Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    19.083
    Пол:
    Женски
    И убиваат животни успат? За одмазда?
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Maelina

    Maelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2025
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    817
    Пол:
    Женски
    Самата кажа дека ти недостига внимание од некој, овој упеал колку толку да ти го подари и затоа одма се имаш приврзано, без разлика што е зафатен. Не дозволувај да си го погазиш достоинството заради осаменост. И да се видиш со него, што мислиш дека ќе се случи? Тој еден час задоволство ќе ти смени ли нешто во животот? Колку и да ти годи тоа внимание за брзо ќе го снема, во тоа биди сигурна, спаси си се со време и блокирај го.
    Никогаш нема да ми станат јасни луѓе што свесно одат со некој што е зафатен, како ќе спиеш навечер после? Секако дека најголемата кривица е во него, ако не си ти ќе е некоја друга, но зошто да бидеш ти и свесно да уништуваш друга девојка?
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. dejanadejana777

    dejanadejana777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Во никој случај.
    Ова беше само одговор на прашањето во кој свет е нормално да имаш пиштол и зошто.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.254
    Допаѓања:
    205.027
    Чудно некое хоби, тоест пасија. Ако живееме во мирнодобски услови, нема диви животни во околината-јас не би избрала таков за партнер. Ако е Дивна Пешиќ-може да бидеме другарки:D
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.697
    Допаѓања:
    13.524
    Па можам да кажам дека сигурно само тетка ти знае како и е :tmi:

    Ама сега да се претвараме дека ваквите ловџии кои од забава одат да убиваат, се нешто нормални луѓе, нема :~:

    "Нема идеално, па нема идеално, после се жалите сте биле сами" - размислувања кои објаснуваат зошто секој втор трпи во дисфункционален брак и врска :drunk:

    @TrueToMyself Кучето не е убиено во самоодбрана. Не излегол да мафта пиштол низ град, ама излегол да мафта пиштол во двор.

    @Tih-ana Моментот е повеќе зошто ти го кажал ова. Да се пофали колку е јак? (heidy)

    Да ти даде до знаење дека е крвник? Дека се одмаздува? Дека утре случајно ако се скарате, да не смееш да му кажеш нешто? :?:
     
    На Panda00 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  6. TrueToMyself

    TrueToMyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    А, сопственикот на кучето каде ќе го сместиш?
    Во која категорија е м? :)
     
  7. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.659
    Допаѓања:
    19.095
    Пол:
    Машки
    У светот на богатите Биљо, за заштита од арамии :emo:
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    19.083
    Пол:
    Женски
    И ако начекаш арамија, го пукаш одма? Него како. :rofl:
     
    На Panda00 и Bratot им се допаѓа ова.
  9. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.697
    Допаѓања:
    13.524
    @TrueToMyself Да земеш пиштол и да отидеш на сред бел ден да убиеш живо суштество - кое патем не го убил ниту во самоодбрана, ни во афект веднаш, туку валјда денови отпосле, е еднакво на психопатско однесување.

    Што со сопственикот? Не бил одговорен и не внимавал, а второ и тој не е нормален што дозволил некој да дојде вака да му го убие кучето, наместо соодветни служби да се погрижат за тоа.

    Не знам како мислиш дека ако фокусот го свртиме на сопственикот, дечкото со пиштолот ќе изгледа нормално. Бидејќи нема :*:
     
    На Amellie13, theowndemon, Panda00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.659
    Допаѓања:
    19.095
    Пол:
    Машки
    Можеш и по некој ден, не мораш одма :)
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TrueToMyself

    TrueToMyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Епа заклучокот е дека и двајцата се ненормални значи :D
     
  12. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.169
    Допаѓања:
    185.980
    Пол:
    Женски
    Да, ама членката дејта само еден од нив, од таму зависи фокусот на кој е. :lol:
     
    На TrueToMyself, revolut, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    2.524
    Пол:
    Женски
    Точно, и двајцата се, и ја го помислив истото за газдата кога прочитав. Никој тоа не го негира, само што девојкава побара совет за ситуацијата со дечково, не за газдата. Па, затоа фокусот е на дечкото.
     
    На LibreGirl, Mumoftwo30 и TrueToMyself им се допаѓа ова.
  14. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    452
    Пол:
    Женски
    Тоа е и проблемот, што вака на форумов тешко е да се долови на што точно се мисли и како е тоа кажано , еве верувала или не , од страна изгледа многу страшно пушка и пукање по зајци ама во пракса , тетка ми воопшто не се замараше ниту имаше некој проблем со тоа , освен што јадеа месо од зајак , неа некој да и рекол маж ти после 15г брак ќе земе пушка да пука зајци , требаше да се разведе ? Со години се во брак, апсолутно никаков проблем немаше пошто маж и имаше легална пушка . Само се зависи од човекот кој е што е и како е , се тоа само членката може да го примети ние овде на форумов ништо баш
     
  15. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.907
    Пол:
    Машки
    Тетинти оружјето го добил по законски пат за да оди на лов и зајците ги лови за да јадат, воопшто не е ист пример со дечкото.
    Не го прави тоа од одмазда и не украл туѓо оружје за да го направи истото.
     
  16. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.697
    Допаѓања:
    13.524
    @Anonimnna5 Ако нешто е легално или нормализирано во голема мера, пак не значи и дека е нормално.

    Не изгледало страшно, what? :drunk: Да убиваш за забава, хоби.

    Ако на тетка ти не и сметало, океј, еден за друг.

    Ама членката овде за која дискутираме очигледно веќе не се чувствува удобно покрај дечкото, па нема потреба самата себе да се убедува и да се преправа дека и е океј :*:
     
    На Biljarkata, Tih-ana и Panda00 им се допаѓа ова.
  17. Анoнимус_

    Анoнимус_ Нов член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2025
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    32
    Не мислам дека поседување на оружје нужно значи дека личноста е проблематична, зависи многу од причината зашто го поседува.
    Дечкото држел револт кон кучево ради повредата, ја би држел револт кон сопственикот да сум на негово мессто пошто ради него ме искасало.
    Требал добро да го искешира сопственикот за нанесената траума а не на кучето да се одмаздува. (facepalm)
     
    На Tih-ana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Не, воопшто , затоа и се изненадив кога ми го кажа тоа , воопшто не делува на таков дечково и еве ми пишува од вчера и денес , дека можам слободно да му кажам што ме мачи се ќе ми каже отворено. Другар негов ми се изнасмеа за ова ми рече ниту една девојка не замарал и мене ми пиша ако не сакаш веќе да збориме ок е, дали е манипулатор или што е не знам
     
  19. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    4.054
    Допаѓања:
    15.462
    Пол:
    Машки
    Човек да не знае дали да плачи или да се смее на дискусијава. :x

    Не ми се верува дека се дискутира дали било ок постапка некој да земе и да убие животно, во знак на одмазда. Значи тоа е одмазда, а не самоодбрана!

    А за тоа дали треба или не треба да се поседува оружје, е скроз друга дискусија. Не значи дека некој ако легално го поседува, во секој момент ќе посегне по него за да реши проблем.
     
    На Amellie13, FriendOfDorothy, Компир Манџа и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    452
    Пол:
    Женски
    Затоа треба да постојат пробни бракови да живееш со некој минимум 1-2 години и буквално да го истестираш и кога е нервозен и кога е лут и кога е се спротивно од тоа да видиш тогаш кој како ќе се понаша дали агресивно или нормално:wasntme: јас лично и мое мислење да сум на местото на членкава би продолжила да излегувам со него намерно би го подбуцнувала да видам како ќе реагира во одредени ситуации коишто не му одговараат, а повиши тон или ми се испонаша некако чудно бегај девојче ич не се замарај со овој
     
    На Panda00, Компир Манџа, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.