Здраво, пред два месеци ми пиша едно машко, јас имам 24 години тој 26 и му вратив почнавме да се допишуваме, прво на Фејсбук па ми рече да пишуваме на вибер заради тоа што имал девојка, биле веќе 8 години заедно… иначе сме од различни градови, на два саати оддалеченост. Тој ми кажа дека сака да се гледаме… а се гледал и со многу други девојки значи ја имал изневерувано девојка му веќе, се ми призна и ми кажа…кога го прашав зошто така тој ми одговори дека му се здосадило од неа… и ми пишуваше скоро секој ден, дури и некогаш ако не вратев пак ќе ми пишеше, на моменти како да беше многу заинтересиран за мене…требаше да се видиме пред 3 дена ама не дојде, му излегло некоја работа и од тогаш не ми има пишано воопшто, а јас сум веќе многу повредена од машките, имав само една врска на 16 години и од тогаш досега ништо не ми тргна во љубовта, затоа веќе ни јас не знам што да правам, можеби некои работи се така пишани да бидат во животот и ова е прв пат да сакам да се видам со некој а да знам дека има девојка… ве молам за некаков совет и како да се тргнам од него…
Среќа врз туѓа несреќа не се гради... Ти би сакала да имаш дечко кој си ја изневерува долгогодишната девојка со тебе? И мислиш дека и тебе нема да те изневерува со друга? Подалеку од него...
И без срам би се видела????? Кај ви е достоинството бе луѓе, кај? Прво сами кон себе немате почит, што останува за другите. Си требала уште коа ги изустил тие срања да го остаиш на сеен, после на блок.
Јас само едно нешто ќе те прашам и се надевам ќе биди доволно. @Herraa Зошто мислиш дека ако е сега со тебе дека нема и тебе да те изневерува со кузнај-колку девојки и на крај да те остај за некој side piece? Размисли за ова.
Така мислиш , не дека те влече , кога ќе се тргнеш и одма ќе блокираш такви уште од старт , ќе те влече нешто друго повредно .
Блокирај го.Јас знам таков пример.Моја другарка пишуваше со еден така зафатен во долга врска,и неговата девојка му била досадна бла бла.Дојде типот да се видат,и таа цела среќна многу убаво си поминала.Ние собрани,таа колку да му пиши дали стигнал(од друг град беше) ја имаше блокирано од секаде.Прво не можеше да поверува ама тоа е,сама си го бараше.
Бегај, спаси се на време, не се лажи дека со тебе би било поинаку, не си го погазувај достоинството, ако можел да ја изневерува девојка му при 8 години врска, ќе те изневери и тебе. 8 години да си во врска и да пишуваш со други и да си ја изневеруваш девојката, па не знам каква дијагноза треба да му се дај на тој идиот.. Овие се вампири манипулатори кои се хранат од туѓата наивност, фуј кретену
Јас само ќе ти кажам немој на другите да им го правиш тоа што не сакаш утре тебе некој да ти го направи. Стави се само на местото на таа девојка, дали би ти било убаво дечко ти да те вара со кој стигне, а заедно сте толку години? Верувам дека не. Затоа, блокни го и не му се замарај повеќе. Такви луѓе како него заслужуваат да останат сами.
Луѓе кажувајте искрено што мислите , знам дека повеќето ќе кажат прекинувај контакт ама не знам. Прв пат помислив конечно сретнав саглам дечко ,ама не знам после ова од денес ,почнавме некоја тема денес на кафе (инаку пола година се знаеме и ми има оставено ок впечаток) додека почнавме некоја тема за животни и ми рече пред две години дека у.ил куче ,останав малце онака...реков само причина ? Ми рече дека пред две години го нападнал големо куче не знам како рече можел без нога да остане ,затоа... Коментар , дали да прекинам со дечково или претерувам? Стварно ми одговара и се ,ама ...
Веројатно бил во опасност и морал да се спаси некако? Оти обично ако некој е искасан или куче нападни смртно човек го убиваат после то, или можеби грешам.. Или пак е некој социопат, откај знам.
Воопшто не ми личи на таков значи пола година го знам ,многу ме зачуди ова што ми го кажа , навистина не сакам да прекинам контакт со него ,ми рече самоодбрана било можел без нога да остане опасно куче било , сопственикот подоцна не го тужел го сфатил зашто го направил тоа
Е сеа и ти не знајш шо сакаш искрено и на форум сигурно не знаеме повеќе отколку ти да си процениш дали навистина било во самоодбрана или не.
@Tih-ana Според мене, Ако чувствуваш дека something is off, тогаш така и најверојатно е, бидејќи интуицијата ретко лаже. Ако чувствуваш или оставил впечаток дека некако не му е веродостојна приказната, тогаш не се мачи самата себе многу. Бидејќи денес е ова, утре ќе биде нешто друго во прашање
А овие што изиграваат секоја година во ноември свињо кољ, што се поразлични од дечково ? Јас па се согласувам со @Stark и во институција каде што работам има случаеви каде што луѓе имале психички и здравствени последици од кучиња , да не речам трауми и дошло до тоа да се одземе животот на кучето , е сега ако дечково убил куче пошто лаело , не можел да го трпи и слично на тоа , не ќе да е баш ок.