Сите имаме маани.Ај најубаво запознај го подобро па процени сама дали вреди или не. И мене ми збореле така едни викаат види обиди се,другите тргни се подалеку,ама на крај сама донесувам одлука за се.
@Stark А кога да му бара маани, во брак, после второто дете? @Tih-ana Ах зошто слушаш други? Немало идеално и сега тоа што значи? Да си со некој и покрај тоа што не си сигурна или се чувствуваш лошо? Според мене, не си го комплицирај животот. Очигледно нешто одвнатре ти кажува дека нешто не е во ред. Бидејќи да не беше така, немаше да почувствуваш потреба да го напишеш на форумот и да прашаш
Обично сметам дека луѓето што претходно биле разочарани, дали од страв или не знам што најчесто бараат маани за да не се вложат во нешто, за жал. Во таа смисла. И дај да си бидиме искрени ретки се тие што се 100% компактибилни, така да...
Ова е првото прашање на место. Второто е- од што мака ќе кажуваш дека си убил куче на втор (карикирам ) полу-дејт? Као ја на втор полудејт да објаснувам абе ми беше ногата во гипс еднаш. Или имав жолтица како мала. Мислам кое ниво на муабет е тоа?
Ваљда зборувале за историја на болести и повреди во фамилијата па дошле до овој момент каде тој се правел јунак.
Најлошо од се е што немам никаква интуиција и не знам што да правам дали да зборам или да не зборам , ми пишува ме вика јас не знам дали лево дали десно па што повеќе да го запознавам пола година малце ли е , не знам што да правам, мене ме кочи тоа што убаво се однесува со мене, а другарка ми вика имал комшија што убаво се однесувал ама на крај ја претепал жена му ...на добрите да не се верува, епа на кого да веруваме ? Скроз се ми е измешано веќе
Не не, можно е и метеор да падни кај да е ако е втор ден Меркур ретрограден. Ај те молам заозбили се малце.
Некако многу несигурна. Немаш интуиција или храброст за одлука? Ко да сакаш да го откачиш ама ти треба поттик од нас, за помала грижа на совест ако згрешиш со одлуката. Верувам дека понашироко сте го направиле муабетот одколку што добиваме ние инфо тука. На кој начин то го кажа тоа? Сподели траума? Какви емоции има кон настанот? Тоа е прилично интимна работа за споделување... И така натаму. Ако ми е во опасност животот, не би размислувала ни две секунди да се одбранам. Ако тоа нешто ти помага. Некако забораваме дека и кучињата се животни, особено ако се диви.
Кога ќе размислам не е за занемарување тоа што го кажал али зависи и од контекстот ако сте збореле за кучиња па он се надоврзал али од нигде никаде да ти каже awkward некако.. а и како и зошто го убил е битен детал.
@Tih-ana можеш да пробаш на пример да сретнете некое куче што знаеш дека е мирно, (значи многу битно ова, не некое рандом) да го погалиш и да видиш како ќе реагира он. И вака неколку пати. Дали ќе го погали, ќе ти рече нешо тебе, ќе биде лут или не знам.
Штом се двоумиш толку многу, најдобро е мислам да го откачиш Да не те јаде сомнеж и после 6 месеци дали си со нормален дечко или психо
Да, има ,рече ќе го врати да не плаќа данок , легален му е . Не сакам многу да го испрашувам , да не испаднам дека се сомневам во него нешто , се согласувам со тоа да помине уште некое време па да видам како ќе се однесува , искрено понекогаш се чудам што сум толку баксуз и магнет за будали или јас преувеличувам, ме буни и тоа што убаво се однесува со мене , да е друг ќе се налути ако не се јавам, денеска ми пиша и ми ѕвонеше реков само не ми се збори ми рече ок ,кога сакаш ти тогаш, други ми се лутеле или губеле желба ако не сум се јавила Веќе напишав , го каснало кучето и можел да остане без нога ,ужасни болки трпел итн. Кучето имал сопственик, како што рече, сопственикот му дозволил да го у.ие кучето
Колку тупите , да резимираме накратко Ако некој биде отворен со вас и ви кажува се , баталете го психо е , ако ќути и ништо не кажува , тогаш тој е ок и на место , терајте со таков, пробај некако тестирај го и ќе видиш како ќе се однесува , мада денес нормални луѓе тешко се е отидено , колку фини и добри ги знам, па ене ги истепаа жените и што ? Нема гаранција за ништо тоа е, се е ризик.
Легално е ако имаш пиштол да го носиш со себе надвор? Значи опциите се дека 1) носел пиштол -> бил нападнат -> пукал или 2) не носел пиштол, ама има дома -> бил нападнат -> сопственикот дава амин за убиство -> го убива кучето. Не е ни релевантно шо мислиме ние. Ама ако толку се думаш - јас би го зела то во предвид. И видов негде дека пиша дека 6 месеци било многу време... сем во средно - кога шест месеци се многу време? Поќе време трошам следна боја на коса да одберам.
Од ова што го разбрав не било у самоодбрана туку отпосле го убил, имам слушано дека на кучиња што напаѓаат им вршат еутаназија пошто се потенцијално опасни и можат повторно да искасаат али да го убиеш ради одмазда искрено ред флег е, пошто куче е, не е свесно, пре би го тужела сопственикот.
За анализирање, многу од нас анализираме зборови и постапки уште на почеток. Не мора да значи дека сме во право секогаш, ама зошто да го јадеш стапот подоцна кога повеќе боли? Боље спречити него лечити. Друго, не е баш најпаметно да игнорираш нешто што прави да се осеќаш неубаво, ни во врска, ни на работа, ни било каде. Ова општо. Јас на пример би била океј со ваков случај ако стварно е така како што вика тој и било во самоодбрана. Океј сум од причина што ако сум јас во неговите чевли и ми се најде животот во опасност од животно што е агресивна ѕверка (скраја било), а притоа ми се нашол нож или пиштол во рака, ќе ми проработи survival instinct и нема да размислувам ни три секунди, пошто тие три секунди може живот да ме коштаат. Ќе лажам, ако хипотетички кажам „ама не, кутро животно“, тоа би било глумажа и изигравање Буда, (демек ќе го оставам да ми ја скине ногата, или можеби главата, или од жал демек ќе го оставам да ме чапне за врат и да искрварам до смрт...епа нема). Тој левел на Исус просветление - 'прости му Боже, куче е, не знае што прави' не верувам дека некогаш би го достигнала. Знам дека кога би се нашла во ситуацијата, после сето тоа би го носела на душа, ама па во таков случај е фер да прифатам и разберам некој што се нашол во таква ситуација и немал избор. Ете и сопственикот на кучето се помирил и не го пријавил на крај. Ако било некое мирно куче и убиено из чиста мира, и сопственикот ако видел кој го сторил тоа, прв ќе бил да пријави, и сега ќе го влечкаше дечкото по судови. Е сега проблемот кај тебе е што ти не си океј со тоа да бидеш со некој што носи животно на душа, макар и било во самоодбрана. Те јаде одвнатре, можеби мислиш дека можел поинаку да постапи и сл. Ама од друга страна, пријатно ти е во секој друг аспект и не би сакала тоа да прекине. Различни луѓе, различно ќе те советуваат и сите до некаде се во право. Мој совет, ако те јаде нешто одвнатре и немаш мир и не можеш во себе да најдеш разбирање за постапката, подобро прекини, пошто ако не го надминеш јадежот, секогаш кога ќе имаш убав момент со дечкото, нешто од внатре ќе те потсеќа на мртвото куче. Едит: Чекај, не го убил во моментот кога бил нападнат туку спасил жива глава и после се вратил и го убил? Се изнапишав за морални дилеми. Не станува збор за самоодбрана ако е ова случајот. Бегај од овој, после последниве мислења толку ќе кажам.
Куче во зависност од расата е сосема способно да убие човек или да направи инвалид од некого, самоодбрана е рационална работа кога се бориш за својот живот.