш, никој нема да ти се справува со нејзе. Осаменоста е често нешто лично, односот која го имаш сама со себе. Кога ќе си го живееш животот таков каков што ти е, никако усилено и изглумено и те како ќе почне да ти се средува. Ама ако се трудиш да го пофатиш редот за да задоволиш „роднини“, тогаш дефинитивно си на лош пат? Многу огромна грешка е да мислиш дека осаменоста се решава со партнер.
Не знам што е ова во последно време , еден грк откачив на Инстаграм , друг ми пиша , па што е најтрагичното во Скопје живеел??? Мислев ме зеза нешто ама ми прати слика , се гледа дека не е фејк некој , демек тука работел и БЛАБЛА јас Грци не сакам не политички ама не знам чудни ми се како народ , овој ми пишува ок делува ,ме викна на кафе ако сум сакала да излезам , ми пишал ќе ми биде тешко ако не искочиш овде и онака ми е тешко хаха ок не е смешно ама...дечково никој наводно не знае овде и сум му делувала симпатично и сакал да излезе и да му го покажам градот не му се шетало сам ...што да правам, да излезам ли на кафе ? Сликата кај што ми ја прати е некаде дека живее во центар на Ск не верувам дека лаже нешто ама сепак ..да не биде се одбивам не знам ...
е ништо што не ево рамките на нормалата...секој сам кога ќе појде во друга држава верувам дека би сакал да најде друштво со кој би прошетал, пиел пијачка, би го запознал градот па се до шемање...така да твој е изборот што би правела и до кај би одела, меѓутоа во понуеното нема ништо трагично и необично
Доколку не си сигурна сметам дека е подобро да продолжиш да комуницираш на инста за почеток, да откриеш некако дали би ти одговарал па макар и за дејт… Од тоа што имам сфатено е дека не се троши време и за безвезни дејтови со досадни луѓе
Овој како да ти паднал од небо шала на страна. Можеш преку ден да излезеш на едно кафе ако секако ти сакаш ем така ќе го запознаеш ем ќе му го покажеш нашиот прекрасен град, а ако немаш никаква ама баш ни ронка желба тогаш откачи го.
Две години ќе биде во Ск а веќе е 6месеци ми е чудно толку да не го знае градот небаре Париз сме ,ама ете мене ми падна во очи тоа што ок пишува и тоа што ми пиша сам сум овде стварно сакам да запознаам некој ете ако ништо друго на кафе да излезам дека никој не знаел и му било страв да не се изгуби , си мислам и јас утре ден така да отидам некаде и да не сака некој да излезе не би ми било убаво хаха ама секако ќе оставам да видам понатака како ќе се понаша , Грци не сакам воопшто , во право се тие што викаат тоа што не сакаш тоа ќе те најде
Се допишувам со еден дечко , наводно сериозен бил сакаше да се запознаеме и јас сакав и уште сакам или не , не знам , се беше ок , додека нешто се пошалив не се сеќавам што точно беше и он на тоа ми врати ''а кога зборевме на телефон , како да зборам со некоја фалична и помалце убава од сликите на фб'' викам, молам ? И после ми рече демек се шалел.. сериозно размислувам дали да излезам со ваков ? Искрено се навредив .