Можеш да живееш многу поразличен живот ако направиш switch во својата глава, пошто мене ненормални ми се тие што се зимаат на 25 години, да не зборам за помлади. Упс. Многу ретко кој е во навистина среќен брак, повеќето само нејќат да се сами и мислат дека природен тек е да мораат да се земат со некој, па тоа го прават.
Пошо мисли дека секој е неиживеано размаено детиште на тие години, кое најголемата грижа на свет му е у која следна дестинација ќе се сликне и кој филтер ќе го обајви за на стори. На тие години се шета само, се лумпува, какво мажење/женење, строго над 30 таа работа.. Се забегува со мислењава.. Абе ало, на 25 сте толкави возрасни магариња, не сте 15 годишни ко шо се мислите. Зашо вака се иде од крајност у крајност..
Времето сега не е како порано, се зимаат на 25г или помали, прават деца и после ајде не ми чини, разводи најлесна опција ќе бараме родителите ќе ѓи умираме од нервози. Созревањето на денешницата малку по бавно оди.
Само сакав да кажам дека се е до перспектива. Повеќето од моите пријатели и јас сме сингл и далеку од брак, па ми е необично кога некој се зема на 25, а девојката се депресира заради истото.
Ако идеме според ова, некој и на 30, па и на 40 нема да е спремен, ќе е "мал" и слично. 25 воопшто не е рано, таман си е, кој сака и е спремен. Така кажи, а не ненормални биле. Знаете дека со ова на некаков начин им давате зелено светло на партнерите никад да не пораснат и созреат?
@Mrs. right "Не сте 15, 25 сте". Епа 25 се де - буквално супер млади луѓе Како ако некој на 25 сака да патува по светот, да се забавува и да се слика е неизживеан или размазен? What? Исто како што не значи дека ако некој на 25 стапил во брак и има 2 деца по автоматизам е епитом на зрелост. Колку само млади стапуваат во брак да избегаат од токсичен дом, па заглавуваат во друг. Или се женат бидејќи така сите правеле, од дома така им велат или мислат им заминал возот - ништо од ова не е зрело. @Srckata28 Буквално не кажа ништо погрешно, особено бидејќи советот и беше наменет за Свити, која има потреба да слушне дека nothing's wrong with her. Дека не е крава како што и велел татко и или по твое возрасно магаре и дека постојат и други патишта во животот, покрај брак на 25
Пааа, многу се такви Баш размазени ама баш. Додека неиживеаноста не се мери по тоа колку си или не си прошетан за жал. И не знам шо само погрешно се разбираме, не реков ако се земале дека зрели се. Или обратно. Срцката скроз осудувачки го напиша, бар така звучеше. Инаку секој со своето нели. Секој избира свој начин на живот.
Дечки, здраво Порано пишував со еден дечко , стварно беше фин и се тоа , ама проблемот е што јас деактивирав ФБ , ние се имавме на Вибер сега нешто ми текна на него, ама гледам декативирал вибер а од кај мајка ми видов дека има ФБ сеуште пишува не е во врска , како да му пишам пак да бидам во контакт со него ? Немам фб , што да правам стварно многу беше ок дечково иначе немаше да го мислам
Пиши му од кај мајка ти ебаго, толку ли е тешко една порака да пишеш дека си ти и дека сакаш контакт да имате ако е возможно.Или другарка шо има фб или другар, зашо сте бе толку не снаодливи, се човек да ви изџвака
Да бе најсериозно, или од другарка или другар шо имаат фб, или ако сакаш толку дискретно прати му порака преку гулаб. Порака човек, едноставна, јас сум таа и таа, ти пишувам од тука и тука бидејќи немам фб, а сакам ако е возможно да воспоставиме повторно контакт, користам тоа и тоа, би ми било мило доколку ми пишеш.
Па може и курс за телепатија да завршиш и да искомуницирате , ама ко што гледам и за поедноставни работи си скептична Мислам, мене ова со телепатија ми е многу поелегантно решение
Јас не би ти вратил, ко шо мене не ми врати една пошо ми текна од досада по извесно време да и пишам.