Па реално, не сте биле во врска. Не разбирам како мислиш дека сте имале врска и љубов, а никогаш не ти се јавил и сте се виделе пет пати.
Превземам одговорност да ти ја кажам вистината на прост, груб начин: Вие не сте пар, тој не ти е дечко! Ти го гледаш него како твој дечко, тој тебе не те гледа како твоја девојка.
@Ane_na_Bisera16 како што кажа @Alek90. Така е, без многу заобиколувања но знаеш јас што мислам? Ти си во предност... си била искрена, си го сакала, си го гледала како свој дечко. Нормално е да ти е тешко сега, ама ќе помине. А тој на 40год. Со тој детски ум незнам до каде би одел. Некогаш за искреноста е потребна голема храброст, поголема отколку за лагата
Нема за што некогаш е доволно само да знаеш дека ти си сакала, си била искрена, сето тоа е човечки. Некои луѓе не се способни ни за тоа... за жал.
@Ane_na_Bisera16 мој совет е да не си го губиш времето. 7 дена му се многу за да не ме побара и да ме праша дали сум добро а не 7 месеци. Цени си го времето.
Очигледна му е причината зошто не се земал. Пак ќе ти кажам, не ти треба да си губиш време, секад постои по добро. Се гледа дека господинот е не сериозен. 7 месеци се и многу. Од него не очекувај ништо.
Pa da nekoj decko se kje pravi za devojka nema da ja ostava I da naogja izgovori, sepak vi blagodaram feminki za podrska I za soveti sto bilo do mene se sum napravila ne moze na sila trebalo vednas da se prekine uste od start.
Знаеш како е тоа, за друг лесно е да видам како оди ситуацијата, за мене премногу сум заслепена да прифатам. Уживај си во животот, такви токсики не ти требаат што не те вреднуваат, многу повеќе вредиш од тоа што мислиш.
Некогаш боли нештото и тешко е да се прифати. Само време за се. Како велат: "дај му време на времето". Ова деновиве ми се врти во глава... има секакви, човек на знае на што ќе налета ете.
Те разбирам и ја разбирам и членката. Барем еднаш сите сме поминале низ тоа. Сепак како што велат исто така, времето лечи се.
Дали сте биле некогаш опседнати со некој? Буквално по цел ден висам на фејсбук и влегувам само за него, го чекам да се уклучи( често влегува) ,на секоја минута му го проверувам статусот, ако го нема па една грижа зошто го нема. Станав опседната со него. Не можам на ништо друго да се сконцентрирам. Хелп
Јас не сум бил, но ова го сметам како лош чин. Можеш да си створиш контра ефект и наместо да се споите, ќе се одвоите.
Учиш,работиш нешто?Хоби некое.Толку е вреден да си го трошиш цело време.Да ставиш некој што си пишуваш пред самата себе?
За да не си правиш потешко да ти биде, запознај се поубаво и собери храброст да му пишеш да се видите или заобиколно/индиректно кажи му, па ако е заинтересиран за тебе и самиот ќе те покани да се видите. Ако не бидне ништо, нема потреба да очајуваш и да му правиш магии. Има и други риби во морето, ќе си најдеш друг.
Ние се познаваме лично.Ме покани да излеземе пред некоја недела ама бев нешто зафатена викендот и не излеговме. Почнавме да се слушаме и на тел. ама после неколку дена престана да ми се јавува , само ми пишува на фб и тоа едвај вечер со 3-4 реченици само. Го гледам седи на фејсбук најверојатно пишува и со други па се плашам да не нашол некоја веќе па затоа е ладен спрема мене. Се мислам дали да го викнам се плашам да не бидам одбиена.
Па добро, еднаш те викнал, може сега чека ти. Како и да е, можело уште еднаш да те викне. П.С. Он е веќе одбиен, така да не се плаши да викнеш.
Те викнал, си одбила. Но не си презакажала. И сега си опседната со него, безпотребно. Си имала можност да се видиш, не си сакала. И сега се чудиш зошто не ти враќа. Јас како машко, ова би го сфатил како одбивање. И јас сум сличен таков. Те викам на кафе, одбиваш, но немаш желба за кафе (без да презакажеш за друг термин) и толку е, те баталувам. И сега чекаш 5 дена за да ти врати. Ти си направила тука грешка, но тоа не значи дека засекогаш те одбил. Пиши му пак за средба, директно, без заобиколување. И ќе видиш дали е заинтересиран или не.
Не го одбив, му реков дека сум зафатена периодов за викенд и дека ќе се договориме за излегување. Ме предомислува да го викнам тоа што не ми се јавува веќе а ми пишува секој ден ама по многу малце..да не си нашол друга.