Леле луѓе, па може не носел тогаш пиштол да го убие кучето , не се шетаме со пиштоли надвор , претпоставувам тие кои имаат ? П.с. Јас би била со ваков, што ќе ми некој ко теле што ќе седи утре ден или ќе му биде страв да направи нешто , значи на работа 300 поплаки има од кучиња што се луѓе доживуваат , не знам што толку се најде дека испадна дечково ко човек да убил ,ама тоа е, не сме сите исти ама тоа е кога некои луѓе не знаат што се може да се случи во животот .
Па одпосле да убиеш исто ќе му дојде. Не е дирекно загрозен живот и инстинкт за преживување. Мажот ми ни муви ни пчели не тепа дома ако може да ги исфрли низ прозор. Мене ми е страв дека ќе ме касне пчела, некогаш ги фрлам, некогаш ги тепам. Ако ми е дете во соба-тепам. Ако ме касне во моментот реагирам по инстинкт. Ако не ја разбираш разликата-тоа е.
Моментот е што сопственикот дозволил да биде убиено кучето, значи можело да се еутанизира со инекција без било кој да пука и да се соочи со психолошки последици. Дечкото влегол во Ал Пачино (Годфадер) филм и после Х време од инцидентот го убил. Мене лично ова ми е психопатско. Муабетот дека можел без нога да остане пропаѓа во вода, пошто имал нога да појде дома по пиштолот и да се врати ко Гладијатор во рингот со кучето.
Разликата е дека сите сме различни,тоа е, некој повеќе се плаши некој помалце Можеме само да нагаѓаме што и како било на членката и останува да му ги следи останатите постапки како ќе се однесува
Ова сосема ги мења работите, додека не го кажа ова сметав дека е ок во самоодбрана. Јас сфатив дека кучево го нападнало, му нанело болки големи, и тој после некое време решава дека со пиштол сака да го убие?!?!?! Ако е вака, ова е психопатско за мене, како прво пиштол зашо поседува е прашањето? У кој филм е влезен? Па и кучево ако го убил отпосле... Јас не би била со ваков човек, а штом и твојата интуиција зборува така... сама си го знаеш одговорот.
Ама добро , не убил човек !!! Куче убил се бранел кога и после колку време не викам дека не е важно, ама што се фативте за тоа...џабе е вака од страна да се кажува и стварно многу мешате поими , психопат бил пошто убил куче покрај веќе споменатите причини, дечково го направивте монструм
Зошто го кажал ова? За да се пофали дека убил куче? Ме интересира контекстот во кој било кажано. Но и самото тоа што го убил за одмазда е доволно језиво, така што не ти препорачувам да продолжиш комуникација.
Никад не викај никад , знам доста примери од кучиња што се се случува , не може да сфати некок кој не доживеал , ќе го носам дома ок , позз
Да помине некој ден, и да земе да го убие (упука) кучето после неколку денови? Со пиштол што го поседува, лично негов? Абе не ме заебавај, шо ќе ти е пиштол ако не си нешто у посебна служба кај нас, побогу? Денес куче, утре човек... за мене е red flag ова, и не би била со ваков човек, може и доброто однесување се должи на тоа што е манипулатор, не може да не ти смета ако на девојка ти не и се збори и не сака да искочи со тебе, ама ајде тоа е друга тема, во секој случај грижата на девојчево е оправдана според мене.
Очигледно типот има проблем со расудување и не не е нормално да осеќа агресија према животното, требал да му биде лут на сопственикот што дозволил неговото куче да може да нападне некого. Кучето да било врзано не би бил искасан.
Почетник психопат, што поседува пиштол дома, и убива куче после неколку дена, за одмазда! Па јас не можам да кренам пиштол, не па да убијам свесно, после неколку денови - за одмазда!
Ок ова веќе дава друга насока на се. Има anger issues и желба да се одмазди на суштество кое има стопан, ама изгледа нема мадиња на стопано да му речи нешто, па го уби кучето или сепак и стопано е идиот како и овој па се "договориле" да го усмртат, двајцата. Пу јзк да му е.
Едно ќе беше да било убиено во самиот чин на нападот како самоодбрана, па и да рекол "Жал ми е што го убив, ама немав друг излез во моментот". А не, ем не било во самоодбрана, ем веќе самиот рекол дека не се кае @Tih-ana Многу пати луѓето уште на самиот почеток, на милион мали начини ни кажуваат отворено какви се. Е сега, луѓето неретко на ова реагираат така што се убедуваат дека можеби некои нешта им се причинуваат, па туркаат под тепих, па се тешат, ама кај и да е по патот натаму, црвеното знаменце никогаш не станува зелено, само поинтензивно црвено
Фала на сите , се извинувам што можеби се наполни темава од мене , јас сум секако збунета и не знам како да постапам очигледно така и ќе биде , дали е манипулатор или не , не знам не сум толку паметна да проценам некој кој најнормално се однесува со мене пола година , пак ќе кажам , повеќето машки ме откачувале кога би им рекла не можам да зборам или да пишувам , кај дечково тоа не е случај, има разбирање многу за многу работи , тоа кај друго машко го немам сретнато . Зборевме нешто за дали повеќе сака куче или мачиња и оттаму почна оваа тема , не изгледаше како да жали или му е жал што го убил кучето , само ми кажа дека му било многу лошо и го направил тоа пред една година , тогаш и го вратил пиштолот бидејќи не му требал , не е осудуван тоа сум сигурна 300% , тешко е преку пораки но , воопшто не ми делува лош, освен ова за кучево јас не можам да кажам дека ми се има испонашано дечково нешто лошо за сите овие месеци , најнормално муабет дури и шала смеа се , не знам што понатака многу сум збунета да кажам било што, еве ми пишува слободно кажи што те кочи јас се искрено ќе ти одговорам јас не кријам ништо , само му пишав искрена да бидам несигурно се чуствувам со тебе ми рече нема потреба да такво нешто , тука сме пишуваме по цел ден , збориме кога ти можеш и сакаш , што сакаш да знаеш за мене прашај ќе ти кажам , ќе оставам на времето да покаже ,пак ќе кажам збунета сум.
E не, ќе чекам да извади пиштолот што го има дома, и да убие куче. Вакви работи се спречуваат на време, а не откако ќе биде нешто посериозно.
Не можиме ние да го напрајме монструм ако веќе е. Хехе. Ако за одмазда убие (макар и животно), то е огромно црвено знаме за менталниот и емоционалниот капацитет кој (не) го поседува.