Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    ^^^ babyblond ти се собрало.... Чекор по чекор.
    Најпрво напиј се аналгин, спазмекс или што имаш по дома против болки оти во вакви ситуации најмалку ти треба уште физичка болка да трпиш.
    Дечкото ке патува без разлика дали ке мислиш на него или не, па стисни пауза на дој дел и фокусирај се на поважните и поитни моменти. Следното е да се спакуваш бидејки мора да одиш за Скопје. Во меѓувреме посети ја мамичка. Се надевам дека е добро и дека не се работи за нешто сериозно. Посети баба, братучетка, тетка, некој од семејството што ти е близок, колку да промениш средина и направиш муабет на било која тема. Тргни за Скопје со убава мисла, дека почнуваш ново, според мене најубаво поглавје од животот.
    Работите што ти ги кажал дечкото не се сомневам дека ги мисли, сепак сте заедно повеке од година но моментот на разделба ги интензивира емоциите. Времето ке покаже дали ти раскинал за да те заштити или ти раскинал бидејки сака да го живее студентскиот живот слободен. Ако постои љубов и ако сакате да останете заедно, не е невозможно. Навистина ке видите за 3 месеци како ке се чуствувате, ке оди или нема да оди. Ке влезеш во машина: предавања, вежби, учење, кафиња, излегување и 3 месеци ке поминат за час.
    Во слична ситуација беше другарка ми, само нејзиниот дечко отиде да учи 4та година во УСА. Во тоа време немаше интернети и фејсбуци (лелеееееее, колку сум стара :worried: ) па врската се сведуваше на телефонски разговори секоја недела попладне. Пред да оди дечкото и раскина со истиве муабети. Оваа плачеше со денови, ај се смирија, згора на се и ја скина пред да оди и кога се врати после една година, беа тотално оладени еден за друг - обострано. Значи изгубено драгоцено време..... Не велам дека и кај вас ке биде истото ама можеби вака е најдобро, гледај напред, незнаеш што ке донесе утре.
    Со среќа!
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Ако веке се дружите, излегување на кафе не би требало да претставува проблем. Покани ја па ке видиш како ке тргнат работите, може ке почуствуваш некој вајб... Само полека, не брзај.
     
  3. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Shana, ти благодарам многу, навистина ми требаше подршка од некој. Бев ја посетив мајка ми, и потоа отидов го испратив и дечко ми, се разделивме, насмеани како утре пак да се видиме. Сепак знам дека ни нему , не му е лесно, ама ете гледа на светлата страна, се слушнав и со цимерката кој ме чека во скопје, ми се јавија и многу колеги, кои одвај чекаат да ме видат, тука е и возбудата за првиот ден на факултет, првите предавања познанства итн. И ете сега се чуствувам подобро, пијам апчиња на секои 4 саати, бидејќи овој циклус ми е мн болен поради грижите и стресот, но Секогаш кога ќе одам во Скопје, се чуствувам како нова. Знам дека се ќе биди во ред :)
     
    На Shana и LivingGlam им се допаѓа ова.
  4. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    babyblond Би сакала сите овие совети што ги добиваш од нас да имаат влијание на тебе и што побрзо да ти помогнат да излезеш од ситуацијава.
    Тебе не ти е тешко само заради дечкото туку и еден куп други работи. Ама гледај на тоа дека се е за причина и тоа јака причина која сите овие непријатни ситуации ке ги поткрепи и оправда. Тоа со мајка ти се надевам дека што побрзо ке се оправи, сепак ти тука мора да с епокажеш доста јака, зашто таква и требаш неа. Ке заминеш за Скопје, ама со тоа имаш и мн други можности, за да полесно го поминеш периодов. Од една страна на сето ова гледај како тест з авашата врска, дали таа била тоа што ете и двајцата сте го мислеле дека е и плус тоа нека не те мачи тоа дали ке останете до крај на животот заедно или не, сепак луѓе сме се се случува, може ете ке запознаеш некој, можи тебе ке ти се пружи шанса да заминеш, се биднува . На крај краева и нема тука што да ти е тешко, сепак технологијата денес е на највисоко ниво досега, можеш дури и секојдневно да се слушаш со саканиот, знам дека не е тоа тоа, ама ете колку да помине времето док не се видите повторно. Тоа што тој немал никој таму, најмалку да те секира , зашто секој знае да се снајде во различни средини без гајле за тоа. Сега што е најбитно да си го сочуваш здравјето, и нервите, зашто веруј и те како ке ти требаат посебно за на факс :!: .
    И за крај, за врската мисли на неа како најубаво нешто што ти се има случено во животот до сега, радувај се што имало некој покрај тебе што те направил посебна, радувај се на тоа дека си имала убава врска. Биди горда на тоа. Биди горда на себе што цела година си дала љубов некому и си го направила посебен. ;)
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  5. taj4i.18

    taj4i.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Пред една недела си фатив дечко и се беше убаво, се гледавме секој ден и уживавме додека бевме заедно. Но вчера тој ми раскина затоа што јас не сакав да имам односи со него, едноставно не се чуствував подготвена а и имав добиено. Би сакала ваше размислување дали е во ред после една недела врска да се има односи со дечкото ? јас мислам дека е прескоро но ете можеби грешам :( се надевам дека ќе ми дадете некој совет :/
     
  6. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Кај секого е различно. Малку рано или прерано се зависи од тебе. Според мене би било рано. А и според тебе гледам. Рано е кога не се чувствуваш подготвен-а. Затоа нека не ти биде мака и најди си некој кој ќе те почитува тебе и секоја одлука што ќе ја донесеш.
     
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Каков совет бе девојче? Да му се извиниш што си добила менструација, да го замолиш да не ти раскинува, да почека да ти заврши па да можете да имате секс?
    Бегај подалеку...
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jannaq

    Jannaq Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Pred nekolku nedeli se zapoznav so edno sovrsheno momche! Prekrasen e i po karakter i po izgled! Sve shto sum sakala.. no za zal ima devojka.. celovreme mislam na nego.. imame iskocheno 3 pati do sega.. ama mnogu kratko, ovoj petok treba ubavo da iskochime.. no sepak ne sme sami.. Ve molam kazete nekoi soveti da ne bidam tolku opsednata so nego! Dali da go chekam da raskine so devojka mu?! Shto da pravam??
    [mod-kirilica:worried:k41msbp][/mod-kirilica:worried:k41msbp]
     
  9. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам WildCherry секако дека имаат големо влијание советите. Инавистина се чуствувам горда инавистина ми беше убаво, тоа ми беше најдолгата врска досега и најсреќната. НАјповеќе ме боли тоа што сум свесна дека всушност тука е крајот се што би се случило во иднина би било минливо меѓу нас,односно попатно, кратко. Секако дека ќе учам и ќе се дружам, и цело време се покажувам храбра пред моите, една солза немам исплакано пред нив иако ми е многу тешко и ете се држам, па од утре нов лист , се разбира. :) фала , за мислењето, навистина ми значи. Се најубаво ти посакувам!
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  10. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Дечкото ако те сака ке те разбере дека не сакаш сега и дека мислиш дека е рано и дека имаш добиено! Според мене милам дека дечкото сака да те искориси но сепак ти си знаеш! Поззз
     
  11. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Тајчи тој не само што е идиот туку нема почит кон тебе.. малце да имаше никогаш послем една недела немаше да ти бара такво нешто!!
    Под хитно да се тргнеш од таков сељак...
     
  12. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.722
    1.Тоа што ви било убаво било само маска на сето што следува, верувај дека уште кога сте се фатиле тој размислувал да има односи со тебе , не е тоа туку така.
    2.Раскинал, раскинал. Ќе си најде друга гуска за кубење.
    3.Признај дека немаше да ти биде убаво ако тоа го направеше под притисок . И сама ќе знаеше дека ти не сакаш тоа да го направиш туку само заради него ,така да, биди среќна што ти раскинал . :?:
     
    На Boka.A му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    25.241
    Пол:
    Женски
    Ти се свиѓа карактерно велиш а? Што ти се свиѓа во карактерот негов, тоа што има девојка а ваму излегол и со тебе и тоа 3 пати и плус сега у петок пак?
    Последен пат на истава тема советував девојка како тебе, дека и да го добиеш него откако ке раскине со женска му истото ќе ти го направи, ке те остави на крај за некоја со која ке излезе неколку пати..разбираш нели..
     
    На Dulceee му/ѝ се допаѓа ова.
  14. leonoraa

    leonoraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    здраво дечки на сите секогаш кога имав потреба бевте тука се надевам дека и сега ке ми помогнете :( имам дечко во сабота правам свадба а јас пак плачам секој ден :( со дечко ми имавме многу проблеми имав многу навреди од негова страна што јас се одалечив од него и почнав да контактирам со еден преку интернет но нашето прерасна во нешто многу повеќе од другарствоо со негоо мислам дека се залубив и тој во мене тој знае ја знае мојата ситуација и спремен беше да бидеме заедноо но под притисок од најблиските се омажив на 03.09 на 04 .09 ме фати мажот како зборувам со него не телефон ме удрии таа вечер бев не болницаа лежев но пак ме вратија кај негоо и ако има 2 недели јас не можам да дозволам да ми се доближи уште мислам на негоо тој сегаа почна да не ми збории ми велии да не си правам проблемии самата себеси неговото семејствоо не сакат да биде сооо мажена жена но ние сепакк двајцата патиме јас сумм со човек што не го сакам ии не знам какоо ке продолжам понатаму // два дене пред свадбата се сретнав со негоо мемолеше да бегам со негоо но страфот не ме пуштии...ве молам некој совет мисламм ке полудувамм
     
  15. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Ако ти е толку неподносливо со тој што си омажена јас би те советувала да се разведиш одма, без разлика дали ќе бидеш потоа со тој другиот.
    Подобро сама да останеш отколку цел живот да ти биде пекол со некој кој не го сакаш, башка маж ти сега знае за тој другиот и сигурно ќе те малтретира нон стоп за тоа.
    А ако мислиш дека сепак можеш да си го спасиш бракот, да почнете одново и да си ја повратите љубовта, не се разведувај, разговарајте и договорете се со маж ти.
    позз и среќно
     
  16. Jannaq

    Jannaq Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Јас сум нова тука, и се извунувам за моето предходно отварање на непотребна тема, меѓутоа сепак не добив одговор... Како би можела да го запоравам тој што ми се допаѓа, барем на момент само.. Бидејки има девојка.. И дали е лошо ако пробам да му го освојам срцето? Зарем е лошо ако пробам?!
     
  17. taj4i.18

    taj4i.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Да, ќе се чуствував присилена затоа што правам нешто што не сакам само за тој да остане со мене а и знам дека следниот ден ке се каев за тоа што сум го направила :worried: . Инаку еве сега овие денови ми пишува пораки дека многу се избрзал дека ке почека поубаво да се запознаеме и бла бла.. но ке размислам дали да му дадам втора шанса :^)
     
  18. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607

    не знам што е поголем проблем тоа што маж ти те тепа или тоа што ти си со него ама не го сакаш... како тоа немаш малце достоинство па дозволуваш да лежиш во болница? или си присилена да се мажиш со него? јас стварно не разбирам па ако сакаш да си се вратиш дома не верувам дека твоите не би те прифатиле назад? ова само од тебе зависи дали ке сакаш цел живот да ти се упропасти или ке направиш нешто за да си се спасиш себеси..
     
  19. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Девојкава пишуваше на оваа тема уште пред да се омажи и колку се сеќавам е од албанска националност,така што во нивната вера, сеуште постојат некои сфаќања кои ја обесправуваат жената и нејзините права.
    Како и да е, јас не би знаела овој пат што да те советувам.И покрај сите твои напори,семејството твое не те прифаќа назад и немаш поддршка од нив, а сега веќе немаш поддршка ни од семејството на овој другиов што го сакаш.Во секој случај, немаш многу избор.Сега веќе е доцна.Си требала да бегаш пред свадбата.А сега работите се покомплицирани и на некој начин стануваш и прељубничка.
    Само ќе ти посакам Со Господ Напред!
     
  20. leonoraa

    leonoraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    да многу доброо се сеќаваш имам пишувано и пред да се омажам знам дека сега е доцна за сее јас немам кај да се вратам никде немам подршка тој што се залубив имаше проблеми со семејствот што е принуден да не збоприии со мене има страшна контрола дури надвор ен го пуштат ..а јас пак тонан секој ден со проблемии ии со тоа дека живеамм со некој кон кој немам чувстваа..тоа ми пречии најмногу не знам кај да се обратам да се спасам..