Еве моментално му кажав што е причината поради тоа што вака сум почнала да се оддалечувам на некој начин ми вратил дали си ти сериозна дека воопшто си помислила дека јас сум агресивен или дека нешто утреден би ти се случило доколку си во мое присуство пулу ова беше пред неколку години случкава што јас воопшто ја имам и заборавено ти ја кажав бидејќи сметав дека можам да бидам отворен со тебе да разговарам отворено за се , плус ми пишал а ти секако можеш да мислиш како сакаш и што сакаш доколку, мислиш дека јас сум некој агресивен или нешто лошо тогаш можеме да престанеме да збориме
@Tih-ana Ахам, ич не е агресивен Па нормално дека имаш целосно право да се чувствуваш како што се чувствуваш и дека реакцијата ти е нормална. Па и тоа, "ако ти мислиш дека сум агресивен и лош", по кое знае дека ти нема да му кажеш дека е - e вид на манипулација, значи плиз На крајот од денот, постапи како што мислиш дека е најдобро исклучиво за тебе. Според мене, некој кој уште на почетокот ти создава и најмал немир во себе, дури ниту по направениот разговор не се чувствуваш посигурно - he ain't the one
@Tih-ana па уште и се прави силен, "ќе престанеме ако сакаш, нема да те замарам"... не знам што ... одговори на манипулатор. Од лично искуство зборувам, ниту еден насилник нема да признае дека е насилник! НИКОГАШ! И многу добро се кријат, на почеток, додека не им влезеш во зачаран круг. Според мене е подобро да спречиш на време, ама секако на тебе сама останува одкуката.
Многу добро кажано, ова е проверено точно. Ако уште во старт осеќаш несигурност, што останува за понатака... Секогаш кога сум имала некое чудно чувство за некоја особа на почеток и кога сум го игнорирала тоа чувство, на крај станувало реалност.
Забележав овде на форумов сите односно 90% од членките најглавен совет ви е - тргни се, остави го, бегај подалеку. Вистината е малце подруга во вистинскиот живот од форумскиот, не знам само каде вие ги наоѓате толку совршени мажи, сопрузи итн., а ниту еден толку совршен не познавам ниту маж, ниту сопруг во моето опкружување барем, единствено совршен во вашата глава. Мислам дека ако некој е за некого најдобар на свет, за друг нема да чини.
Секако. Може да биде црн, плав, зелен, слаб, дебел, низок, висок...може е Стојанче да се вика...може и да биде пожарникар, или месар, или лекар... ама ај ако не, да нормализираме насилство, неверство и зависности, оти совршенство не постои... и оти е срамота без маж да бидеш.
Најчесто на темата пишуваат кога веќе гледаат дека проблемот го достигнал максимумот и знаат дека треба да се тргнат од тој човек, и бараат потврда затоа што не се сигурни во своите одлуки... На членката на почетокот кога се мислеше дека додека се борел го убил кучето 90% беа поинакви коментарите, ама се разјасни дека поинаку било па затоа и се се сврте.. Точно дека нема никој совршен ама има граници до каде таа несовршеност може да оди... Имаше членки за име што им смета никој не рече раскини... Ама некој да е насилник веќе е голем проблем..
Секако дека никој не спомна дека треба да се нормализира насилство, неверство ни зависности. Ама сметам дека секој човек нема шанси да нема барем по една маана, дали е поголема или по мала..
Знам, се ми е јасно. Затоа како очите пазете и гледајте со кој сте, со време!! Не простувајте ништо од сите три и ценете се како жени, секогаш!
Еве посочи такви примери кај што за одреден проблем што според тебе е мал, 90% од советите биле да раскине, јас не сум сретнал.
Па кој тоа го кажал? Никој никогаш, прво ние сами што пишуваме имаме по една маана минимум, и грешка во напишаното, не па друго. Ама вакви ствари никогаш не треба да се нормализираат и одобруваат, апсолутно никогаш, па макар биле сами за цел живот.