Мислам дека има разлика од убиство во самоодбрана и од чиста мира да земи да убие рандом куче. Првото е разбирливо, сигурно дека нема да седи така и да го остави да му направи голема штета. Второто е пореметеност и за тоа нема простор за компромис. Само види си дали ова ти е чудно или општо дечкото ти дава чудни вајбс. Ако ти се чини дека нешто не е ок тогаш слушај си ја интуицијата дефинитивно, ако сѐ друго е ок не гледам зошто да не продолжиш.
Епа ако е во самоодбрана, што е тука проблем? Секој во опасност гледа да се спаси, а куче да те нападне и тоа каков страв е.
@Tih-ana вака. Прво разграничи дали и ако е самоодбрана - дали ти смета. На некои луѓе им смета, искрено јас сум во конфликт со себе и не знам дали ми смета. Јас сум против какво било убиство ама го сфаќам моментот на самоодбрана. За мене друг момент е поважен, во нареден параграф то ќе зборам. Ама, еве ќе тргнам пак од мене, јас би прашала како тој се осеќа за кучиња општо после таков инцидент (да биди нападнат, и едина опција да е убиство), дали би имал куче, дали смета дека тепање е дел од воспитание за куче, и дали кога јас седам и лежам до моето - дали осеќа загрозеност и потреба да се ослободи од него. Пошто да си нападнат од куче е траума. И можи да смени светоглед кон други кучиња. Мислам дека (за мене) би било некој сигнал да внимавам, како ќе ги протолкува одредени однесувања на кучето. Оти имам слушнато од луѓе "леле ќе го удај мачето" (само зошто гледат дека маче му јади од пајнцата, а се луѓе кои се плашат од куче и се на штрек место да видат каков body language има) и пробват да ме викнат да дам внимание таму. Воедно, моето куче е растено со мачки и си јадат меѓусебно од пајнчиња и не ни пробва да ги набрка, не пак да ги удај. И пример таков паничар, да ме вика на секое зошто мисли дека нешто кучето ќе напрај - мислам дека ќе се караме во најмала рака. Башка и се вреѓам кога по дифолт мислат дека имам лошо куче, а тој е злато. Така да размисли прво дали општо ти смета дека ова го има во минатото. Второ, види шо последици од то можи да има и дали можиш да се носиш со нив. И трето, морам да се согласам со другите за да си ја слушаш интуицијата. Шо и да ти вели, безразлика дали вели да останиш или да заминиш. Та ти е најсилна алатка шо ја имаш. Во најмала рака ако нешто ти вели да бегаш, ама неќиш - пробај да ископаш и да видиш шо точно прај да се осеќаш така. Шо е то на кое интуицијата вели дека не е во ред. Со среќа.
На братучедка ми другарка дојде на чај ама нешто се брзаше па ајде во пластична чаша зема чај за по пат , кога дојде ни рече фала што ми дадовте чај , ме спасивте, кога излегла ја нападнало куче во населба и она со врел чај му го истурила врз лице и кучево избегало , после два дена дознавме дека нападнало постара жена која паднала ја бутнало и имала скршеници , не подржувам малтретирање на животни само кога МОРА за човек да се спаси.
Ако ти иде, тогаш не се откажувај од него. Ете како што кажа @franca пилиња и свињи отепуваат без око да им трепне, а не па куче.
@Tih-ana Ако е навистина во самоодбрана тугаш не е е дека сакал да го убие, најверојатно борејќи се со него го убил. Друго е намерно да го убил, затоа што му сметало.. Може треба убаво да го прашаш што како се случило и ќе видиш дали навистина морал да го убие. Се разликуваат по тоа што тоа го прават за храна. Најчесто тие животни и за тоа се чуваат... Океј е ако ти е за храна, јас не би убил ама јадам месо, така да не можам да им судам.. Лошо е да го убиеш од што така ти е мерак или ти смета.. Исто луѓе што спорт им е лов, да одиш затоа што немаш друго што да јадеш во ред, ама затоа што ти е мерак... А сите на лов одат за мерак не за храна, храна има колку сакаш... И плус не може да биде спорт каде што правилата не се еднакви за сите...
Кучето не се јаде.. *** Зависи околностите какви биле и причината поради која го извршил тоа. Самоодбрана е едно, коа немаш друг избор и само сакаш да спасиш жива глава, а да си психопат е друго. Се надевам дека не е второво. А крипи е самата помисла дека сторил нешто такво, без разлика поради што.
Не знам што да правам , прашав еден другар што го познава ми се насмеа ми рече не бе ок е он. Немај гајле ...не подржувам било какво изживување врз животни , буквално мислев конечно најдов ок дечко и ете
Кинезите јадат и кучиња и мачиња , забегавме од темата , членката нека си го процени , се мене ми падна во очи. Дечково пиштол има? Штом го убил кучето ?
Има голема разлика дали е во самоодбрана или он самоиницијативно испланирал да го убие, тоа веќе е психопатски.
Ете не било намерно можеби навистина е во самодбрана.Јас имам траума два пати доживеано од куче.Еднаш како помала ме касна,а втор пат веќе бев повозрасна ме нападна,се искршив целаЈас сакам животни никогаш не би му наштетила,дури и пајак не убивам го носам на тераса.Ама не сакам да се во моја близина,имам страв
А може и намерно го провоцирал за да го касна и да земе пари од Град Скопје. Убаво би било да ја знаеме точната причина со кучето и симпатијата на @Tih-ana. Ама ете и другарот на тој дечкото рекол дека е ок.
Не, можел без нога да остане , ми кажа што све пиел , да лаже , сигурно нема да знае такви лекови, не знам што да кажам уште помалце што да мислам, многу ми беше ок со дечково
Ех тоа со лековите секој може да го прогугла и простудира, не е тешко. Ако сака да бара изговори и врти причи, ќе се снајде. Него, се слагам со погорните мислења дека можеби треба интуицијата да си ја слушаш, ако нешо ти вика дека не е у ред, големи шанси се да е така. Не избрзувај, само прати ситуација како ќе се понаша, со тебе, со други луѓе, со животни.
Не ја остава девојката поради тоа што знае дека нема да најде некоја што ќе го трпи. Такви паразити не ти требаат. Никад не дозволувај да бидеш втора.
Со мене многу убаво се однесува , затоа ова некако ме подзамисли, не можам маана да му најдам , вчера кога му реков да се видиме , ми рече морам да идам по роднини до друг град да ги земам ќе се видиме друг ден , патуваше 4 часа да ги донесе до тука бидејќи немале автобус многу е фин стварно не знам ова воопшто не ми личеше на него, знам дека има манипулатори и тие што се добри може да испаднат секакви ѓаволи , не знам како човек да биде паметен , сепак фала на сите П.с. тоа во живо ми го кажа , да пишувавме пораки ајде некако ама во живо ,не ми делуваше дека ги гуглал лековите
Тоа ми е проблемот што од една страна сите ми викаат нема идеално не се откажувај одма , а од друга страна не не, одма прекини контакт , не знам веќе ,намалив да зборам со дечково и лошо се чуствувам
Ако ги слушаш сите шо ти зборуваат, ќе згрешиш. Ако пак истовремено не знаеш шо сакаш, не си го губи времето, а ни на дечкото времето.