Тоа се тие генерации, пораснати со ,,долина на волците, Ама не, обично муабетот почнува со -све е супер, многу ме сака, ама ми забранува ова, не ми дава она, ме удри еднаш, ама изнервиран беше... е добро де, една мана е, не е крај на свет. Стварно не разбирам ко ќе влетате во некоја дискусија со поенти вон контекст. Ваљда разводнување се викаше тоа
Дада, баш така. Ме удри ама изнервиран беше, ова ми е ново, кога го слушам ми се повраќа. Да не зборам за пороци, како дрога и коцка... 90% навлечени...
Не е "до долина на волците" до карактерот е, омилен филм ми беше и сум се играл со пушки и пиштоли па не сум насилник... И после ќе дадат сите совети како не е во ред да те удри ниту еднаш, или било што дека е стварно причина за да си заминеш почнуваат да се караат зошто не им кажал некој остани, како не сме го знаеле ние него поинаку каков бил. И ќе биде една недела оп со нов проблем со истиот партнер изреволтирани и пак ние криви што викаме раскини спаси се.. И така до бескрај.
@Mr.Limonko Тоа се задолжителни предавања за жени и девојки, не е за тебе чедо Божјо Нешто како што маж треба да седне гледа Кум и Fight Club, е така
Дечково ме од следи од Инстаграм и од ФБ ме избришал Изгледа и психопати почнаа да ме бришат , наместо јас нив
Кај е членката што рече дека ќе ти впери пиштол ако случајно му спомнеш дека не сакаш да продолжиш со него
Хоас пичке лудило. Едвај ред фатив и дали го фатив е прашањето. Нема да навлегувам во тоа дали треба или не треба да си со него но имам две работи онака што ми се уау. Прво како може да ти е страв да го распрашуваш за да не биде сомнително или како и да имаше пишано. Абе има да го испрашам како приведен во станица од а до ш и нема ништо спорно и страшно да му кажам да се сомневам во тоа и тоа поради тоа и тоа сакам да знам за тоа и тоа. Па нели треба отворено да се комуницира за се или ќе се преќутуваат работи и ќе се ставаат под тепих па ќе искочи после се и пу пу не важи. Не е воопшто малку 7 месеци ако се гледате да се разговара отворено и сериозно не пиете второ кафе. Второ, кај го вратил пиштолот многу ме интересира. Ако пиштолот му е легален како што имаше пишано значи му е купен, и има дозвола не го изнајмил(такво нешто и нема) па да го врати. Не прочитав дека е службено лице па дури и службени лица не знам кога можат да вратат оружје они се задолжени со оружјето.
Не знам ниту јас , има завршено безбедност и криминалистика,ако тоа нешто има врска ама и мене ми е чудно што викаш каде го вратил, ич не сакав да го испрашувам бидејќи и ова ми беше повеќе од доволно , уште други работи кој знае што ќе дознаев, а другар му ме убедува дека е на место и дека е ок дечко и со мене стварно не можам да кажам лош збор добро се однесуваше ,на секое враќање дома ме прашуваше дали сум стигнала , многу убаво се однесуваше како нити едно машко до сега до мене , затоа ми е највеќе криво, како и да е ете ме избриша тој самиот
Има многу за кажување за твојава состојба,ама ај на кратко Како прво остај старите што ќе кажат и што кажуваат,ти живееш живот што е твој и само твој и никој нема право да ти труби како да го живееш. Со тоа ти ја тепаат самодовербата и тоа те носи кон депресија а тоа е многу лоша состојба. Еве еден мој совет,пошто местото кај што си ти станува токсично,најдобро би било да си побараш работа на друго место,друг град на пример. Таму ќе се одвоиш од дома и нема да слушаш што другите мислат за твојот живот и како да го живееш,ќе си најдеш нова работа значи нова средина,нови колеги и секако ново друштво. Ќе шеташ и истражуваш и нема да мислиш на тоа што некој друг те тера да мислиш. Ќе си најдеш некој сигурно. И на 25 години немој вакви моабети,поработи на самодовербата и размисли на нов почеток,ново поглавје. Поздрав